@Igorcemk Јас не да не сум анти-ваксер, туку сум анти-антиваксер - ги гледам антиваксерите како закана за општеството. И овој аргумент јас што го давам со фалсификуваните лекови и вакцини, пак мислам дека Е аргумент. Гледај го случајон со токсичен отпад на Дрисла - доволно е двајца, тројца да ги потплатиш и увезувај радиоактивен отпад ако треба, не е проблем. Во тој дел јас сум скептик. Фондот за здравство е единствената институција во оваа несреќна држава во која секој директор беше уапсен - буквално. Да не вртам у политика сеа, оној Ден Дончев што сеа цел свет го гледа како пика пари у ташна, од политика го снема со криминал и магично успеа сдс да го врати (мислам, ваква држава со меморија како златна рипка нема на друго место во Универзумот)....јас мислам дека веледрогериите овде целат само на корупција и на таа основа вртат огромни милиони, а народот си плаќа со здравје (кога нема мозок очигледно). Што може свесен човек да направи - поставен е во дилема. Дури и не е проблем, ете самата вакцина како таква може и не е штетна, ама може нема никакво дејство против болеста (не зборам за конкретнава), замисли ја таа штета - си мислиш дека си безбеден, а не си. Во тој правец ми е дискусијата, инаку далеку од тоа дека сум против вакцинирање исл.