Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мој роднина е на помош на инфективна овие две недели.Од интернистички клиники се, од одделенија каде што има интензивна нега, каде што знаат да интубираат, каде што знаат што е критичен пациент.
Те разбирам што сакаш да кажеш, комплетно. Ама здравството ни е отидено тотално во аут, од пред 10-15 години ... Не може во епидемија да го оправат, тоа е сигурно. Сега само се гледа колку е се хаос.
Бијонс почна со четирите месеци, за да е подраматично, па јас само и реплицирав на месеците за да не и намалам на драмата.од кај само ги извадивте 4месеци не ми е јасно кога се почна од 16март?
Мој роднина е на помош на инфективна овие две недели.
Според негово кажување имало и недопирливи колеги кои се партиски определени и на кои никогаш нема да им дојде ред.
Наместо нив собрани помлади и неискусни кои не знаеле ни дезинфекција да си направат.
Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
..оти ОРЛ за тебе е само место за чистење уши? сосема идентични операции со операциони сали и инструментарки имаат пациенти на одделение со интравенска терапија...итн... а што мислиш овие на инфективна од коронавирус со што ги лечат пациентите со антивиротици против ебола или ХИВ, па треба посебна обука? зарем сестра од ОРЛ не знае да постави сумамед интравенозно и парацетамол? ...па можеби си во право...само перат уши, ете јас не знам!Замисли да стават сестра од ушно што знае само да чисти уши, да биде на помош на инфективна. Да бидеме објективни.
Се знае кој персонал се повлекува.
... дезинформации ме обвинуваш така, а овде као ова она оправдување?Персоналот што не оди на работа овие 4 месеци, односно повеќе е дома отколку на работа, е кој? Одделенија кои немаат закажани прегледи/контроли/операции ако не се итни, заради вонредната состојба.
Седат дома ушно, очно, кожно, пластична хирургија, матичните што лечат преку вибер и телефон ... Каде да работат кога нема пациенти и цело здравство е на пауза?
Чива вина е тоа за да не земаат плата 4 месеци? Истата вина за која седат и пациентите дома, 4 месеци без контроли.
Прегледај го приврзокот 255233
Како може да СЕ МОБИЛИЗИРА Здравствен Персонал ако НЕМА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ???????????????????????????
... дезинформации ме обвинуваш така, а овде као ова она оправдување?
сега дома се или на работа се медицинските лица, ја земаат целата плата?
па нели рече од поузадни извори дека нема медицински кадар што седи дома 4 месеци? јас кажав дека отсуствата не се самоволни туку со амин на владата, рековме дека земаат цела плата исто како тој што работаат тие на инфективно, а што и фали на сестрата од Орл да работа во инфективно? поинакви вени има пацинетот на орл или инфективно или коронавирус им е задача само на тие од инфективна ?
...или овие медицински сестри од внатрешноста, еве од Кичево медицинска сестра што работи на гинекологија можеби е акушерка, што врска имаа пак таа со инфективно за испомош, а да не може да работи таа од ОРЛ, Очно што ги спомнуваш? а пак тие од Кочани, што имале десет пациенти во цела година ќе ги убутаат во инфективна на клиника, во своите општи болници Кичево, Кочани тие воопшто немаат инфективно одделение туку некакви амбуланти, а бе греота што им се прави ...![]()
26.02 е регистриран првиот случај на ковид во Македонија.....речиси 4 месеци се од тогаш поминати
Ајде ајде, немој вака да се откажуваш, дај и можност со уште некоја реплика да ти нацрта и да ти објасни колку си у аут со случувањата и тоа дека сестра ти те лаже.Девојче, од Кочани се повлечени двајца доктори интернисти. Не мора да е инфектолог, за да може да биде во позадина на испомош. Медицинско лице викаш дека си, веројатно до толку се разбираш.
И каде реков дека е ок што е повлечен персонал? Напротив, нагласив колку ова ќе се одрази на многу лош начин.
Тука завршувам со реплицирање, не гледам поента.
Намалуваат тестови направиле 778 али просекот расте нешто повеке од 20% позитивни што значи ако беа направени 1000 тестови ке имаше над 200 нови пoзитивни.Со вакво темпо за две три недели бројките х3 ке бидат.
Не очекува тешко време ако до сега било тешко наредниов период ке биде бетер.
Edit:
Pse jo е убедливо најакиот слоган до сега,се можеш да му залепиш.
Pse jo... Ilirida?
Pse jo (тука напиши било што)