Ќе почнам со вакцината, со оглед на тоа што веќе ја начнав во претходниот параграф. За грипот, секоја година се прави вакцина, која што не штити од истиот, а евентуално ја намалува тежината на болеста. Значи, ни помага полесно да ја пребродиме.
...вакцинирање против грип/ инфлуенца (ги има до сега три групи- грип вирус А, Б, Ц), но со години вирусот трпи промени со што се создава нова варијанта на вирус на инфлуенца и се вбројува како „ нов серотип“( H1N1 шпанскиот грип и свинскиот грип, H2N2 азискиот грип, H5N1 птичјиот грип, H9N2, H7N3)
што можеби да биде причина да не биде целосно создадена заштитната антитела од вакцината ставена за сезонски грип најчесто во октомври,
... пред секоја сезона се изработува специјална вакцина за сезонскиот грип кој се очекува на одредена област (територија), при што создадената антитела
го штити телото една година доколку е нападнат од вирусот со сите очекувани серотипови на инфлуенца/грип за што е изработена предходно самата вакцина,
... појава после вакцинирање со намалување на способноста на антителата чие што создавање во организмот е потикнато со вакцинална врста на инактивиран вирус кој неодамна мутирал со што велиме „се заразивме со грипот иако сме вакцинирани, ама полесно поминавме“ поради моментална мутација на вирусот со содавање на нов серотип во моментот чија соодветна антитела ние ја немаме, ама таа мутација не мора да ја има секогаш и секоја година,
па содадената антитела од вакцината и те како ќе не штити една па дури и две години од вирусот на грип,
... на пример, ако Институт за јавно здравје, одговорни за вакцинација во МКД носат вакцини изработени за суспектен (очекуван) вирус во Индија, а не за наше подрачје или поширока територија нормално дека не ќе биде ефикасна вакцината поради несоодветна антитела, ама да се каже дека вакцината не штити од грип туку само ублажува симптоми е погрешно толкување!