По мене оваа одлука на Ердоган е чисто политичка, му е гајле нему за религијата негова колку што му е гајле пак да го изгласаат, а вака богами ќе мотивира доста гласачи.
Ова "проект" му стоеше во фиока како решение за кога ќе почне да слабее и ќе неможе повеќе да мотивира гласачи по било каква основа, да го употреби за да купи додатно време и да остане на власт.
Кога се појави на политичката сцена како премиер, важеше за модерен и способен лидер кој што исправи доста кривини во турција успеа како така да ја подигне на нозе и да ја стави како така на светската мапа. Арно ама како и многу други политичари, политички партии и држави кои што им поминал афектот и стануваат свесни за ситуацијата, почнуваат да влечат очајнички, жални и опасни одлуки.
Убеден сум дека некој иден лидер на турција ќе го ревидира ова, после оваа одлука од која профит има само Ердоган, Турција како држава стекна доста непријатели кај луѓето од останатиот дел од светот (кај не муслиманско население) и покажа лице и имиџ кој што ќе им штети во иднина и кое не им беше потребно.
За болдираното. Тешко во иднина некој политичар на Турција да направи промена на статусот на Аја Софија.
Таму во 1920-тите години во непосреден период пред Аја Софија да ја преименуваат во музеј, е во тие години во Истанбул Грците, Евреите, Ерменците и уште некои ситни христијански етнички групи беа мнозинството од населението во Истанбул, во тие 1920-ти години Турците беа под 50% во Истанбул. И во такви односи на силите во тогашно време за Турците и не беше толкав шок што Аја Софија од џамија ја преименуваа во музеј.
Грците успеаа да се ослободат од Османлиите, но и многу територии од Мала Азија изгубија, и тоа се територии на кои илјадници години имало Хеленска култура и присуство. Цивилизациска катастрофа.
Но денес кога цел Истанбул со преку 15 милиони население врие од Турци, и тоа таму пола-пола се радикални и умерени муслимани, и пола-пола е подршката за исламистот Ердоган, тешко таа работа во иднина некој да ја пак врати Аја Софија во музеј.
Погледни само северен Кипар, после интервенцијата од 1974 на Турција од северот на Кипар не само што се протерани преку 250.000 Кипарски Грци и што се доселени 200.000 Турци од Анадолија, туку на северот на Кипар има многу цркви кои се оштетени и скоро уништени се фреските, ќе пропаднат тие цркви со тек на времето.
Тоа е, ние можеме само да се занесуваме дека Турција е секуларна и модерна муслиманска држава, каде нивна војска стапнува да гази со чизма и каде имаат можност тие го затираат секој траг на христијанството, нешто што го спроведоа на северот на Кипар, плус имаш еден остров на Егејско море до пред 30 години се викаше островот Имброс, Турците и тоа сменија и името е сега Гокчеана. Имаше договор со кој тој остров Имброс беше исклучен од оној трансфер на население помеѓу Турција и Грција со договорот од Лозана, но ете со насилни методи во втора половина на 20 век Турската држава успеа тој остров Имброс од мнозински со Грчко население, сега таму нема ни 5 % Грци, со тек на време ќе нема ич Грци.
И сето ова се случи еј во втора половина на 20 век, кога имаш организации како ООН, Унеско, ЕУ.....
До 50-тите години на 20 век во Истанбул имаше 60.000 Грци православни, потоа Турците демек ставија лажна вест дека во Солун била запалена куќата на Ататурк, и под изговор дека се гневни Турците тогаш во Истанбул запалија се што беше Грчко од дуќани, продавници до куќи и станови. Повторно имаше убиени Грци но и повеќето си заминаа од Истанбул.
Денес во Истанбул има 2.000 Грци и тоа се муслимани, не смеат да пропагираат православна вера.
Иако на многумина Истанбул ви изгледа од тие Турски серии и филмови како модерен град со огромни градби и модерна инфраструктура, сепак тоа е една касаба со 3.000 џамии.
Ова моментално сојузништво меѓу Турција и Русија, сум пишувал и на други места на форумов, кога тогаш ќе дојде крајот на ова сојузништво и неизбежни се големи конфликти и војни меѓу тие две земји кога тогаш.
Кој ќе победи не знам. Има пророштва дека еден ден Рускиот народ ќе го заземе Истанбул и повторно тој град ќе биде она што некогаш беше Константинопол.
Сепак и Турција многу се развива на технолошки план. Во Бурса ќе изградат и за 3-4 години ќе произведуваат Турски автомобил, тоа ако го остварат не е мала работа.
Реалноста е дека Турција е многу напредната во некои сегменти, така да војна со нив не е едноставна работа и за големите светски сили.