Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
137
Аха, епа тоа ми беше прашањето. Дали тестот дава точни резултати и ако вирусот не е сеуште активен.
Значи и негативен тест во првите денови не е доволен за да се исклучи присуство на вирусот.
Ова меѓу другото е и една од најголемите причини за пандемијава што не се знае кога станува активен и е непредвидлив.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.318
Поени од реакции
15.489
Во Италија фрчат тужби против државата поради лошото управување со корона кризата и последиците кои се оставени од тоа. Дали и во нашата ценета држава некој ке се повика на одговорност и зошто не?
Da...včera Timčo Mucunski povika na odgovornost....:facepalm:

I zamina da go ispie mlekoto
 
C

CoolIris

Гостин
Многу пишење, за ништо. Само коментарот, дали во јуни лани сме имале 9 мртви од грип, покажува дека ништо не копчаш.

Починатите од грип никој не ги води веднаш како починати од грип, освен тие што развиваат тежок акутен респираторен синдром и обично завршуваат на респиратор. Само тие ги прогласуваат како директно починати од грип. СТАТИСТИЧКИ после извесен период од неколку месеци или година дена се прави опсервација на починати по месеци или одредени периоди од годината и се смета дека грипот учествувал во таа зголемена инциденца на смртност за тој период.
Имаш пример во Хрватска за јануари 2017 година, починати 6500, додека просекот 10 години наназад бил 4.500. Тоа се 2000 починати повеќе од нормално, а сметај дека и од тој просек од 4.500 починати секако има најмалку половината од нив поврзаност со грипот. Значи само во тој месец има можда 4-5000 починати од грип.


Зошто ова се дебатира сега и во овие услови, затоа што ако тогаш во тие услови во хрватска некој земал брисеви за грип и пишувал мртви од грип, како што сега водат статистика за корона, ќе имало можда и 6.000 за еден месец запишани како починати од грип. Не. тие вишок починати само во тој еден месец се заведени починати со којзнае какви смртовници, но ете статистиката покажува дека всушност е имало многу јак обик на грип кој одзел дури 2000 души повеќе отколку другите грипови и други респираторни вируси годините пред тоа.
Затоа статистиката која ако некогаш излезе за Македонија ќе биде вистинскиот показател дали корона има, дали корона убива, колку убива и така натаму. А не некои ПЦР тестови од кинеско производство, со кои си игра можда некој и мајтап со светот, од кај знаеш. Си постои нормален морталитет за секоја држава и времето и статистиката ќе покаже најубаво кој бил во право, а кој не (кој лаже всушност).

Босна веќе има објавено морталитет за март, починати се 10% помалку од просекот во последните години. Просекот им е во март 1850, починати овој март илјада шесто и нешто, не запомнав, пред некоја година и тие имале одскокнување од 1950-60. За април предвидувањата се исто, 10% можда и повеќе, помалку смртност.
Као киша око Крагујевац...
Прашав конкретно за ЈУНИ месец, не за ЈАНУАРИ.

Имам пишувано и претходно. Компарациите меѓу Sars - Cov2 и Influenza се смешни. Не велам дека нема сличности, ама разликите се доволно големи, за да ги побијат таквите споредби.

Прво, слично е што се респираторни вируси, предизвикуваат слични симптоми (треска, кашлица, мускулни болки, слабост, понекогаш гадење, повраќање и дијареа. Плус, кај Ковид19, се покажа дека има аносмија и хипооспија - губење односно намалување на чувството на мирис), можат да бидат асимптоматски, ама можат да бидат и со многу тешка, сериозна клиничка слика, пропратена со сериозни компликации. Друга сличност е начинот на кој што се пренесуваат, од човек на човек, преку т.н.флигеови капки кои се ослободуваат од инфицирана личност, при кашлање, кивање, зборување. Трето, се третираат исто, со тоа што кај коронава се прават експерименти, се со цел да се најде лекот!
Кај респираторни вируси, терапијата е симптоматска (со тоа што за грипот, се користи тамифлу, а постои и вакцина). Последно нешто, кога станува збор за сличности, начинот на кој што се превенираат е ист! Миење раце, покривање на устата при кашлање, кивање и останување дома кога си болен.

Што се однесува до разликите...Ќе почнам со вакцината, со оглед на тоа што веќе ја начнав во претходниот параграф. За грипот, секоја година се прави вакцина, која што не штити од истиот, а евентуално ја намалува тежината на болеста. Значи, ни помага полесно да ја пребродиме. Главно, ваквите вакцини се препорачуваат за вулнерабилните категории, хронично болни, стари лица, бремени жени, па и здравствени работници. За Sars-Cov-2 нема вакцина!!! И се додека е тоа така, е поопасен од грипот! Друго, постојат сериозни индикации дека морталитетот е далеку повисок за Sars-Cov-2, отколку морталитетот на Influenza. Трето, Sars-Cov-2, е нов вирус, вирус со кој човековиот организам претходно не се сретнал (датира од пред 6-7 месеци), за разлика од Influenza, кој е одговорен за сезонскиот грип години наназад. Всушност, грипот датира уште од самите почетоци на модерната медицина (пред 2000 години), па за него се знае многу повеќе отколку за новиот вирус. Четврто, Sars-Cov-2 е многу поконтагиозен, достапните информации тоа го кажуваат, а согласно бројката на новозаболени кои растат на дневно ниво, сведоци сме и самите ние, дека вирусот се шири лесно, едноставно и одржливо. И ништо не може да го сопре! За поточно да биде, Influenza, една инфицирана личност го пренесува на една друга личност (поточно 1.3), додека Sars-Cov-2, една инфицирана личност го пренесува на три други (поточно 2.6). Податоци од најголемиот број научни трудови, укажуваат дека Sars-Cov-2 во Америка, однел далеку поголем број животи за неколку месеци, за разлика од сеознскиот грип, во една типична година.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.601
Поени од реакции
13.967
Kičevo utrovo dosta pusto posle prvite poseriozno zaboleni. Nekako strav vleze vo luđeto, plus zarazenite se od ,,ubeduvanje,, taka sto pri sekoe pozdravuvanje se guškaat po 2 pati...ednaš za pozdrav...ednaš na zaminuvanje

Ke bidi inreresno sledniov period
Секаде е така на почеток, ама после отрпнува народот и нема таков ефект. Свеста почнува да прифаќа дека вирусот е тука и нема никаде да замине, лек нема, да се довардиш тешко, можеби 2,3,5 месеци, година, ама цел живот нема да можеш да избегнуваш, треба како робот да живееш во таков случај. Сеуште постои некоја надеж за вакцина, но претешко и тоа да се случи, па кога за една година ќе видат и најголемите оптимисти дека нема вакцина, ќе ја прифатат реалноста и тоа е тоа.
 
C

CoolIris

Гостин
само гузовани и паразити ретко умираат.... дали има посебен третман за нив ???
кај нас мислам од повидни луѓе само Драган Вучиќ од канал 5...
а па и на глобално ниво... една шпанска принцеза од 90+ години
Тој Драган Вучиќ, на некого е сопруг, татко, дедо. (Сакам да кажам, и јас, и ти, кој било друго може да се најде во таква ситуација. Најмалку битно е дали си познат или не, дали си функционер, доктор, келнер, рибар, пекар....сите сме луѓе).
Со сета должна почит кон годините на принцезата, ама ете, да не била короната, може ќе си поживеела уште некоја година.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Сериозно сега имам прашање, кој знае нека одговори.
Зошто не го направат тестирањето за вирусот да биде на граница при влез во државава? Ем ќе си земат пари ( нели на приватно си го плаќаш тестот ако имаш регулиран престој во странство ), ем ќе бидеш посигурен дека не си закачил ништо успат. Јас сеа да сакам да дојдам треба да направам ПЦР тест, ама кој ми гарантира дека ништо не сум закачила успат?
Дали во таков случај ( при негативен тест на граница ) може да бидеш сигурен дека не си закачил ништо или сепак мора го чекаш тој период на инкубација на вирусот?
На граница не прават, ама ако сакаш можеш веднаш да направиш откако ќе те префрлат во карантин. Ако тестот е негативен по добивањето на резултатите одиш во саамоизолација.
Ако сакаш да си дојдеш не можеш (практично) таму да направиш тест. Резултатот ќе го чекаш неколку дена и поминуваат 72 часа. Освен ако платиш 500€, па резултатот да го добиеш истиот ден.
Ова е пример од Британија, кај тебе можеби се други услови.
Аха, епа тоа ми беше прашањето. Дали тестот дава точни резултати и ако вирусот не е сеуште активен.
Значи и негативен тест во првите денови не е доволен за да се исклучи присуство на вирусот.
Затоа одиш 14 дена во самоизолација.
Автоматски споено мислење:

Тој Драган Вучиќ, на некого е сопруг, татко, дедо. (Сакам да кажам, и јас, и ти, кој било друго може да се најде во таква ситуација. Најмалку битно е дали си познат или не, дали си функционер, доктор, келнер, рибар, пекар....сите сме луѓе).
Со сета должна почит кон годините на принцезата, ама ете, да не била короната, може ќе си поживеела уште некоја година.
Сите сме луѓе?
Не би рекол. Политичарите по кратка постапка ги тестираат, обичните смртници ги тестираат кога ситуацијата ќе се искомплицира.

ПС
Можеби си во право. не знам дали политичарите се вбројуваат во категоријата ЛУЃЕ. :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
1, а зошто мислиш е прогласена Пандемија а има и вонредна состоба... па и граници затворени
Технички и сега никој не те запира. Треба само 14-дена во карантин да поминеш.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035

Лесна му земја... Не бира ова кориништево а ние тупиме политика.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Што би пишале некои членови кои за воља на вистината периодов (намерно или не, не знам) намалија со активност на форумов (темава), ваљда ионака ќе умрел човеков а на крајот од денот, битно е економијата да не трпи, да се врти париче, плус кој на куров па ќе седи дома затворен, ќе спобудалиме заради обичен вирус.

П.С. Нека му е лесна земја.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Како бе им се лутите на тие што нејќат дома затворени да седат а ке одите да гласате на избори? Сеедно ли ви е да дремете дома и да гледате како други кур прчат надвор? Ај ке кажам ете вие со поголема свест,одговорни, ке останете дома и до кога? Па еднаш ке мора да излезете и кога ке излезете,некој без маска ке ти диши у врат некаде и џабе се ке ви биде.Да живеете у Германија па да барате затварање по куќи ке ве разберам,ама тука?Што ви е поентата не знам
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Што би пишале некои членови кои за воља на вистината периодов (намерно или не, не знам) намалија со активност на форумов (темава), ваљда ионака ќе умрел човеков а на крајот од денот, битно е економијата да не трпи, да се врти париче, плус кој на куров па ќе седи дома затворен, ќе спобудалиме заради обичен вирус.

П.С. Нека му е лесна земја.
Означи не, не се срами.

Истото да му го кажиш на луѓето со други болести кои се запоставени ради вирусот. Нека си седат дома, зошто му е нив медицинска помош.
И на оние другите без денар приход, зошто му се пари, не е се во парите, се живеј и со трева пасење

Пс. Не е намерна неактивноста заради моменталната ситуација. Го пишав моето мислење вчера во врска со случаите.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.570
Што би пишале некои членови кои за воља на вистината периодов (намерно или не, не знам) намалија со активност на форумов (темава), ваљда ионака ќе умрел човеков а на крајот од денот, битно е економијата да не трпи, да се врти париче, плус кој на куров па ќе седи дома затворен, ќе спобудалиме заради обичен вирус.

П.С. Нека му е лесна земја.
Јас сум тука :) Ни на крај памет не би го подржал ова само зашто починала позната личност. Жал ми е за човекот ама не е неговиот живот повреден од животот на останатите, само зашто медиумите решиле да известат за неговата смрт.
Локдаунот и како се справуваше владата со кризава ја поремети цела држава, вклучително и капацитетот да се справиме со ковид. Огромен дел од населението веќе не следи препораки зашто мерките ги направија да се осеќаат како будали.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Означи не, не се срами.

Истото да му го кажиш на луѓето со други болести кои се запоставени ради вирусот. Нека си седат дома, зошто му е нив медицинска помош.
И на оние другите без денар приход, зошто му се пари, не е се во парите, се живеј и со трева пасење

Пс. Не е намерна неактивноста заради моменталната ситуација. Го пишав моето мислење вчера во врска со случаите.
Јаболки и портокали ти е муаветов споредено со мојот.

Мене ми е подеднакво жал за оние кои се запоставени, како што ми е жал и за вас, кои мислите дека нема жива сила што ќе ве задржи дома пошто мора да се прошета периодов, сонце пукнало.

Јас никаде не реков, нит па сум помислил дека корона пациентите мора да бидат приоритетни, туку дека ние треба да престанеме да бидеме себични и да мислиме на останатите, макар тоа било 2-3-4 месеци или година.

Сепак, според одредени, боље е сите надвор, да си праиме групен имунитет, да се заболиме што повеќе И ПОРАДИ ТОА оние на кои им е потребна медицинска помош, да не ја добијат, затоа што државата нема капацитет.

Сепак, дискач треба да проработи, уаууаа забава.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.361
Поени од реакции
19.827
Јас со маска излагам само навечер, за да не ме препознаат. Добро, понекогаш искачам и денски со маска, пак за да не ме препознаат. Од оние 40 денари што се. На Битпазар што ги шие кројачот.
Кој си ти ? Зоран Заев ? :D
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.071
Поени од реакции
6.728
Како бе им се лутите на тие што нејќат дома затворени да седат а ке одите да гласате на избори? Сеедно ли ви е да дремете дома и да гледате како други кур прчат надвор? Ај ке кажам ете вие со поголема свест,одговорни, ке останете дома и до кога? Па еднаш ке мора да излезете и кога ке излезете,некој без маска ке ти диши у врат некаде и џабе се ке ви биде.Да живеете у Германија па да барате затварање по куќи ке ве разберам,ама тука?Што ви е поентата не знам
Јас од кога дојде во мкд вирусов немав испаднато, освен ептен ако морам, за среќа работата ми дозволува од дома да работам ама моите одат на работа секој ден, кај татко ми у канцеларија има албанци. Поентава е колку и да се пазиш, ќе дојде до тебе ако и другите не се пазат. Ја ич не го мавам хејтот на луѓето што се испаднати ама што се придржуваат до мерките, барем до таа најбитната, социјална дистанца. Ама кога ќе видам собрани на клупа дечишта, или 4 фамилии на велешко езеро како пикник прават, пијат, буфтаат, се плукаат, повраќаат ме фаќа склет оти знам дека колку и еден човек да се пази пак може да наебе ради оваа група на луѓе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom