Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Па би сакал да прочитам дека си си го фрлил компјутерот/телефонот во канта и дека ти е забранет пристап до интернет до 2031.

Фала.
Toa e za tebe aktuelno i toa sakas da go procitas? Jas pak iskreno se prasuvav sto li saka edna salterusa da procita, sto i e nea bitno. Jbg steta, neznam sto da ti recam, poarno ti iskluci internet, za doma sekako si zatvoren ko pacov. Koga ke pomini se ova ke ti tropni nekoj na vrata da ti kazi deka pomina losoto.
 
Ресен имаше поголем број денес затоа што беа тестирани приватно сите вработени во ресторанот од каде имаше потврден случај и сопствениците и уште една фамилија која се тестирале посебно мислам. Имало и негативни во ресторанот, а сите што беа позитивни биле без симптоми, засега.

Инаку првиот случај беше постара жена. Е сега нејзиниот комшија со потекло од Куманово за Спасовден си чекал слава со 50-60 гости меѓу кои имало гости од Куманово и се претпоставува дека од тука се заразиле, само незнам дали жената била на славата или фатила од комшијата, кој одбивал да се тестира. Инаку келнерот од ресторанот служеле кетеринг на славата.

Имаше и брачен пар заразен за кој не сум сигурен како се заразиле и едниот од нив почина вчера на болница, еден ден откако беа хоспитализирани со позитивен тест. И трет одвоен случај има позитивен бербер за кој не се знае како се заразил.

И моментално е бетер од полициски час во Ресен, посебно вчера после првиот смртен случај, све е уплашено затоа што ептен мало градче, секој со секого имаше контакт во изминатите денови и жив човек нема по улици. Посебно до пред 4-5 дена беше премногу опуштено и по кафичи и се, како што немаше официјален случај досега. Еве денес има информации дека има случај и во една поголема фабрика, од утре речиси повеќето кафичи затвораат низ градов, општината и администрација нема да работаат исто.
 
Шалтеруша, слушам муабети на доктори во ходник.

и јас сум шалтеруша на Гак ама ходнициве се празни задни 3 месеца, затоа те прашувам каде ти како медицинска фела работиш без одмор па чак 4 месеци па па па...
 
и јас сум шалтеруша на Гак ама ходнициве се празни задни 3 месеца, затоа те прашувам каде ти како медицинска фела работиш без одмор па чак 4 месеци па па па...
Изглеа полесно е да се праат луди тука. Освен за хитни случаи и за корона, за останатите здравството не функционира. Дури и тоа е дискутабилно, бидејки пациенти со тумор се враќаат на чекање. Па многу ме интересира што работат сите толку, бришат прозори? Има 200 хоспитализирани од корона, знае некој колку пациенти и вработени има здравствово во регуларни услови?
 
Од појаките вести по порталиве ги издвојувам оние кои демек шират позитива.

ПОЗИТИВНА ВЕСТ: ОЗДРАВЕА 6 ЛУЃЕ. Околу 200 нови има, 9 умреле, овие добра вест викаат...
 
Требаше да дојде коса до рамена за да се види оти здравството било гној. Епа гној е и тоа не е од сега. Само што грото и не знаат, се лечат на приватно или пак не ни стапнале во државна болница, па хорор приказните од болничките одделенија ги воспримаат како урбана митологија. Е сега во вакви моменти се виде што значи да се има уредено државно здравство, нешто за што впрочем се паламудеше уште на почетокот. Дека здравството ни е слабо, дека при прв поголем налет на заболени ќе колабира. Сега демек затекнати, што ни се дешава, критики и фрлање со дрва и со камења. Епа тоа е капацитетот. Ко до сега под некој камен да живееа па цели изненаѓени, многу се умирало, кадарот бил необучен, немало соодветни услови...добро утро!
 
Имам спомнато на форумов веќе два пати,еве по трет пат ке кажам.Уште на првиот налет на по 20-30 заболени дневно и кога видоа како букна во Италија,Швајцарските власти излегоа со соопштение во јавноста дека ако не се стопира ширењето на вирусот ке дојде до сигурен колапс на здравствениот систем.Замислете си кај нас што ке се дешава,уствари веќе се дешава.
 
Не ми е јасно како може здравството не работи а Систина си работи нормално сите одделенија, да не ја однесев баба ми у последен момент на лекар можела мозочен удар да добие жената зашто има таква ситуација да мора месечно да и е приспособуваат дози на лекарства ради проретчување/згуснување на крв кое и варира мање више на месечна база.

И сеа затоа што 90% здравство не функционира страдаат многу луѓе кои иначе не би настрадале, додека приватните болници ќе работат без престан.

Во овој случај која е поентата како фирма јас да плаќам на државата давачки за здравство кога истото не е секогаш расположливо за сите а и тогаш кога е, прашање е со кој квалитет се располага и врти сучи пак мораш у Систина.

Од руга страна обичниот работник е приморан да оди на работа или нема плата/отказ зависно од ситусцијата.

Почит за тие на инфективните одделенија другиве што се дома а земаат цели плати не е ништо подобри од лешинарите по државната администрација

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Татко ми е на таква терапија за проретчување на крвта,веќе 3ти месец пие на слепо синтром без да провери крв и да му направат шема ради коронава.Затоа кога ги гледав неписмените како свесно ја вивнаа бројката на заболени до небо посакав у времето на ОЗНА(оделение за заштита на народот)да се вратиме.Стрељачки вод,уза зид и бригада иде даље
 
Последно уредено:
Јас не можам да се доначудам какви се тие семејни прослави со по 200 души...
Слава со 50 души, мекици со 200 души :eek: после ќе се жалат немале пари за леб, економијата ќе паднела од короната глата да му падни од рамена, апаши !!!
 
Татко ми е на таква терапија за проретчување на крвта,веќе 3ти месец пие на слепо синтром без да провери крв и да му направат шема ради коронава.Затоа кога ги гледав неписмените како свесно ја вивнаа бројката на заболени до небо посакав у времето на ОЗНА(оделение за заштита на народот)да се вратиме.Стрељачки вод,уза зид и бригада иде даље
Имаа 3 месеци да го организираат здравството, како што си направија приватниве болници. Меѓутоа иста приказна во се што е буџетарско во државава.
 
Измешавте многу работи.

Неспособните, беа неспособни и пред епидемијата. Тоа не е ништо ново. Рамковните се надвор од конкуренција, па точно и метеор да падне.

Персоналот што не оди на работа овие 4 месеци, односно повеќе е дома отколку на работа, е кој? Одделенија кои немаат закажани прегледи/контроли/операции ако не се итни, заради вонредната состојба.
Седат дома ушно, очно, кожно, пластична хирургија, матичните што лечат преку вибер и телефон ... Каде да работат кога нема пациенти и цело здравство е на пауза?
Чива вина е тоа за да не земаат плата 4 месеци? Истата вина за која седат и пациентите дома, 4 месеци без контроли.

По таа ваша логика треба и вработените во градинка да не земаат плата, затоа што се дома.

Да бидеме објективни и да плукаме на права адреса, не по медицинскиот кадар кој е способен, а ставен во ќор сокак.
Вработените во градинка треба да земаат минималец пошто седат дома.Исто важи и за другите од државна администрација,шо три месеци не се мрднати од дома,а лапаат огромни плати.А шо со работниците во приватен сектор шо цело време се на работа а земаат минималец?Иначе сум за мед.сестри и болничарите кои дирекно се инвнволвирани во борба против вирусов да им се зголемат платите.
 
Последно уредено:
Имаа 3 месеци да го организираат здравството, како што си направија приватниве болници. Меѓутоа иста приказна во се што е буџетарско во државава.
Значи некои свесно да го шират вирусот а овие да организираат здравството додека првите си прчат кур по ифтарски вечери? Многу подобро ке беше да се организираа за да го стопираат ширењето па да нема потреба здравството да се доведува у таква состојба која и претходно беше катастрофална
 
Вработените во градинка треба да земаат минималец пошто седат дома.Исто важи и за другите од државна администрација,шо три месеци не се мрднати од дома,а лапаат огромни плати.А шо со работниците во приватен сектор шо цело време се на работа а земаат минималец?Иначе сум за мед.сестри и болничарите кои дирекно се инвнволвирани во борба против вирусов да им се зголемат плати.

Немој за градинките, за греота се. Та ако земале плата за 3 месеци седење дома, наспроти 30 години работен стаж во групи со по 30 деца, за мизерни плати ...

Ама ако кратат, нека кратат на сите. Кога ќе скрати онаа стоката во парламент, тогаш нека продолжат и надолу. Се поинаку, не е фер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom