- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.661
- Поени од реакции
- 37.636
... лично не сум за пиење било какви суплименти, без доказ дека се неопходни поради нивниот дефицит (недостаток) во нашиот организам, па истото важи и за L-carnitine кој природно го има во нашиот организам и нема потреба ако не си докажал недостаток да го внесеш по вештачки пат дополнително, оти тие што поради Х причини го немаат во телото Л карнитин со негово дополнително земање ќе имаат бенефит на многу функции во телото (да не набројувам), ама тоа не важи за тие што го синтетизират нормално во организмот, па тие што дополнително ќе го земаат ќе направат состојба на суфицит(вишок) и треба да си биде спремен на многу несакани ефекти!Значи вака,не пијам,не пушам и не примам никакви полесни дроги скоро пола година. Од фебруар до денес сум ослабен 27 кила,и вежбам секој ден многу напорно.Не јадам благо,мрсно.
Пијам Л-карантин.
Сеа дур џогирав по скали у зграда,отприлика пред еден саат,ме стегна од десна страна под ребрата,абе неможев 15 мин да се исправам,и неможев воздух да земам.Ко џанак на сакли лежев))))
Дојов дома,лапнав 2 ношпа и ме попушти ,али уште ме боцка по малку.
Шо може да биде,и дали треба да одам на лекар?
...конкретно кај тебе, можно од предозирање на Л карнитинот во твојот организам да предизвика стомачни грчеви, гадење па дури до повраќање и дијареја, но повеќе би дала акцент на твојата јетра, а можеби и жолчно ќесе (доколку го имаш, не е чудо да веќе ти се оформи некое камче), затоа што кога некој суплимент е поврзан со метаболизмот на холестерол, триглицериди со нивно фаворизирање и согорување може да си довел до дисбаланс на жолчните киселини и работата на јетрата, да од нормален метаболизам ти по вештачки пат го „убрзуваш“ па не е чудо да ти биде одговор токму ова болка на десна страна под ребро каде ти е и жолчката лоцирана,
...овие денови избегнувај , јајце, мајонез, прженици, луто и многу газирани пијалоци, алкохол, брокула, магданос и све што има темна зелена боја!
Последно уредено: