Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Охрид објективно гледано е едно од најубавите места што може да се видат во регионов, и е уникатен пример за спојување на природна убавина, историја, култура и сите други карактеристики што го прават тоа што е. Има да понуди секаков тип на одмор и забава за буквално секаков тип на туристи, и тоа има pros & cons. Од една страна има понуда, локации и настани да биде културно и ''елитно'' место а во исто време на неколку километри имаш Будва во мало.
 
Ајде малце од моја страна гледано.:) Револтиран сум ама морам од негде да почнам.

Јас како младо дете во мои средни дваесети сум ин(директно) засегнат да напишам збор два на темава.
Имам работено различни сезонски работи па да одиме..

1. Плажи од типот на Немо Слвија итн. со ниво рушење губат сопствениците но на туризмот нема некоја голема штета затоа што имам работено и истите плажи и шанкови Јуни се празни, гужвата е од 25 јули до 5 август. После 20 ти август мртвило бидејќи 90% одат основи средношколци итн..

2. Сите среќни скокнале за МОЖНО рушење на Куба Либре ?!.. Добро свесни сте на што алаудирате ?
Куба е нај култното место во летен период во ОХРИДОВ. Сите странци одат таму да трошат, ако имаш културни гости таму ке ги однесиш, ако сакаш да запознајш некоја странкиња исто е одлично место.
Да не зборвиме колку вработени во лето има таму, пола Охридски деца таму работат, еден куп работа на лето, ама и знам многу со дебели бакшиши шо заминале. Од сезонци па се до вработени за цела година а во сезона сум сигурен дека преку 50 вработени се персонал. Доколку се руши Куба Либре не губам јас ти туку ГУБИ ЦЕЛ ОХРИД, пошо како шо напишав Куба е репрезент на Охрид кој бил на кубалканика во лето знајт колку странци имало.

3. Останати платформи од стилот на Аквариус, Ноа, Канео итн... за разлика од овие кај Славија овие набројаниве се исто посетени од странски туристи. Пример е летна бавча Канео, со свое несекојдневно мени и убав амбиент е посетено од странски туристи сигурно 8 месеци во годината, шо е исто битно пошо работат наши Охридски деца.

4. Кој работат посериозно со туризам и апартмани знајт дека имат луѓе шо агенција им носит гости од Холандија, апартмани од април до октомври лани имаше шо работаја. Годинава кореспондентот на најголемата агенција ТУИ која работи со холандски туристи уште од старт кажа дека се е ОТКАЖАНО.

5. Ви пречеле погоре ко шо прочитав Бродови и Катамарани. Свесни сте дека еден куп Охриѓани го работат то сезонски, дел и преку цела година. Преку илјадиници странски туристи се донесени и извозани на прошетка на охридско езеро.
Јас после неколку различни средношколски летни работи, од типот на педалинки плажи итн конечно се пронајдов во туризмот во последните 2 лета од кој 7 месеци од годината имаше за мене работа.

Доколку се се руши, знајте шо следвит за нас младите ?
Во најубајте години требит да се испозатвориме по фабрики и конфекции ?
Мислите малце на својте синови, деца, внуци и сите останати, не е работата само пешкирот да можите пак да го ставите на песок кај Куба.
Поздрав од мене се надевам некој ке ме сватит.
Како мојш да речиш дека Куба било култно место, а Славија не? Можда грешката на газдите на Немо беше шо не фрлија уш некој денар ко Куба на времето, да влезеја со платформата и тие в езеро, да работеа од 10 сабајле до 8 навечер ко плажа и после до 5 сабајле ко кабаре можда и Славија ќе беше култно место, не мојме да знајме. Последниве две години за право им завршвит музикана во 1,ама то не е од шо имет грижа на совест, туку се смена локалнава.
Куба на времето имаше ужасни услови за работа, по 12 сати се работаше втора смена, ни пријавен ни бутур, една вечер дојде трудова, останаја 10 души да работет во цел локал. Се друго избега кај стигна.
Канео плажата сега и пред 20 години немат допирна точка, уствари и во последниве 2 години ептен избетонираа и таму.

Јас не сум за рушење беспотребно, ама сум против локални буџовани шо изградија цели богатства врз нешто шо требит да е достапно за сите. Зошо да постелам пешкир Потпеш и да ми се развикет дека не можит? И да инвестирал (а не инвестирал), недозволиво е вакво понашање. Тука со години се дозволи и од локална секакво кршење и силовање на законите, ама мајкуму редно е еднаш да се почнит ко шо требит.
 
Филипо треба да гледаш на подолгорочна страна, во охрид треба повеќе фабрики да има како што беа поранешните гигантски фабрики отекс итн каде што беа вработени скоро сите охриѓани... За плажи на работа се знае колку мојш да одиш на работа/или во кафич да работаш како конобар (само 1 месец и пол, после тоа никој не те гледа, со искучок на некои кои се ретки преку цела година).

Никој исто не мисли младинава на спорт и рекреација, сите знает трк дома/кафич или обратното, и тоа пак со кола,а не пешки или со точак.

И што е најважното немаше дружење луѓе (зборвам за пред коронава) ретко друштво дечки или девојки собрани заедно се само одделно пријател со пријател, и обратно..

Менталитет, толку заостанати злобни и љубоморни мислам дека никаде немат.
Ok, за некој работи си во право..Ама..Одам на кафе од една страна, без кола(големиот град со авион ќе излегвиме), активен сум, сум за спорт и рекреација, се дружам со другарите, а проблемот за тоа што младиве(2000годиште и натака) се воглавно заостанати, не се проблем кафичите туку влијанието на општеството..За фабрикиве, жално е бидејќи сите имам некој член што работел кај нив па знајме како завршија, дај боже некогаш да се вратет сите тие фабрики, ама ако немојш да ги истајш младиве на улица да спортуваат и да се дружат, тек да ги пуштиш во фабрика за 200евра уште потешко..Малце комплексна тема е, ама ако мојт некој да глумит лудило во градов, знајме сите кој е тоа, тогаш овие плаживе скоро па да не се проблем..
 
Епа јбг немаме сите таленент за веб дизајн или програмски јазици па сме приморани да бараме друго чаре. Лесно е ко ќе си имаш стабилна работа мислам како што ми напомена ти кога еднаш прашував совет за вино. Нормално тебе лично не ти менвит туризмов. НО размисли дека имат луѓе шо возет катамарани, бродој
па дури и кајчина и се презадовлни пошо работа со странци е еден вид уживање. Сите тие без леб ке останет ова сезона а да не зборвам луѓе шо реновираја цели апартмани и еден куп вложија. Епа на овие две врсти плус туристички водичи многу ни менвит. :)
Талент? Не е то талент, него инвестирање во своето образование и посветеност. Кај нас келнери и кувари се луѓе шо никогаш немале допирна точка со туризам. Туризмот е многу пиплива гранка за да може да се развива со деца келнери и кувари шо не оделе на школо во угостителско, зато и понудата и побарувачката во Охрид е таква каква што е, меѓутоа тоа е друга тема.
 
Од се што прочитав толкувањата се многу различни и скоро во сите мислења има издржани ставови.
Мене во принцип ми пречи кога нешто се руши (а не е тоа вистинското што треба да се сруши).
Еве, на пример руши настрешница или некое монтажно кафуле заради тоа што „треба да се врати во првобитна состојба“ и распишува оглас за концесионери.
Прво, тоа е чист трошок за општината (неповратен). Второ, кој гарантира дека истиот газда нема повторно да ја добие концесијата и повторно истото да го направи? Еве и да го земе некој трет, нема да направи слична конструкција? Можеби ќе платил нешто на претходниот корисник, ќе имало проток на пари вака имаме трошок во општина кој можел да се искористи за нешто попаметно.
Лежалките и организацијата на самата плажа лесно се средува. Рушат Немо и во исто време продолжува бетонирање во Градиште. Ивинете ама никако ми нема логика.
Зошто во меѓувреме Потпеш нема никаква активност барем во намалување на лежалките?
Очигледен е двоен аршин на секој чекор, очигледно е дека ќе ги доутепаат економски голем дел од угостителите.
И зошто сето ова се прави на средина на јуни кога скопјаничшава веќе масовно доаѓаат во Охрид и можеше да „капе“ по плажите за кафиња и куп млади да имаат работа?
Еве и корона да е причина, сега најде да оправаш работи кога е извесно дека нема да има туристи и треба нешто да се придвижи?
 
@santelli трошокот за рушење одпосле си го плаќа концесионерот. Не дека ја бранам општина, ама две години веќе имет решение за отстранување и сите рокој за самоиницијативно отстранување се пробијани.
 
@santelli трошокот за рушење одпосле си го плаќа концесионерот. Не дека ја бранам општина, ама две години веќе имет решение за отстранување и сите рокој за самоиницијативно отстранување се пробијани.
Ако е така, ок ама пак мислам дека прво е логично да се заврши постапката со доделување на концесии па да имаат некаков рок за расчистување. Што ако истиот повторно ја земе?
Или можеби и тоа е веќе завршено?
 
Од прва рака информации, ќе се рушат и Кадмо и Куба и Потпеш и Канео. Ќе видиме што ќе испадне уствари од ова.
 
Avenger99 Виде од порталите што пишет или ти кажаа некои граџани :p
 
Последно уредено:
Од се што прочитав толкувањата се многу различни и скоро во сите мислења има издржани ставови.
Мене во принцип ми пречи кога нешто се руши (а не е тоа вистинското што треба да се сруши).
Еве, на пример руши настрешница или некое монтажно кафуле заради тоа што „треба да се врати во првобитна состојба“ и распишува оглас за концесионери.
Прво, тоа е чист трошок за општината (неповратен). Второ, кој гарантира дека истиот газда нема повторно да ја добие концесијата и повторно истото да го направи? Еве и да го земе некој трет, нема да направи слична конструкција? Можеби ќе платил нешто на претходниот корисник, ќе имало проток на пари вака имаме трошок во општина кој можел да се искористи за нешто попаметно.
Лежалките и организацијата на самата плажа лесно се средува. Рушат Немо и во исто време продолжува бетонирање во Градиште. Ивинете ама никако ми нема логика.
Зошто во меѓувреме Потпеш нема никаква активност барем во намалување на лежалките?
Очигледен е двоен аршин на секој чекор, очигледно е дека ќе ги доутепаат економски голем дел од угостителите.
И зошто сето ова се прави на средина на јуни кога скопјаничшава веќе масовно доаѓаат во Охрид и можеше да „капе“ по плажите за кафиња и куп млади да имаат работа?
Еве и корона да е причина, сега најде да оправаш работи кога е извесно дека нема да има туристи и треба нешто да се придвижи?
Да им го бричиш на скопјанишчана со зелено џамче.Мојт?
 
Цел Охрид ли ќе го рушат, кај ќе одат луѓето ? :)
 
Кај Нефи пицеријана.Него не смеат да го чепнат.
Нефи е мафија кој смее да го допри него :icon_lol:
Инаку се познавам лично со чоекот преку еден пријател, знам во какви ствари е смешан ама како лик е ок.
На другар мој многу му има помогнато во животот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom