Точно, беше. Многу повеќе од зајко и затоа му реплицирав дека грујо, меѓу другото, изгуби избори пошто се надеваше дека на грб на администрацијата ќе изгура победа.
Победа изгура, но власта ја изгуби.
Имаше 30 илјади неважечки и уште толку кои или му гласаа за сдс или не излегоа на гласање, а и јас и ти знаеме дека е така. Дел од нив беа администрација што тој ја вработи (дел од таа администрација беше со комунистичка провиненција).
Постои некоја автономија во некоја мера која е дозволена....во рамките на тоа правата и привилегиите си ги бараат тука сите субјекти. Во рамки на таа автономија требаше да се избориме да не си го изгубиме идентитетот. На тој начин било владеењето секогаш на империите, појди од Рим па заврши до САД. Дури и турците тоа го правеле, само што тогаш било јавно а сега е полу-тајно...демек глумиме демократија на планетава земја.
Во таа смисла и поговорката, дете што плаче добива цицка. Нас не докусури онаа матрица на размишљање што ја има еден просечен северџан моментално, а знаеме двајцата на што мислам. Цело време го повторувам тоа, треба да се бориш за да имаш нешто.
А секогаш ќе има еден центар што ќе команда....надвор од здрав памет е да мислиш дека не е така и внатре важи она ко бие тај добие.
Палчо може се чуди зошто не го ликвидирале, а и многу што го слушаат интервјуто....арно ама за нив е смешен, може не го ни регистрираат. А од некоја полу-објаснива причина за мене секогаш се дозволува некој од страна да ја открие до негде "играта"...
To play those millions of minds, to watch them slowly respond to an unseen stimulus, to guide their aspirations without their knowledge – all this whether in high capacities or in humble, is a big and endless game of chess, of ever extraordinary excitement.
Sidney Webb
Може постојат некои космички закони и правилници во кои им е дозволено на одредени групи да прават манипулации се додека е со амин на робовите
Кој жив бе брат мисли дека не се големците наши контролирани, па нормално дека се и нормално дека целта им е ем ебани, ем тепани да си бараме репете.
Засега функционира тоа. Нажалост.
Факт е дека Дпмне не ја даваше власта, ги користеше сите инстументи на моќ и тактики со цел да остане на власт по секоја цена.
Точно е дека не ја даваше власта ама и точно е дека опозицијата беа дупе и кадрово и во однос на македонизам.
Тоа беше така тогаш, а сега е истото само обратно.
Да имавте малку памет и да проценевте колку толку што се случува немаше да го донесете сдс на власт.....
И ова е точно. Но не за луѓето како членот на кој му реплицираш пошто имаше мака видено од груевизмот.
Тие што го донесоа црпе на власт се грото генерација родени после 93 и нормално цела шарена револуција им даде лажна надеж дека нешто ќе се смени.
Боеа фасади, додека мкд полицијата на јужна граница се бореше со мигрантите (истите тие за кои се потврди дека БАШ по оваа рута поминаа за терористичките напади во париз) во тоа време џанаците, шарените куртони и студентаријата родена во доцни '90 буткаше режим СЛЕПО верувајќи за себе дека се олицетворение на Че Гевара истурајќи се на таа полиција како да е самиот ѓавол.
И што добивме?
Добивме луѓе кои се срамат од себе па наместо да признаат дека згрешиле и да ја поорават грешката на овие избори... тие или ќе апстинираат или од срам ќе одат да гласаат пак за зајакот надевајќи се дека баррем ќе не примеле и во еу, пошто нели во нато веќе влеговме.
Во меѓувреме старо-новиот проблем кој им е пред носот и повторно не го гледаат е тоа што тие и онака кога ќе се доразочараат од државата (власта) ќе му ја дувнат од мкд и ќе ги остават своите браќа/сестри по дома, старите родители и баби/дедовци да живеат во албанска македонија (пардон, граѓанска држава) каде сите сме еднакви и каде истите тие мигранти овој пат западот ќе ни ги остави тука бакшиш.
Не треба да сме многу паметни за да видиме дека овие избори се КЛУЧНИ за тоа дали ние ќе имаме држава или не.
На минатите ДЕБЕЛО ја упропастивме таа шанса. Тоа разочарување од 11 години поминати под вмро требаше народот да го канализира во трета опција - од која веќе за овие избори ќе се испрофилираше кадар.
Бачев (конкретно) многу го потценуваат ама кажа две клучни работи кои не се флоскули:
1. Тој што ќе влези во собрание од третата опција ако е искрен и чесен нема да влези во влада која нема да поддржи поништување на преспански договор.
Така ќе биде опозиција во овој мандат на собранието ама народот ќе види дека има чесни политичари кои си ја сакаат татковината па на следни избори ќе ги гласа помасовно, а со самото тоа ќе влезат или сами формираат влада.
2. Во иста насока, емиграцијата од швајцарија, канада, австралија и еу бараше од бачев, интегра, левица и партијата на Солза да направат послеизборна коалиција доколку влезат во парламент, а се' со цел да има трет македонски блок кој не е курто-мурто профилиран.
Бачев на тоа одговори, да ќе направиме ако се согласат да го поништиме договорот од преспа.
КУР ме боли и за Бачев и за било кој ама рецептот е поќе од јасен, особено сега.
Минатите избори го пропуштивме моментумот, ако го пропуштиме и овие избори тогаш не ни е криво ни калето, ни заев, ни Ахмети, апсолутно никој.