Пари почнаа да се должат во сите клубови, РК, ЖРК, ФК уште од таму почетокот на 2016. Уште тогаш имаше маубети дека работите шкрипат. Буџетот на ФК беше некаде над 5 милиони годишно. Тоа го има во извештаиите на акционерското друштво. Тие пари од Лига Европа се ситни за било кој сериозен клуб (3,6 мил). И Самсоненко рече дека Лига Европа не може да покрие една година буџет на Вардар, дека да влегоа во ЛШ, тогаш ќе имаше озбилни пари. Вака, слабо. Тоа што дал пари на РК, тоа е негова работа, тие клубови се негова сопственост, плус, он рече дека тие пари се вратени. Сега да се прави дека РК и ЖРК го банкротирале ФК, се безвезе филмови. Самсоненко ги донесе до оваа точка сите клубови. А тоа дека можеш да направиш профитаблен клуб во Македонија, тоа се Sci-Fi филмови кои ги слушаме 30 години. Ти да имаш клуб што ќе игра Лига Европа константно ти требаат милиони. Треба некој ко Самсонеко (или тие зад него) да фрла пари во бунар со години. Не е изводливо тоа тука. И ја порано се лажев, па со тек на време се помирив со реалноста.