Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
А се важи ли кога го снемува кога не се дешава ништо сензационално во "државава" или не?
Ок е.
Нормално дека ќе има досетки кога сум администратор на форумов и гледам што се случува. Форумов го снемуваше на два пати и ракомет кога играше Македонија во најдобрите времиња, и тогаш ли беше нешто намерно или? А во 2007 што се случи кога прегоре бекапот и се изгубија теми и мислења од 6 месеци, нападот на американската амбасада во Атина?

Кога има апдејти на форумов сите сте известени недела дена однапред, кога ќе откаже сервер или HDD кој да апдејтира кога ни ние не знаеме?

Да можеше да се предвиди кога ќе рокне сервер (не само на форумов, општо) јас пари за леб ќе немав, ќе морав во невладина да одам :icon_lol:

Никој не прави дека сте од вчера, впрочем во што сакате верувајте ама не мора паранојата за се да работи. Форумов е релативно неважна работа во креирање на лажното мислење на јавноста, не зезајте, поголем проблем е Твитер да го снема, фул пропаганда од двата клана имаш таму.
Ајдее сега и параноичен испаднав, браво. А само дадов пример за кога го снема форумот за време на големи настани како менување на име и 27ми. Тогаш лавина слични коментари имаше како мојот сега. Што сакаш кажи ама тие два настани за мене оставија лоша слика за форумот, а верувам и за многу други форумџии.
Организацијата за ширење на вистината за Смилковско 2012 заврши по телевизии, а и ти самата пиша дека кловнови ко Ордановски ве контактирале за да се затиши акцијата. Не е твитер, ама си има каква таква моќ форумот.

За овие неколку дена ни тронка не верувам дека било за нешто друго освен технички проблем. Само ми се укажа прилика да подбуцнам малку за претходни случувања па ја искористив.
Може требаше да ставам едно /s или :icon_lol: за да сфатите дека овој пост (доле) е заебанција за претходни дешавки. Ќе си знам за друг пат, во ред е.
Реално нема да е првпат форумов да го снема кога има дешавки во "државава".
Иначе океј е, не планирам да ја трујам темава со оф-топик. Слободни цитирај ме ако имаш нешто да додадеш во друго ќоше од форумот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Организацијата за ширење на вистината за Смилковско 2012 заврши по телевизии, а и ти самата пиша дека кловнови ко Ордановски ве контактирале за да се затиши акцијата. Не е твитер, ама си има каква таква моќ форумот.
Тогаш кога не спамаше Орданоски во инбокс на Твитер се префрливме сите, затоа не приметија, тука се договаравме по ПП и тек после тема отворивме.

Форумов многу повеќе губи што не е онлајн кога има нешто во државава, просто е многу, прашајте било кој што има интернет/маркетинг сервис ќе ви потврди.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
И еве конкретен случај за ковид позитивен...Брат ми сабајле зема резултати и позитивен е..(не живее во МК) Цела недела има мутава температура 37 со нешто максимум 38. Одма бил на лекар и му кажале „ништо страшно, ова не е температура типична за ковид...обичен вирус... Без било какви други симптоми.
Се тестирал самоиницијативно. Сакам да кажам, не занемарувајте било какви симптоми, внимавајте и чувајте се.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Преглупи ми се овие хехенца вирусот бил пуштен на најјако навечер. Дали ти очекуваш од народ кој што со првото олабавување на мерките играше чочеци по кафани да има свест и да не се рашетава без забрана? Па мислам 90% се ко џанкери, едвај чекаат да се отворат ноќни клубови и кафани после 10 за да истераат некоја журка. После пак ќе е крив министерот.
Дали ти очекуваш народ да почитува нешто после толку небулози во вид на предложени и донесени мерки од комисијата и владата, предложени и донесени препораки од СЗО, па тука вклучуваш и политиканство демек за бајрам исто вирус од 5 сабајле до 11 не се фаќа, а после се фаќа, дали ти очекуваш просечни интелигентен човек да ги сфати озбилно препораките и мерките кои ги донесуваат, па овде на форум кога ке ми текне дека крст ставија на цела држава како нашата, па ај не нашата и па и шведска и белорусија ја сахранија, но гледаме дека по проток од 3 месеци ниту колапси имаше, ниту здравството колабираше, ниту смртноста е нешто изразена од претходните години, така да овие досетки демек народ е стока ем што се неукусни и автошовинистички, туку се и дегенски како и мерките предложени од комисијата, а усвоени од владата.
 
Просечен и интелигентен човек е свесен за опасноста и ризикот и на страна ги остава сите верски, политички и други препукувања.
Одговорноста кон себеси и блиските е таа што ми наложува да носам маска и да не се пикам по гужви.
Не e досетка ако во некоја комуна не сакаат да се тестираат а носат пиперки и патлиџани да шиткаат на пазар.
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Просечен и интелигентен човек е свесен за опасноста и ризикот и на страна ги остава сите верски, политички и други препукувања.
Одговорноста кон себеси и блиските е таа што ми наложува да носам маска и да не се пикам по гужви.
Не досетка ако во некоја комуна не сакаат да се тестираат а носат пиперки и патлиџани да шиткаат на пазар.
носењето маска освен Н95 маска нема да те спаси ниту тебе ниту блиските од вирусот, таква медиумска кампања се направи на дизање паника што маска носење сега е нормалност, а секој што не носи е осудуван од останатите, а трагикомично е што 90% од маските не помагаат против овој вирус.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.760
Поени од реакции
21.453
Филипче (From Hero to Zero), мерките се олабавуваат, носете маски, не се групирајте и идеме на избори (политика пред се).
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.194
Поени од реакции
13.049
Филипче, мерките се олабавуваат, носете маски, не се групирајте и идеме на избори (политика пред се) = From Hero to Zero.
Исто Филипче:

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Искрено мислам дека на нас тука ни е потребна вистинска помош од странство....епидемиолози, инфектолози, лекари итн. кои можеби ќе успеат да не спасат.
Факт е дека тука работата е излезена надвор од контрола, веќе не можам да ги слушам кога го кажуваат она познатото "ситуацијата е под контрола, познати се кластерите".
Факт е дека не ги бива за ништо, па ни за ова....веќе на сите ни е докажано.
Како што тече работава бидејки им се брза на тие "избори" ни следува она црно сценарио односно дека ќе си градиме колективен имунитет, па можеби и ќе го стекнеме како што во ломбардија веќе 50-60% имаат анти-тела.
Италија немаше здравствен капацитет а не пак ние....црна комедија.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Исто Филипче:

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Пренесено од СЗО, ЦДЦ и други високо квалификувани здравствени организации.
Плукајте го чоекот за тоа што прави последниве недели а не за почетокот на кризата.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Искрено мислам дека на нас тука ни е потребна вистинска помош од странство....епидемиолози, инфектолози, лекари итн. кои можеби ќе успеат да не спасат.
Факт е дека тука работата е излезена надвор од контрола, веќе не можам да ги слушам кога го кажуваат она познатото "ситуацијата е под контрола, познати се кластерите".
Факт е дека не ги бива за ништо, па ни за ова....веќе на сите ни е докажано.
Како што тече работава бидејки им се брза на тие "избори" ни следува она црно сценарио односно дека ќе си градиме колективен имунитет, па можеби и ќе го стекнеме како што во ломбардија веќе 50-60% имаат анти-тела.
Италија немаше здравствен капацитет а не пак ние....црна комедија.
Јас не мислам дека немаме добри лекари ама во ваква луда држава што да очекуваш? Комисија за заразни болести дава препораки кои не се усвојуваат. Нормално е и на нив да им е преку такво. Ти викаш не се групирајте народов свадби и мекици.
Јас мислам дека сите можни пресови се сведени само на потенцирање нема паника.
Политичарите смејурија жива, еден нема со нормална и издржана изјава.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Јас не мислам дека немаме добри лекари ама во ваква луда држава што да очекуваш? Комисија за заразни болести дава препораки кои не се усвојуваат. Нормално е и на нив да им е преку такво. Ти викаш не се групирајте народов свадби и мекици.
Јас мислам дека сите можни пресови се сведени само на потенцирање нема паника.
Политичарите смејурија жива, еден нема со нормална и издржана изјава.
Па тоа е тоа што ме вади од контакт, што се е сведено на политика кај нас.....а пустите јадни гревови се. Две одлуки на комисија одбија....катастрофа. Затоа не им гласам на тие нивни избори, или ќе го поништам ливчето или едноставно ќе бојкотирам. Зошто во ситуацијава сум разочаран од сите и немам кого да заокружам.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726
Дали ти очекуваш народ да почитува нешто после толку небулози во вид на предложени и донесени мерки од комисијата и владата, предложени и донесени препораки од СЗО, па тука вклучуваш и политиканство демек за бајрам исто вирус од 5 сабајле до 11 не се фаќа, а после се фаќа, дали ти очекуваш просечни интелигентен човек да ги сфати озбилно препораките и мерките кои ги донесуваат, па овде на форум кога ке ми текне дека крст ставија на цела држава како нашата, па ај не нашата и па и шведска и белорусија ја сахранија, но гледаме дека по проток од 3 месеци ниту колапси имаше, ниту здравството колабираше, ниту смртноста е нешто изразена од претходните години, така да овие досетки демек народ е стока ем што се неукусни и автошовинистички, туку се и дегенски како и мерките предложени од комисијата, а усвоени од владата.
Она кога нарекуваш просечен интелегентен човек 97 посто од населението на Македонија а посебно места како Липково, Слупчане, Чаир и себе си се сметаш за човек кој размислува со сопствена глава...

Да беа сите што не носат маска бар на просекот на интелегенција сега ќе бевме држава на ниво барем на една Словенија/Чешка/Словачка мислам во најмала рака... Ама ако сметајте дека сте интелегентни...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom