Поентата е тука некаде.. смртниците вработување, функционерите личен капитал... Не знам зошто толку го изнапаѓавте
@RickyLFC9 , јас го разбирам во еден друг контекст. Ниту една програма не излезе со некаква економска осмисленост за земјава, со план за реорганизација на судството, унапредување на образованието...
Ниту една важна општествена гранка не е сериозна опфатена. Платежна картичка за пензионери или намалување на казни за сообраќајни прекршоци?
Поента е дека сите се окупиравме со придавките, влијанието на албанците и слични теми а попатно заборавивме нешто друго...
Ние како земја треба прво да функционираме, да станеме економски и функционално помоќни и дури тогаш ќе имаме покритие да се избориме и со комшиите и со внатрешен мир.
Сабајле прочитав многу убава реченица: со секоја нова дебата без оглед кој и да е, губат 10.000 гласачи кои нема да излезат да гласаат.