Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.996
Е, на тоа мислам - болдот. А пази, тоа беше во време кога најмногу до израз доаѓаа непостапувањата и на ЈО и лудачките одлуки на Уставен и сите други судови. Е сега, дали наивност да го наречам тоа, не знам? Партиските инсталации во сите правни институции никогаш не се ни криеле и колку човек да верува во докажливост на тезата што ја застапува, кога ќе се судри со нив, се' му паѓа во вода. Јас што абер немам од право го знам тоа, а не професор на факултет....Според мене разликата е во тоа што Апасиев и Левица го направија заради неискуство, заради тоа што слепо веруваа дека правото и правосудството ќе си ја завршат својата работа. А вмро едноставно перфектно си ја одигра својата улога и на некој начин кумуваше на промената на името.
Впрочем и тоа ми е единствената работа која ми "смета" кај Левица, не знам колку знаат да ја играат играта наречена политика, се плашам да не бидат изедени од мршојадците кои веќе 30 години ка владеат државата.
Баш како што викаш, не знаат дека се работи за игра, а не за некакви пишани правила кои ги копаат по историја...и во Франција во време на револуцијата и во Рим, секогаш се играло како амди бајрам, ретко кога некој е џентлмен - а за вакво „општество“, тоа е главно правило. Ова е веројатно врвот на безвластие во историјата на човештвото - на секого, се' му е дозволено.....и некој што си ги мазни белите ракавици на рацете делува наивно и смешно.
Автоматски споено мислење:
Не можам за други да зборам, ама јас мислам дека улогата на дпне беше режирана и дури мислам дека се' горди со себе што му ја предадоа гнасната улога да ги реализира сите договори што тие требаа да ги спроведат - ова е „патриотизам“ пар екселанс - мизерија. Еве, баш да дојде дпне на власт, да видам што ќе поништи и како ќе ја нарекува државава - иста песна ќе пеат, пошо у иста тиква прдат, за истите луѓе збориме.Не, апсолутно не беше правилна одлука они да дојдат на власт. Па за 200 евра ли се продавате? Вредеше ли?
Искрено да, ме мрзи да барам сега. Можеби и не си бил меѓу тие што го фалеле. Но! Се сеќавам дека беше еден од неколкуте што еднаш ме нападнавте кога напишав дека ДПНЕ мора да останат на власт, дека со СДС ќе биде многу полошо. За името пак да не почнувам. Иако отворено си кажа во 2008 во Валандово дека кичмата треба да се свитка, а и Рада на изборите потоа кога велеше за 6 месеци во Нато влегуваме.
Знам дека фатив ептен офтопик, ама за Левица немам повеќе што да кажам, освен дека ги поддржувам и би сакал да добијат некое место.
Јас очекував на почетокот, а после сфатив дека нема шанси тоа да се случи, помали партии од калибарот на Левица да влезат во собрание со 3-5 пратеници, евентуално да има некакви насилства, кои би предизвикале да се спроведе некаква правда и да се намали политичкото влијание на бандитите, пред се' мијалков, кој по следот на настаните, денес има ист статус како кога владееше дпне.
Да ја имаше таа страст меѓу редовите на симпатизерите на дпне, со немири, со протести, со тепање и ден денешен ќе се бореа против промена на името. Наспроти тоа, огромен дел ја прифатија стратегијата на Апасиев, дека ќе седне он у word, ќе се изнапишува тужби и некој „совесен“ судија ќе донесе пресуда у која договорот од Преспа ќе биде ништовен - ќе си го видам тилот тогаш.
Така да, јас не се сомневам во неговите патриотски чувства, дури и напротив, го гледам како прав патриот, ама методите на постапување - е, тоа е дискутабилно, ама и поправливо...
Баш се надевам дека ќе влезе во собрание и ќе го потврди интегритетот, односно ќе постапува доследно, а за другото ќе видиме.
Последно уредено: