Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
од кај само ги извадивте 4месеци не ми е јасно кога се почна од 16март?
 
Од интернистички клиники се, од одделенија каде што има интензивна нега, каде што знаат да интубираат, каде што знаат што е критичен пациент.

Те разбирам што сакаш да кажеш, комплетно. Ама здравството ни е отидено тотално во аут, од пред 10-15 години ... Не може во епидемија да го оправат, тоа е сигурно. Сега само се гледа колку е се хаос.
Мој роднина е на помош на инфективна овие две недели.
Според негово кажување имало и недопирливи колеги кои се партиски определени и на кои никогаш нема да им дојде ред.
Наместо нив собрани помлади и неискусни кои не знаеле ни дезинфекција да си направат.


Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
од кај само ги извадивте 4месеци не ми е јасно кога се почна од 16март?
Бијонс почна со четирите месеци, за да е подраматично, па јас само и реплицирав на месеците за да не и намалам на драмата. :)
 
Мој роднина е на помош на инфективна овие две недели.
Според негово кажување имало и недопирливи колеги кои се партиски определени и на кои никогаш нема да им дојде ред.
Наместо нив собрани помлади и неискусни кои не знаеле ни дезинфекција да си направат.


Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk

Замисли, тие помлади и понеискусни се цело време во здравството. :)
Затоа докторките како Бијонс не ги разбирам, што бараат младите да се вклучеле, зошто старите. Да се чудиш зошто. :)))

Ете и ги младите, во другиот дел на дезинформации. :)
 
Замисли да стават сестра од ушно што знае само да чисти уши, да биде на помош на инфективна. Да бидеме објективни. :)
Се знае кој персонал се повлекува.
..оти ОРЛ за тебе е само место за чистење уши? сосема идентични операции со операциони сали и инструментарки имаат пациенти на одделение со интравенска терапија...итн... а што мислиш овие на инфективна од коронавирус со што ги лечат пациентите со антивиротици против ебола или ХИВ, па треба посебна обука? зарем сестра од ОРЛ не знае да постави сумамед интравенозно и парацетамол? ...па можеби си во право...само перат уши, ете јас не знам!

Персоналот што не оди на работа овие 4 месеци, односно повеќе е дома отколку на работа, е кој? Одделенија кои немаат закажани прегледи/контроли/операции ако не се итни, заради вонредната состојба.
Седат дома ушно, очно, кожно, пластична хирургија, матичните што лечат преку вибер и телефон ...
Каде да работат кога нема пациенти и цело здравство е на пауза?
Чива вина е тоа за да не земаат плата 4 месеци? Истата вина за која седат и пациентите дома, 4 месеци без контроли.
... дезинформации ме обвинуваш така, а овде као ова она оправдување?
сега дома се или на работа се медицинските лица? ја земаат целата плата?
па нели рече од поузадни извори дека нема медицински кадар што седи дома 4 месеци? јас кажав дека отсуствата не се самоволни туку со амин на владата, рековме дека земаат цела плата исто како тие што работаат на инфективна, а што и фали на сестрата од Орл да работа во инфективно? поинакви вени има пацинетот на орл или инфективно или коронавирус им е задача само на тие од инфективна ?
...или овие медицински сестри од внатрешноста, еве од Кичево медицинска сестра што работи на гинекологија можеби е акушерка, што врска имаа пак таа со инфективно за испомош, а да не може да работи таа од ОРЛ, Очно што ги спомнуваш? а пак тие од Кочани, што имале десет пациенти во цела година ќе ги убутаат во инфективна на клиника, во своите општи болници Кичево, Кочани тие воопшто немаат инфективно одделение туку некакви амбуланти, а бе греота што им се прави ... :facepalm:
 
Последно уредено:
Не знам дотичната докторка од која планета е падната и зошто решила да лечи фрустрации на форумот, ама ПОРАЗИТЕЛНО е за цела медицинска фела во период на пандемија да пишува вакви небулози. Еквивалентно ми е на Цаца и оваа угледната. Да го потценуваш трудот кој што го вложуваат твоите колеги.

За мене ќе кажам, од самиот старт на кризата, константно сум на работа, дури и на постариот колега дежурствата ги превземам на свој грб за сè да се постигне. Нема одмор, нема отсуства. Никој не ме праша мене дали имам хронични болести или немам. И не се жалам по форуми, тоа сум го одбрала.....му служам на народот.

Здравствени работници нема! Се мобилизираат од цела Македонија, млади/стари небитно. Прашање на време е кога ќе ги мобилизираат и студентите.
 
... дезинформации ме обвинуваш така, а овде као ова она оправдување?
сега дома се или на работа се медицинските лица, ја земаат целата плата?
па нели рече од поузадни извори дека нема медицински кадар што седи дома 4 месеци? јас кажав дека отсуствата не се самоволни туку со амин на владата, рековме дека земаат цела плата исто како тој што работаат тие на инфективно, а што и фали на сестрата од Орл да работа во инфективно? поинакви вени има пацинетот на орл или инфективно или коронавирус им е задача само на тие од инфективна ?
...или овие медицински сестри од внатрешноста, еве од Кичево медицинска сестра што работи на гинекологија можеби е акушерка, што врска имаа пак таа со инфективно за испомош, а да не може да работи таа од ОРЛ, Очно што ги спомнуваш? а пак тие од Кочани, што имале десет пациенти во цела година ќе ги убутаат во инфективна на клиника, во своите општи болници Кичево, Кочани тие воопшто немаат инфективно одделение туку некакви амбуланти, а бе греота што им се прави ... :facepalm:


Девојче, од Кочани се повлечени двајца доктори интернисти. Не мора да е инфектолог, за да може да биде во позадина на испомош. Медицинско лице викаш дека си, веројатно до толку се разбираш.

И каде реков дека е ок што е повлечен персонал? Напротив, нагласив колку ова ќе се одрази на многу лош начин.

Тука завршувам со реплицирање, не гледам поента.
 
26.02 е регистриран првиот случај на ковид во Македонија.....речиси 4 месеци се од тогаш поминати

не мешај баби и жаби, станува збор за вонредна состојба и не идење на работа а све тоа почна на 16март уште нема ни 3 месеци па камоли 4
 
Девојче, од Кочани се повлечени двајца доктори интернисти. Не мора да е инфектолог, за да може да биде во позадина на испомош. Медицинско лице викаш дека си, веројатно до толку се разбираш.

И каде реков дека е ок што е повлечен персонал? Напротив, нагласив колку ова ќе се одрази на многу лош начин.

Тука завршувам со реплицирање, не гледам поента.
Ајде ајде, немој вака да се откажуваш, дај и можност со уште некоја реплика да ти нацрта и да ти објасни колку си у аут со случувањата и тоа дека сестра ти те лаже.
 
Намалуваат тестови направиле 778 али просекот расте нешто повеке од 20% позитивни што значи ако беа направени 1000 тестови ке имаше над 200 нови пoзитивни.Со вакво темпо за две три недели бројките х3 ке бидат.
Не очекува тешко време ако до сега било тешко наредниов период ке биде бетер.

Edit:
Pse jo е убедливо најакиот слоган до сега,се можеш да му залепиш.
Pse jo... Ilirida?
Pse jo (тука напиши било што)
 
Официјалниот став низ светот за воведување на вонредни мерки беше и се уште е, за да му се даде соодветен простор на здравствениот систем да ја санира заканата, т.е да му се помогне од официјалните власти да изврши превенција од понатамошна ескалација до степен каде што капацитетите би биле преоптеретени за да можат соодветно и навремено да реагираат. Да не ја тупам..за да не му се случи ова што сега нам ни се случува. Значи централна улога во целата криза зазема здравството и мислењата на стручните лица.

Во нашиот случај, раководејќи се според последниот јавен настап на Пендаровски, таа восочна фигура изјави дека вонредната состојба предимно била прогласена не заради тогашната бројка на заразени, како што сега некои неосновано правеле споредби со тогаш-сега ситуацијата, ами била прогласена за да и се помогне на власта соодветно да реагира и да се подготви. Сега сме биле "подготвени" и немало потреба од прогласување на вонредна состојба.

Причината зошто сме ние тука а зошто цела Европа се враќа во нормала се наоѓа во двата пасуси. Имено, во Европа центар во справувањето со кризата е здравството а остатокот институции и граѓанство орбитираат околу него пратејќи ги инструкциите на стручните лица таму.
Кај нас централна улога зазема извршната власт, а здравствениот систем орбитира маргинално околу интересите на Зајко, Мицко, реисот, Османи, учк, олигархијата...
 
Последно уредено:
Намалуваат тестови направиле 778 али просекот расте нешто повеке од 20% позитивни што значи ако беа направени 1000 тестови ке имаше над 200 нови пoзитивни.Со вакво темпо за две три недели бројките х3 ке бидат.
Не очекува тешко време ако до сега било тешко наредниов период ке биде бетер.

Edit:
Pse jo е убедливо најакиот слоган до сега,се можеш да му залепиш.
Pse jo... Ilirida?
Pse jo (тука напиши било што)

Pse jo korona?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom