- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
Тоа со фиром беше очито ремет само да се напали некој пошто ми е интересно коа рипаат, да се докаже овчичка поентата. Да те боли душата и да те пецка нешто одвнатре за име повеќе отколку за напатеност и ограничен просперитет на пријатели, роднини, сограѓани, треба стварно да си испран..
Рики, те тепаат аргументирано, не со емоции. Ти им враќаш со емоции, ги викаш овчички...
Ти пишуваш дека ние сме заглавени во некои идеологии стари со векови, додека светот вртоглаво итал напред и се случувале ПРЕКРАСНИ РАБОТИ. Тие прекрасни работи сигурно се од идеолошка гледна точка, затоа шо таа е споредбата. Те прашуваат кои прекрасни работи и ти даваат пример за непрекрасни работи. Ја ќе ти дадам неколку.
- Во Америка најпопуларна идеологија е онаа што гласно се залага за расна сегрегација, заговара некоја нова форма на индулгенции кај шо белецот мора вечно да му плаќа на црнецот за гревовите на неговите прадедовци, дури и ако тие прадедовци се доселиле таму од струмичко Муртино.
- Во Кина имаш крах на „една држава - два система“ и јак ќотек во Хонг Конг.
- Во Јужна Америка имаш победа на ултрадесничарски кловн шо од Бразил направи втора држава во светот...по број на заразени од коронавирус.
- Во Шведска и Англија имаш тивок шеријат, религиозни судови, киднапирани органи на прогон и медиуми кои затајуваат силувања, бракови со деца и други насилства врз „домородното“ население.
На примерите враќаш со „како и да е“ и со спин за тоа како поубаво се живеело на Запад. Ама не те прашаа тоа.
Пишуваш дека Северџанистан било замена за ФИРОМ. Тоа не е точно. Не мора да биде некој „напален“ или „овчичка“ за да се мотивира да пише дека не е точно. Не си ништо попаметен ако си напишал глупост и си знаел дека е глупост, кога некој ќе ти врати дека си напишал глупост. Тоа само значи дека и двајцата сте биле свесни за таа ноторна глупост.
Пишуваш дека нас „не болело и не пецкало за името“. Не сме ние тие шо ги боли и ги пецка за името. Гркот е. Гркот го проблематизираше, гркот го направи меѓународен проблем. Гркот го внесе тој меѓународен проблем во ООН. Гркот не присили на референца и истовремено се обврза дека нема да ги попречува интеграциите на државата во заедници и сојузи под таа референца. Гркот, потоа, стави вето на пристапни преговори и членство, со што ги вовлече и ЕУ и НАТО. Истите тие ЕУ и НАТО решија да ја игнорираат таа обврска/забрана на Грција у однос на нашите интеграции, решија да ја игнорираат и пресудата од Хаг и со тоа покажаа дека и нив ги пецкало и ги болело за проблемот шо Грција го имаше со нашето име.
И сеа, ако кажеш дека е тоа неправда без преседан и лицемерие од Лига на Народите пропорции, ти иде некој Рики и ти вика дека си бил испран и затуцан, омирисан и сендвич оти толку си се замарал со името. Името го кочело просперитетот и лимитирало опциите. Утре друг Рики ќе ти вика дека секој јазик е богатство, па макар и бил гега јазик шо го зборуваат некои три милиони, а задолжителен од основно. Дека не треба да бидеш затуцан у тоа вавилонската кула и треба да ги шириш хоризонтите. Трет Рики ќе ти вика дека не ти треба историја, оти тоа е некоја форма на ancestor worship и е крајно затуцано срање шо ги кочи граѓаните на Република(?) Плејсхолдер во соработката и соживотот со соседите грци, бугари, срби, албанци. Четврт Рики ќе ти вика дека не треба многу да се секираш за тоа шо ја силувале и убиле сестра ти. Сега нема кој да те кочи и цела куќа и имот се твои.
Последно уредено: