Почнаа и големи дезинформации и по медиумите да искачаат...Значи не биле 79 туку многу повеќе....Изгледа и кртовите од Јавното Здравје почнаа да забушаваат.Ова е сега официјално од Министерството за Здравство...А баш се порадував дека денес сме дупло помалце од вчера
Ковид-19 за 24 часа: Нови 125 заболени и двајца починати
Во последните 24 часа регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во земјава од вкупно 1085 тестирања. По градови новозаболените се од: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира осум оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.
Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55. Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.