- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Епа тоа што Левица чисто декларативно ги има ставено овие работи, договорот од Преспа и ред останати со кои што во реалноста повеќе би требало ВМРО да се занимава, ама тие молчат ко пи*ки и во главно се занимаваат со тривијалности и правење на глупи спотови. Се фатиле со докажување дека Заев е тежок криминалец, и што со тоа? Па таа работа и врапците на жиците од бандерите ја знаат. Си го мерат кој е поголем криминалец, кој ја пое*ал државата повеќе. Реков и порано, на ВМРО му е оставен огромен простор да биде она што е или барем она што глуми дека е, десничарска национална партија. Во случајов Левица повеќе личи на тоа отколку ВМРО, што е пак тотална иронија. Еве јас пример, повеќе се идентификувам со десничарството, но големи се шансите да гласам за Левица на избориве. Не оти сум надвор од умот и верувам во ревизионизам, дека Левица би го вратила името и останати глупости кои што оваа влада ги направи, едноставно затоа што ВМРО не си ја одигра улогата што требаше да ја одигра последниве 3-4 години, да раскине целосно до рецидивите на Грујо и ако не, барем декларативно да биде она за што се претставува, да заземе став за важните национални прашања, а не да ќутат ко пи*ки и да спинуваат со работи за СДС за кои што на сите ни се јасни, дека се очај и блам, криминогено дувло на предавници.Каква врска имаат десничарски фракции?
Па мислам...видете со што настапува ВМРО на овие избори, кандидатите по изборни единици му се сите испукани куршуми, ќорци. Нема млад дух, нови лица. Останаа двајца без тројца, дури и оние крила што предходно ги поддржуваа се оградија од нив. Наместо да итаат кон сигурна победа, се сведоа на калкулации, очај!
Инаку за муабетот со меѓународните политики на Левица, се согласувам. Нека се фокусираат на внатрешни работи, работнички права, образование, здравство, социјала...никој не бара од нив да се водат строго по идеологија, нека користат малку и логика.