Вчера ми се јави колешката од работа и ме извести дека е позитивна на корона. Отишла да тестира некој други работи пошто иначе има хронични болести па на нив им следи бесплатен корона тест кој иначе бил обавезен да се направи.
Јас со нејзе последните неколку денови бев на смена, така да е голема шансата дека и јас сум позитивен како и другите мои неколку колеги. Се јавив на матичниот и утре треба да правам тест. Интересно е што двајцата сме гермофоби, двајцата нонстоп носевме маски, ракавици и нонстоп ги дезинфициравме и миевме рацете, а кога беше карантинот немавме од дома мрднато за разлика од добар дел од народот каде што живеам. Ниту ја ниту она засега немаме никакви симптоми.
Ако мојот тест утре излезе позитивен (голема е шансата), а притоа сум личност која целиот живот има екстремни хигиенски навики, што е со оние кои што не го почитувааа полицискиот час, се групираа, што не ставаа маски, нараквици и не ги дезинфицираа рацете? Ако мојот тест утре излезе позитивен можам со сигурност да ви трвдам дека 80% од населението во градот кој што живеам е позитивен на корона.