Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Сите тие што се против непотизам, криминал, корупција и т.н. утре да им понудиш директорско место уште утре ќе се нафатат. И ќе бидат бетер од сите искусни политичари што поминале многу додека стигнат до таму. Тоа го докажаа сега СДС за три год. од ниви у Струмица кога ги акнаа по бироа.Е ако се бетер де, нека се сменат луѓето малку.
Промените се нормална и здрава работа, ако може секаде да се менуваат работниците и компаниите оти кај нас да не може да се менуваат политичките партии и политичарите.
Јас ти кажувам отворено дека човек што пример работи во Скопје, нема никаков личен интерес од аспект на вработување, тендери и слични финансиски придобивки од одредена партија, а сеуште гласа во родното место, нема математика како да се врати дома само за еден ден гласање и пак назад (прво линиите за автобуси се редуцирани а свои возила немаат сите, второ тие што имаат рачунај за гориво и патарини во подалечните места напред назад ќе треба да изгориш 2000ки, трето по жешкото да се заебаваш да одиш и да чекаш во ред за гласање на сред вирус за никаков посебен финансиски интерес, четврто што и да одбереш пак ќе се пикаат џаболебари во администрација, ДУИ пак решава кој ќе прави влада, криминал, непотизам, корупција, нефункционални институции остануваат и никој не ветуваше дека ќе ги промени, враќање на име, поништување на договор со Бугарија пак ДПМНЕ не ветуваше, што мислиш колку треба да си ретардиран од 1-10 да се закренеш 300км за гласање ако немаш никаков личен интерес ниту пак ветување за средување на националните интереси?
Да ти објаснам нешто.....сите овие негативни работи се решаваат со системски промени и истите НИКОГАШ не зависеле од тоа какви биле вмровците или сдсовците или што знам кои други во тој план како луѓе. Тоа до сега го пробал само Грујо до негде со контроли и санкции, без разлика кој која партија е. Лично го имам осетено на своја кожа, ама наместо да се продолжи така ни се деси распад на системов. Не дека и тогаш не беше селективно применувано, ама во некој % да.
ДУИ решава затоа што тебе ти е проблем 300 Км, на друг корона, на трет апатија, на четврт дупка у мозок и т.н.