Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
5 март 2018
Мислења
16.532
Поени од реакции
18.789
Би му препорачал да се тестира, за секој случај, изгледа како да блада заради висока температура. Не е заебанција киснењето по штабови, посебно во вакви времиња...

Па уште и му лајкнала онаа :pos: Отиде во неповрат темава. Гледам и странски јазици почнаа да се говорат.
Јас тебе ти препорачувам да се тестираш, ама не од корона ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Нешто не ми е јасно...абе да си пљукавме директно у уста еден на друг, да се љубевме со кого ќе стигневме, па немаше да има толкав број на заразени.

цело време велат носете маски..абе какви маски, боље кажите да си ги покриеме фаците, носот, лицето..а не маски..кога таа таканаречена заштитна опрема:facepalm: ниту е класифицирана, категоризирана, одредена со некој закон кои критериуми треба да ги поседува..па ови " маски " се како ограда за кокошка да употребуваме во борба против комарци...свашта:facepalm:

трета работа што не ми е јасна, зошто упропастуваат болници во Козле, Карпош, кога можеа сите со ковид да бидат сместени во клинички центар, таму можеа да одберат било која клиника и да ја направат ковид центар?
Епидемиолозите велеа дека се пренесува и преку очи и дека лебдело у воздух не знам колку време. Од заштита, не само кај нас, се бара само маска. И не објаснија конечно дали се пренесува преку очи при зборење.

За болниците, најдов еден график за бројот на кревети за 2017, страна 9
Веројатно бројот е премал на клиники. Полека но сигурно (за 1 ден) се движиме накај 3000 активни случаи. Ако продолжи со ова темпо да кажеме од по 150-200, за 7-8 дена ќе имаме ќе имаме доста над 4000. Со оглед на намалени мерки и што се не чека летово...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.416
Поени од реакции
113.997
Вака што слушам периодов од народов и што читам коментари низ нетов може да заклучам дека луѓево кај нас не сфаќаат дека асимптоматските случаи ги прават најголемите бељи. Коментари од типот: Ај бе брат кур ме боли неам температура и не кашлам..., се еквивалентни на изјави од деца со Даунов синдром.

Не знам што е толку тешко да се сфати дека кај секого различно реагира вирусот, има луѓе го прележуваат без симптоми, кај некои наеднаш се јавуваат силни симптоми, кај некои постепено се развиваат. Па не е квантна физика да го ебам, уклучете барем еднаш мозок во вашите животи.

Моментално ситуацијата е комплетно надвор од контрола, не се знае колку и кои се кластерите, а имајќи во предвид дека добар дел од фирмите почнаа да работат, од понеделник и хотелите ќе почнат, искрен да бидам не ни се пишува баш добро. Ако на ова го додадеме факторот несовесност кај граѓаните, добиваме хорор во најава. Пошо нели имаме луѓе што кријат дека имале контакт со заболен, кријат дека имаат симптоми, затоа и ќе си имаме троцифрен број заболени. Убаво вика Фросе, не ви дошол некој ближен до респиратор па да видите тогаш како ќе квичите и ќе ви бидат криви и кластери и ифтари и Филипче и се живо поврзано со вирусов.

Она од кое стравувавме на почетокот се случува моментално, преоптоварување на здравствениот систем, почнуваат да повлекуваат луѓе од други градови и клиники, а тоа секако не е добар знак. Не е добро затоа што ќе страдаат луѓе со други болести на кои им е потребна помош, што нормално може да доведе до целосен колапс на системот.

Јаготката на шлагот се изборите, додека бележиме убедливо највисоки и катастрофални бројки, тие договорија датум за избори. И сеа кармата си го прави своето, пола СДСМ се заболени или по карантин, али битно избори ќе има и се повикува секојдневно на одговорно однесување од граѓаните, а тие самите маме ебаваат од непочитување мерки.
Само ај, кога веќе се знае дека ќе има избори барем нека изгубат како говеда за фијасково што го доживуваат од март навака, налет пред тоа глупостите со името и се останато.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.532
Поени од реакции
18.789
Колку време ќе се толерираат дофрлањата на Скопскиот ? Не дека не знаеме да му вратиме во иста мера ама темата ќе стани попара.
Ни чим изазван нон стоп вреѓа а не му е прв пат
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Колку време ќе се толерираат дофрлањата на Скопскиот ? Не дека не знаеме да му вратиме во иста мера ама темата ќе стани попара.
Ни чим изазван нон стоп вреѓа а не му е прв пат
Темава е попара од моментов кога се отвори... сепак да се обидеме да не враќаме...
Еве сега и со благослов на @GoranGoks да се вратиме на муабетот за Корона.
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
Dragi brakja i sestri Makedonci,Ne bi sakal mnogu da mudruvam no sakam da soopstam nesto sto go nauciv i doznav zosto Gospod mi go otkri i pomogna da go doznaam.Na onoj sto ja saka vistinata i traga po nea so vera, Bog mu dozvoluva da ja doznae.
Krajno vreme e da zastaneme i da se osvestime.Ovoj svet vo koj ziveeme i sto go pamtime nepovratno zaminuva i sekoj koj se drzi do svetskite raboti i gleda nadez i spas vo covekot,zasekogas propagja,isceznuva.Nemojte da mislite deka nekoj i nesto ke smeni i pak ke ni bide dobro na zemjata.Samo onoj sto se nadeva na Boga i milosta Bolja moze da se spasi.Kako sto pisuvav i dosega samo pokajanieto i nasiot povratok na Boga moze da go spreci ona sto doaga.No za zal,za zal kaj nas pokajanie za gresniot zivot nema,Hristovata Crkva povikuva na pokajanie od samoto ragjanje i vremeto za pokajanie veke istekuva,pokajanie nema, zatoa i doagja ona sto sme go zasluzile koga go otfrlame Ziviot Bog i Spasitel i mu se predavame na grevot i strastite
"Zakukase Pravoslavni narod od muke al se zivog Boga nesetise"
Site Sveti Otci i Starci vo Pravoslavieto prorokuvale za ova vreme vo koe sme nie sega,Poslednite vreminja,ponataka nema,golemi stradanja i teski vremina se pred nas se dur Gospod Isus Hristos povtorno ne dojde na zemjata po svoite verni ceda.Sevo ova e opisano vo Otkrovenieto od Svetoto Pismo,no Nie si mislevme deka do toa nema da dojde,bar ne za edno 100 god.poveketo nemaat poima za sto se raboti NO sto ako sve veke tamu
Ostana uste mnogu kratko vreme,od ovaa esen i zimo doagja uste postrasno vreme,bolesti,nemastija,glad.
Najpametno e da go napustate Skopje i pogomenite gradovi i begajte na selo,koj kaj moze.Molete se kolku sto mozete poveke za Gospod da ve upati na sigurno za da se spasite pa kako Bog dade.
Svatete ja porakata seriozno i neka ni e Gopod napomos.Nemu Vecna Slava.Amin
Амин пророче, аирлија работа. Да не ме сфатиш погрешно ама ми личиш на забеган болничар од инфективна шо собира лигушки од ковид пациенти, ги става во спреј и прска во гужва. Проштевај ако грешам.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.389
Поени од реакции
13.361
Долго време ќе си имаме проблеми со вирусот, јас отсекогаш сум мислел дека за ова племе треба лидер како Сталин.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.532
Поени од реакции
18.789
Темава е попара од моментов кога се отвори... сепак да се обидеме да не враќаме...
Еве сега и со благослов на @GoranGoks да се вратиме на муабетот за Корона.
Сфаќам, ама се дури нема лични препуцавања е ок,секој ќе се изјасни,ќе пиши,ќе тропни зелена, ќе згреши ... ама да вреѓаш некој на секое оти немаш заедничко мислење е претеризам.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Вака што слушам периодов од народов и што читам коментари низ нетов може да заклучам дека луѓево кај нас не сфаќаат дека асимптоматските случаи ги прават најголемите бељи. Коментари од типот: Ај бе брат кур ме боли неам температура и не кашлам..., се еквивалентни на изјави од деца со Даунов синдром.

Не знам што е толку тешко да се сфати дека кај секого различно реагира вирусот, има луѓе го прележуваат без симптоми, кај некои наеднаш се јавуваат силни симптоми, кај некои постепено се развиваат. Па не е квантна физика да го ебам, уклучете барем еднаш мозок во вашите животи.
Иронијата е што едноставно не знаат, грото не знаат што значи асимтоматски. Нив целиот интернет свет му е фејсбук, оти е направен за идиоти и тоа е генијалноста во него. Симнуваш апликација, се најавуваш еднаш и ти се отвора еден свет каде што од удопството на сопствениот дом ги шпионираш комшиите и роднините, сонот на секоја маалска трачарка. Затоа апликациите за мас употреба се направени толку едноставни за користење, практично во боја, големи фонтови. Ако ти кажам дека познавам луѓе со факултетска диплома што не знаат едноставен мејл да состават, не дај Боже да прикачат фајл и да го испратат.
И тука на форумов, пред некој ден еден член со очигледно медицинско покритие од проблематикава разглобува структура на вирус, функција и улетува рандом лик започнува со ад хоминем, нафрла два три линка од интернет и испарува. Оди после траскај си ја глаата 6-7 години, учи медицина. Интернетот просто е рефлексија на сопствените проекции за тоа што за тебе претставува реалноста. Викаш нема вирус, гуглаш ,,нема вирус'' добиваш таков повратен одговор, копираш линк, доаѓаш тука, го постираш и се осеќаш ко уникатна снегулка.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.191
Поени од реакции
16.326
испаднаа уште нови работи по медиумите, се уште не сум читал званично... кажува за пола година 100 мутации на SARS CoV-2 ... а дури сега почнуваат со тестирање на вакцина...
сега наводно во Пекинг се раширил кластер на пазарот кај што сецкаат филети од Лосос увезен од Норвешка... дури веднаш се јавил и норвешкиот министер за рибарство, не било од лососот ??
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.503
Поени од реакции
2.868
испаднаа уште нови работи по медиумите, се уште не сум читал званично... кажува за пола година 100 мутации на SARS CoV-2 ... а дури сега почнуваат со тестирање на вакцина...
сега наводно во Пекинг се раширил кластер на пазарот кај што сецкаат филети од Лосос увезен од Норвешка... дури веднаш се јавил и норвешкиот министер за рибарство, не било од лососот ??
Или цела Кина ти е кластер за бесење. Цел свет го е*аа, нека не глумат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Долго време ќе си имаме проблеми со вирусот, јас отсекогаш сум мислел дека за ова племе треба лидер како Сталин.
На никој не му треба лидер како Стаљин.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Во аптека “Ема фарм“-Битола, тестови за серолошко испитување на антитела за COVID-19

 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.191
Поени од реакции
16.326
Во аптека “Ема фарм“-Битола, тестови за серолошко испитување на антитела за COVID-19

ама и овие тестови мислам не се само за К19, има позитивен резултат и за некој други вируси ???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom