Многу пишење, за ништо. Само коментарот, дали во јуни лани сме имале 9 мртви од грип, покажува дека ништо не копчаш.
Починатите од грип никој не ги води веднаш како починати од грип, освен тие што развиваат тежок акутен респираторен синдром и обично завршуваат на респиратор. Само тие ги прогласуваат како директно починати од грип. СТАТИСТИЧКИ после извесен период од неколку месеци или година дена се прави опсервација на починати по месеци или одредени периоди од годината и се смета дека грипот учествувал во таа зголемена инциденца на смртност за тој период.
Имаш пример во Хрватска за јануари 2017 година, починати 6500, додека просекот 10 години наназад бил 4.500. Тоа се 2000 починати повеќе од нормално, а сметај дека и од тој просек од 4.500 починати секако има најмалку половината од нив поврзаност со грипот. Значи само во тој месец има можда 4-5000 починати од грип.
PREDSJEDNIK Milanović nedavno je izjavio da smo u siječnju 2017. godine imali čak 2000 umrlih više nego u siječnju 2016. Evo što se tada dogodilo.
www.index.hr
Зошто ова се дебатира сега и во овие услови, затоа што ако тогаш во тие услови во хрватска некој земал брисеви за грип и пишувал мртви од грип, како што сега водат статистика за корона, ќе имало можда и 6.000 за еден месец запишани како починати од грип. Не. тие вишок починати само во тој еден месец се заведени починати со којзнае какви смртовници, но ете статистиката покажува дека всушност е имало многу јак обик на грип кој одзел дури 2000 души повеќе отколку другите грипови и други респираторни вируси годините пред тоа.
Затоа статистиката која ако некогаш излезе за Македонија ќе биде вистинскиот показател дали корона има, дали корона убива, колку убива и така натаму. А не некои ПЦР тестови од кинеско производство, со кои си игра можда некој и мајтап со светот, од кај знаеш. Си постои нормален морталитет за секоја држава и времето и статистиката ќе покаже најубаво кој бил во право, а кој не (кој лаже всушност).
Босна веќе има објавено морталитет за март, починати се 10% помалку од просекот во последните години. Просекот им е во март 1850, починати овој март илјада шесто и нешто, не запомнав, пред некоја година и тие имале одскокнување од 1950-60. За април предвидувањата се исто, 10% можда и повеќе, помалку смртност.
Као киша око Крагујевац...
Прашав конкретно за ЈУНИ месец, не за ЈАНУАРИ.
Имам пишувано и претходно. Компарациите меѓу Sars - Cov2 и Influenza се смешни. Не велам дека нема сличности, ама разликите се
доволно големи, за да ги побијат таквите споредби.
Прво, слично е што се респираторни вируси, предизвикуваат слични симптоми (треска, кашлица, мускулни болки, слабост, понекогаш гадење, повраќање и дијареа. Плус, кај Ковид19, се покажа дека има аносмија и хипооспија - губење односно намалување на чувството на мирис), можат да бидат асимптоматски, ама можат да бидат и со многу тешка, сериозна клиничка слика, пропратена со сериозни компликации. Друга сличност е начинот на кој што се пренесуваат, од човек на човек, преку т.н.флигеови капки кои се ослободуваат од инфицирана личност, при кашлање, кивање, зборување. Трето, се третираат исто, со тоа што кај коронава се прават експерименти, се со цел да се најде лекот!
Кај респираторни вируси, терапијата е симптоматска (со тоа што за грипот, се користи тамифлу, а постои и вакцина). Последно нешто, кога станува збор за сличности, начинот на кој што се превенираат е ист! Миење раце, покривање на устата при кашлање, кивање и останување дома кога си болен.
Што се однесува до разликите...Ќе почнам со
вакцината, со оглед на тоа што веќе ја начнав во претходниот параграф. За грипот, секоја година се прави вакцина, која што не штити од истиот, а евентуално ја намалува тежината на болеста. Значи, ни помага полесно да ја пребродиме. Главно, ваквите вакцини се препорачуваат за вулнерабилните категории, хронично болни, стари лица, бремени жени, па и здравствени работници. За Sars-Cov-2 нема вакцина!!! И се додека е тоа така, е поопасен од грипот! Друго, постојат сериозни индикации дека
морталитетот е далеку повисок за Sars-Cov-2, отколку морталитетот на Influenza. Трето, Sars-Cov-2, е
нов вирус, вирус со кој човековиот организам претходно не се сретнал (датира од пред 6-7 месеци), за разлика од Influenza, кој е одговорен за сезонскиот грип години наназад. Всушност, грипот датира уште од самите почетоци на модерната медицина (пред 2000 години), па за него се знае многу повеќе отколку за новиот вирус. Четврто, Sars-Cov-2 е многу
поконтагиозен, достапните информации тоа го кажуваат, а согласно бројката на новозаболени кои растат на дневно ниво, сведоци сме и самите ние, дека вирусот се шири лесно, едноставно и одржливо. И ништо не може да го сопре! За поточно да биде, Influenza, една инфицирана личност го пренесува на една друга личност (поточно 1.3), додека Sars-Cov-2, една инфицирана личност го пренесува на три други (поточно 2.6). Податоци од најголемиот број научни трудови, укажуваат дека Sars-Cov-2 во Америка, однел далеку поголем број животи за неколку месеци, за разлика од сеознскиот грип, во една типична година.