Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.536
Поени од реакции
2.709
Починал 34 годишниот од Штип за кој се бараше плазма и иако ја нашле џабе било....Читам и таткото на Хабиб (УФЦ шампионот ) умрел....Или они да платат за нега или кој и пак џабе....

Викаат дека малку мутирал вирусот иако не е докажано али овој пат бил повирулентен...Прочитав само вчера во ГОБ 8 септември се примени чак 18 пациенти со тешки пневмонии за жал.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.311
Поени од реакции
18.369
Едино што сигурно го знеме до сега е дека никој појма нема и за сега се вртат во зачаран круг...
Што искрено малце ми е чудно пошто до сега имаат убав примерок на заразени/оздравени/починати и можат веќе да излезат со некоја поиздржана статистика ако ништо друго...
Тоа е зашто медиумите споделуваат секакви вести што ќе те натераат да кликнеш на нив. Научниците не се некакво униформно тело, покрај тие што имаат реално знаење и искуство, тука спаѓаат огромен број луѓе кој ги пишуваат трудовиве за да си ги поткрепат своите докторски и магистерски студии а немаат никаква практична примена. Еден куп студии на 10 примероци сретнав, живи глупости.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.039
Yeah sure ифтари :D
Добро бе до кога ќе не правите будали вие што се во странство си мислите овде уште фрижидери немаме?

 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.478
Поени од реакции
9.203
Yeah sure ифтари :D
Добро бе до кога ќе не правите будали вие што се во странство си мислите овде уште фрижидери немаме?

додека сами се правите будали, ете дотогаш.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726

Сега најбитно е да се избегне исламофобија, нема врска тоа што ради ифтари горат неколку земји меѓу кои и нашата...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.887
Починал 34 годишниот од Штип за кој се бараше плазма и иако ја нашле џабе било...
Имал здравствени проблеми од само раѓање и не знам зошто овие лица не се ослободени од работа.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.536
Поени од реакции
2.709
165 нови случаи со коронавирус во Македонија, 71 во Скопје



Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583

Направените 1454 теста се преку: ИЈЗ –768, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –98, Биотек –90, МАНУ -180, Жан Митрев (Филип Втори) -143, Судска медицина-11, Систина со PCR метода -108, ЦЈЗ Битола-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 424
• Аеродром - 154
• Бутел - 163
• Гази Баба - 193
• Центар – 143
• Карпош – 167
• Сарај – 148
• Кисела Вода – 121
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 113
• Шуто Оризари – 90
• Арачиново – 54
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 19
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 11
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Знам дека го знаете поентата ми е дека ова и навистина вака ќе биде


abre dete jas mislev ti za BRAVAR ke ucis,a ono ti pak doktor...nekako ,,,da ne se sotre semkata vo esnafot,tradicija sto trae peto koleno
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.311
Поени од реакции
18.369
Муабетот ми е....Не е веќе "умираат само стари и хронично болни".
Најчесто умираат стари и хронично болни. Ништо се нема сменето. Случаи на 30годишни умрени имаше и кога вирусот беше само во кина проширен.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Дај нека завршат ебениве избори и нека се почне со вистински мерки без калкулации, срамота е ова што се случува со ковидов у државава. Од ден на ден бетер е.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Дај нека завршат ебениве избори и нека се почне со вистински мерки без калкулации, срамота е ова што се случува со ковидов у државава. Од ден на ден бетер е.
Додека да завршат изборите вирусот добро ќе се рашири. Никакви мерки потоа не ќе помогнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom