Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.527
Поени од реакции
22.180
Virusov i ponataka ostanuva rizicen i lesno prenosliv. Vo Germanija vo edna golema industriska mesara izbuvna virusot. 1000 lugje se testirani. Od prvite 500 sto gi obrabotile 400 se pozitivni. Uslovite vo firmite se poznati. Mnogu lugje na malku mesto i cesti kontakti. Taka da uste eden primer deka treba da se bide vnimatelen i da se izbegnuvaat takvi situacii kolku sto moze.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Јас сум тука :) Ни на крај памет не би го подржал ова само зашто починала позната личност. Жал ми е за човекот ама не е неговиот живот повреден од животот на останатите, само зашто медиумите решиле да известат за неговата смрт.
Локдаунот и како се справуваше владата со кризава ја поремети цела држава, вклучително и капацитетот да се справиме со ковид. Огромен дел од населението веќе не следи препораки зашто мерките ги направија да се осеќаат како будали.
Со две Д бе да ти, не со едно :D

Не е повреден, не велам дека е. Јас велаж дека е себично да се размислува за излагања, забави, кафанчиња и како МОРА да се врати се' во нормала брже боље, само затоа што не можеме да се стрпиме.

Јас искрено се сметам за кафански човек, пред пандемијава спиев по кафани за викенд претежно ама еве, од кога се ослободија меркиве само еднаш имам отидено и тоа на доручек, во 10, во маалска кафана каде што немаше жив човек. Никогаш немаше да влезам во истата да не се придржуваа до препораките и мерките за безбедност и секако немаше да паднам во депре и да цмиздрам доколку истата не работеше или беше преполна и бев спречен да ја посетам.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Јас никаде не реков, нит па сум помислил дека корона пациентите мора да бидат приоритетни, туку дека ние треба да престанеме да бидеме себични и да мислиме на останатите, макар тоа било 2-3-4 месеци или година.
Самата реченица ти е противречна, тоа твое пазење 2-3-4 месеци,година е правење приоритет на пациентиве од ковид наспроти сите останати. На крајот од денот секој со свои проблеми, нема зашто да одлучувате кој живот е поприоритетен. Година дена у локдаун би значело банкротирана држава, заедно со здравство и се останато. Проблем е што ни таа година дена не знаеме дека нешто ќе смени, исто како што глеаш дека тие 3 месеци не сменија ништо.
Автоматски споено мислење:

Со две Д бе да ти, не со едно :D

Не е повреден, не велам дека е. Јас велаж дека е себично да се размислува за излагања, забави, кафанчиња и како МОРА да се врати се' во нормала брже боље, само затоа што не можеме да се стрпиме.

Јас искрено се сметам за кафански човек, пред пандемијава спиев по кафани за викенд претежно ама еве, од кога се ослободија меркиве само еднаш имам отидено и тоа на доручек, во 10, во маалска кафана каде што немаше жив човек. Никогаш немаше да влезам во истата да не се придржуваа до препораките и мерките за безбедност и секако немаше да паднам во депре и да цмиздрам доколку истата не работеше или беше преполна и бев спречен да ја посетам.
Уа, јас не сум седнал нигде :D Да бидам реален мерките се почитуваат многу помалце него што очекував. Луѓево едноставно не се грижат за сопственото здравје а не па туѓото. Дури и на момент коа ќе стаиш маска како морон се осеќаш.
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Сите сме луѓе?
Не би рекол. Политичарите по кратка постапка ги тестираат, обичните смртници ги тестираат кога ситуацијата ќе се искомплицира.

ПС
Можеби си во право. не знам дали политичарите се вбројуваат во категоријата ЛУЃЕ. :)
Воопшто не ми ја сфати поентата. Не зборувам за политиканство.
Зборувам за луѓе кои зад себе оставаат семејства. Зборови неискажани, планови нереализирани, искуства неизживеани.

Вирусот не бира што си по професија, не бира ниту пол ниту возраст. Од тебе, твојот организам и твојот имунитет зависи дали ќе ги победиш или не. А привилегиите што ги имаат функционерите, ги има секаде, не само во Македонија.

Јас сосема го оправдувам тоа тестирање преку ред на доктори пример. Затоа што играат клучна улога во борбата. Исто и на полицајци, војници.....и за жал да, дури и на претседател, премиер, министер. Какви се такви се, на чело на државата се.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Огромен дел од населението веќе не следи препораки зашто мерките ги направија да се осеќаат како будали.
Или се биле или се прават будали.

Од кај тој памет нормален човек да не сака да се заштити само затоа што владата го направила да се осеќа некако. Демек чувствата што порвиваат од дејствијата на владата те тераат да си наштетиш на себе и најблиските?

Делот од населението што не ги следи мерките го прави тоа пошто кур го заболе. Полесно му е без мерки. Во принцип сеедно му е, дур не дојде јајцето на г'зот. После некој друг му е крив.

Будали по дефиниција.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.942
Поени од реакции
73.602
Читам за диџејот дека на 3 јуни бил хоспитализиран со висока температура, а гледам на 6 јуни ставал слики од роденден на синот (во домашна атмосфера). Или сликите се ставени подоцна или нешто грешни информации даваат медиумите.

Многу ме интересира што ќе излезе на крај, кој е тој фактор поради кој некои луѓе минуваат потешко, во случаите во кои имаме здрави и релативно млади луѓе.
Нашиве треба да направат поопсежна анализа во однос на наоѓањето на врските преку кои се заразиле. Од типот дали се заразиле од некој што имал изразити симптоми (кашлање или кивање за ширење на вирусот) или од позитивен без изразити симптоми со кои само биле во иста просторија (нели при зборување и дишење се пренесуваат значително помало количество вирусни капки).

Edit: Сега читам на фокус за Ицко. На 3 јуни први симптоми, на 7 јуни хоспитализиран во лоша состојба, претходно бил дома.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Самата реченица ти е противречна, тоа твое пазење 2-3-4 месеци,година е правење приоритет на пациентиве од ковид наспроти сите останати. На крајот од денот секој со свои проблеми, нема зашто да одлучувате кој живот е поприоритетен. Година дена у локдаун би значело банкротирана држава, заедно со здравство и се останато. Проблем е што ни таа година дена не знаеме дека нешто ќе смени, исто како што глеаш дека тие 3 месеци не сменија ништо.
Не ме разбираш, очигледно.
Не велам два три месеца да се даде приоритет на ковид пациентите, него два три месеца, пола година да се стрпиме за да се намали ширењето на вирусот за наместо да имаме 200 ковид на клиника, да имаме 20 за да има време, место и простор да им се пружи нега и на останатите.

Се надевам сега сфати што сакам да кажам со жртвата :)
Уа, јас не сум седнал нигде :D Да бидам реален мерките се почитуваат многу помалце него што очекував. Луѓево едноставно не се грижат за сопственото здравје а не па туѓото. Дури и на момент коа ќе стаиш маска како морон се осеќаш
Буљаш, не си ти за забава хахаха
Па, јас бев во Југ во маало кај мене и во Баду и исто имам седнато и во Зафир. Тоа ми е се' за периодов и можам да кажам дека во овие три локали максимално се придржуваат до мерки. Во Југ и Баду бевме двајца а во Зафир 3ца. Во Зафир не ни дозволија да седнеме на иста маса (имам и сликано).
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Или се биле или се прават будали.

Од кај тој памет нормален човек да не сака да се заштити само затоа што владата го направила да се осеќа некако. Демек чувствата што порвиваат од дејствијата на владата те тераат да си наштетиш на себе и најблиските?

Делот од населението што не ги следи мерките го прави тоа пошто кур го заболе. Полесно му е без мерки. Во принцип сеедно му е, дур не дојде јајцето на г'зот. После некој друг му е крив.

Будали по дефиниција.
Ќе ти кажам пример, голем дел од колегите сметаа дека бројката се крева зашто сите се заведуваат како починати од ковид. Тој муабет се ширеше од фамилии на починати, и на крај го потврди Караџовски. Зашто и со која причина го праеле тоа не навлагам, ама ефектот е тој, голем дел од популацијата верува дека ова е завера и дека бројката пренапумпана. Има и други примери, не дека ќе иде некој од инает да се зарази.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.513
Поени од реакции
18.779
Најјако е шо тука на форум ако пишиш дека се придржуваш до мерките луѓето те мислат дека си скриен во некоја дупка и дека не излегуваш од дома :D Си ствараат слика за нас дека не сме излегле никогаш од дома и пред короната па затоа не ни било гајле, истите тие луѓенца кои два пати дали на кафе имаат седнато и единствен излез од државата им е до Лутраки на еднодневна екскурзија:toe:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.530
Ме интересира само како ние сме црна дупка на европа со 4200+ заразени и 200 смртни случаи а Унгарија на 4000+ заразени има 500 смртни случаи и сеа за Унгарија се е кул за нас е лошо?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Не ме разбираш, очигледно.
Не велам два три месеца да се даде приоритет на ковид пациентите, него два три месеца, пола година да се стрпиме за да се намали ширењето на вирусот за наместо да имаме 200 ковид на клиника, да имаме 20 за да има време, место и простор да им се пружи нега и на останатите.

Се надевам сега сфати што сакам да кажам со жртвата :)


Буљаш, не си ти за забава хахаха
Па, јас бев во Југ во маало кај мене и во Баду и исто имам седнато и во Зафир. Тоа ми е се' за периодов и можам да кажам дека во овие три локали максимално се придржуваат до мерки. Во Југ и Баду бевме двајца а во Зафир 3ца. Во Зафир не ни дозволија да седнеме на иста маса (имам и сликано).
Работата е што виде за 1 месец како буфна од 20 дневно на 200, не глеам зашто истото не би со случило и за пола година од сега. Мислам они најверојатно ќе воведат пак карантин коа ќе се напунат скроз болниците ама у принцип џабе е ако не се почитуваат препораките.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
голем дел од популацијата верува дека ова е завера и дека бројката пренапумпана.
Тоа ни е проблемот...полесно ни е да прогласиме завера него да се соочиме со реалност.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.785
Поени од реакции
11.664
Ме интересира само како ние сме црна дупка на европа со 4200+ заразени и 200 смртни случаи а Унгарија на 4000+ заразени има 500 смртни случаи и сеа за Унгарија се е кул за нас е лошо?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Затоа што Унгарија има скоро 10 милиони жители, а ние имаме два милиони и тоа по стар попис. Не гледајте само апсолутни бројки.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Тоа ни е проблемот...полесно ни е да прогласиме завера него да се соочиме со реалност.
Нормално е тоа, луѓето ќе си најдат начин да си се вратат на нормален живот. Будали беа тие што мислеа дека ова ќе тера до недоглед. Поготово како што кажав, властите направија доволно за голем дел од народот ова да го смета за непотребна фама. Коа ќе земеш у предвид дека пред 2 месеци не смееш куче сам да шеташ надвор, и ова сега при 200 болни дневно, малце тешко е да убедиш некој дека не го прават ненормален.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.513
Поени од реакции
18.779
Ме интересира само како ние сме црна дупка на европа со 4200+ заразени и 200 смртни случаи а Унгарија на 4000+ заразени има 500 смртни случаи и сеа за Унгарија се е кул за нас е лошо?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Ти пиша членот, Унгарија е скоро 10 милиони, друга ствар е шо во Унгарија кривата оди надолу, еден месец скоро имаат намалување на новозаразени на дневна база, сега баш гледав последните две недели немаат повеќе од 10 случаи дневно,а ние испод 100 не можиме да се спуштиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom