Измешавте многу работи.
Неспособните, беа неспособни и пред епидемијата. Тоа не е ништо ново. Рамковните се надвор од конкуренција, па точно и метеор да падне.
Персоналот што не оди на работа овие 4 месеци, односно повеќе е дома отколку на работа, е кој? Одделенија кои немаат закажани прегледи/контроли/операции ако не се итни, заради вонредната состојба.
Седат дома ушно, очно, кожно, пластична хирургија, матичните што лечат преку вибер и телефон ... Каде да работат кога нема пациенти и цело здравство е на пауза?
Чива вина е тоа за да не земаат плата 4 месеци? Истата вина за која седат и пациентите дома, 4 месеци без контроли.
По таа ваша логика треба и вработените во градинка да не земаат плата, затоа што се дома.
Да бидеме објективни и да плукаме на права адреса, не по медицинскиот кадар кој е способен, а ставен во ќор сокак.