Во времето на вмро од меѓународните институции бевме константно оквалификувани како заробена држава и хибриден режим. Пењи устите му фатија на шарените мантрајќи ги овие извештаи. За тоа како ќе не ослободат имаа само празни флоскули, ништо конкретно. Еве сме сега во нивната наводно слободна шарена творевина со ново име и се пропратно, само стариот статус, етикетата на хибриден режим никако да ја снема а до неа се прилепи и формулацијата марионетска влада. Вистина, ова отсекогаш било марионетска држава, ама никогаш до овој степен како последниве неколку години. Диктатите на странските амбасади се протегале до онаму до каде што биле нивните интереси во регионот. Оваа власт ги помина тие граници. Ја усвои тиранската платформа за сопствен интерес, фактички го прошири рамковниот договор надвор од обврските пропишани во него. Во преговорите со Грција за името ги премина сите линии, исто и со Бугарија. Ние со овие правно обврзувачки договори сега станавме и де јуре озаконета марионетска држава.
Порано седевме на преговарачка маса во име на некаква добра воља за изнаоѓање компромис, демек преговаравме а не бевме во целост правно обврзани. Бугарскиот договор сега правно не обврзува, исто и оној со Грција. Во суштина оваа власт им потпиша капитулација, им даде инструмент за вечно да не уценуваат. Слично како што прават албанците преку рамковниот.