Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Во последните 24 часа регистрирани се 79 нови случаи на заболени од Ковид-19.
Резултатот е добиен по изработени 835 тестa, односно процентот на позитивните во однос на вкупниот број тестови е сличен како и претходните денови и се движи околу 10%.
Распоредено по градови:

Скопје – 44
Куманово – 9
Тетово – 8
Гостивар – 6
Штип – 3
Велес – 3
Прилеп – 1
Струга – 1
Охрид – 1
Битола – 1
Неготино – 1
Делчево – 1

Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19.

Едниот од нив е од Прилеп, а другиот од Струмица.

tocka.com.mk
 
Ако сте заминале до таму со мозокот да го глорифицирате ликот и делото на министерот Филипче, тогаш свака ви...

Филипче како доктор е едно, Филипче како министер е друго, а како човек трето (ќе кажи тој што го познава). Политичарот или министерот Филипче е класичен конформист, син на министер за здравство 1994-1997 за време на транзициската влада на Б. Ц., најлошa владa во историјата, од која потекнаа еден куп проблеми во иднина. Додека Венко министерува, неговиот татко се оперира во приватни клиники од што има верба во здравството.

По комуњарски начин на наследна функција, таткото-министер и синот министер, некој виде одлична можност во него да го протурка после месеци месеци празно министерско столче од кога напушти Таравари, а никој не сакаше да го пополни. Венко испадна маскота на Заев, ништо друго и ако некој во него гледал херој, тогаш стварно незнам што да кажам повеќе.

Дека е конформист човекот најдобро говори фактот дека претходно беше советник на Нино Тодоров такозвани „министер смрт“ кој заради исто такви конформистички причини, го хероизираше јавно својот поранешен советник.

mkd-355028.jpg

Како доктор човекот е СУПЕР, а најверојатно и како човек е таков, бидејќи избрал племенита професија. Ама политиката не е за него, едноставно залутан е и длабоки се тие води за него...
Јас не сум се интересирал за животот и делото на Филипче, нит па ќе го направам тоа.
Супер е ти што еве ти му ја знаеш историјата на Филипче, само сето ова ти што го пишуваш ќе беше битно ко ланскиот снег, ако државава се справеше како што треба со вирусов. Во таква ситуација Филипче, иако знаеме дека не ги влече он сите одлуки и дека позади него има група луѓе, ќе го собереше кајмакот од таквата ситуација.
Ама, тоа не се случи и ние сме на дното од шлајмот држави во Европа.

Херојот, објаснив и после тоа, не значи дека ја сум имал слика од Филипче дома закачена и сум се крстел пред него и сум му палел кандилце. Да останеше херој, човек кој успешно се справил со криза, пак немаше да му се клањам туку едноставно ќе ја имаше мојата почит.
Филипче на почетокот изгледаше дека ќе биде херој, во смисла како што ја опишав, арно ама, реши дека политиката, политичарите и политичките игри се побитни и затоа сеа верувам дека има 0 почит и доверба кај народот.
 
Нормално е тоа кога има доста заболени во некои градови да се најде и во помалите околни,кога има доста луѓе кои циркулираат и работат таму.Ако има доста заразени во Штип(како што има),ќе се најдат и некои заболени во Кочани,Пробиштип,Делчево.Да не зборам што Скопје е моментално жариште,а како најголем град е постојана релација за доста луѓе од цела земја.
Сите одат накај Скопје, само скопјани си седат дома душички... Го секнаа AirBNB во средата кога се соопшти веста, во четвртокот на слободни паркинг места пред зграда спиеја 12 патници во 4 автомобили сите со скопски таблици. Исто се случувало на приватни паркинзи пред мотели, хотели и бензиски пумпи...
 
Соживотот е мртва работа, не знам зошто некој би го споменувал во било кој контекст а да не е со намера за политички спин или пак да доаѓа од некој "прогресивен" гушкач на емигранти. Национализам кај каурите нема, да имаше сега ќе муабетевме на други теми пост пандемично. Лек за вирусот ќе се најде кога тогаш, ама лек за нашата општа затупавеност и кратковидост тешко. Ние сме колектив на опортунистички гомна кои што за краткотрајна корист си ја продаваме државата години наназад.
Бар да успееше народов (од Скопјево) три дена машки да издржи затворен во четири ѕида, а не кукавички и дезертерски на пет минути до дванаесет си ги припремија торбите, си ги запалија автомобилите и гитла по Охрид, Струга, Преспа, Дојран, Маврово... уште во четвртокот во попладневните часови.
Ајде народот што си е таков по менталитет си е, ама барем па властите навремено некако да го спречеа, да не го дозволеа тоа масовно напуштање на главниов град пред 80 часовниов карантин. Вака испаѓа полициски час за полупразен главен град !
 
Еве и на онаа Лајна Грејс, дека нели 50-50 биле случаите во Аеродром и Карпош, ебате тоа забеганата кокошка. Ама тоа е, кога нема одговорност за напишани глупости, ќе си шлапа кој како стигне.
Може и да не лаже, веројатно таква била статистиката во ЖМК кајшто работи. Само изоставен ѝ е делот дека никој од Чаир и Лабуништа не се тестира во приватна клиника самоиницијативно.

Кога првпат го читав текстот и не забележав кој е автор, мислев дека е пишувано од "врвот". Ама не бил потпишан Коста Петров. :свиркам:
 
Последно уредено:
Контагиозност има уште 1-3 дена пред појавата на симптомите. Контагиозноста е најголема во првите 7 дена од појавата на симптомите, потоа се намалува

...може да ми објасниш зошто само првите 7 дена, а потоа се намалува?
 
Последно уредено:
И што и да биле Македонци заразените? Кој продава по тезгите на пазарите во Бутел,Чаир,Карпош или Ѓорче Петров? Многу тешко е на пример некој што се заразил на ифтар да ја пренесе заразата на 15 муштерии? Се накашлал у патлиџаните,краставиците или парите додека ги држел и ете ти неколкумина од Ѓорче пазарот заразени.Што правите капитали од ништо? Ако веќе сакаа властите да релативизираат не требаше да го навлечат револтот со тоа што не држат по дома затворени а претходно за бајрам ги оставија да ја рашират заразата.Имаше за Велигден полициски час,има еве сега за Задушница за да не се шири вирусот.Зашто не можеше истото да се направи за бајрам и претходно додека траеше ифтарот за да немаме ваква бројка на заразени?
Затоа што институциите не се грижат за албанците, затоа избегнува и полицијата да контролираат по албански населби, затоа што не и е гајле. А за македонците се грижи, за македонски празници има карантин, не сакаат да се заболуваат македонци.
Ама има идиоти и ретардирани кои мислат дека тоа е привилегија за албанците.
 
Не откри у пм! Гледам ја бистар дечко си ти :ROFLMAO:
 
Затоа што институциите не се грижат за албанците, затоа избегнува и полицијата да контролираат по албански населби, затоа што не и е гајле. А за македонците се грижи, за македонски празници има карантин, не сакаат да се заболуваат македонци.
Ама има идиоти и ретардирани кои мислат дека тоа е привилегија за албанците.
Види вака, не треба карантин да те стават за да знајш дека треба дома да седиш и да избегнуваш гужви.
Едноставно е, ако си се придржуваат до мерките тоа го прават за сопствено добро.
 
Затоа што институциите не се грижат за албанците, затоа избегнува и полицијата да контролираат по албански населби, затоа што не и е гајле. А за македонците се грижи, за македонски празници има карантин, не сакаат да се заболуваат македонци.
Ама има идиоти и ретардирани кои мислат дека тоа е привилегија за албанците.
Сигурно и кога доаѓа полицијата да ви ги апси криминалците и искачате милион луѓе за да ги браните, го имаш истото мислење :D
 
Липково е новото жариште, ама ај и на овие од Куманово да им удриме 82 часовен карантин, бидејќи немаме муда да им удриме на оние кои живеат во општина Липково. А во општина Липково претежно живеат Македонци, ох веит...
 
Сигурно и кога доаѓа полицијата да ви ги апси криминалците и искачате милион луѓе за да ги браните, го имаш истото мислење :D

Децата играле карти у двор ги земале, тепале и апселе од двор!

Сингилич.

Децата >>
berat.jpg
 
Јас не сум се интересирал за животот и делото на Филипче, нит па ќе го направам тоа.
Супер е ти што еве ти му ја знаеш историјата на Филипче, само сето ова ти што го пишуваш ќе беше битно ко ланскиот снег, ако државава се справеше како што треба со вирусов. Во таква ситуација Филипче, иако знаеме дека не ги влече он сите одлуки и дека позади него има група луѓе, ќе го собереше кајмакот од таквата ситуација.
Ама, тоа не се случи и ние сме на дното од шлајмот држави во Европа.

Херојот, објаснив и после тоа, не значи дека ја сум имал слика од Филипче дома закачена и сум се крстел пред него и сум му палел кандилце. Да останеше херој, човек кој успешно се справил со криза, пак немаше да му се клањам туку едноставно ќе ја имаше мојата почит.
Филипче на почетокот изгледаше дека ќе биде херој, во смисла како што ја опишав, арно ама, реши дека политиката, политичарите и политичките игри се побитни и затоа сеа верувам дека има 0 почит и доверба кај народот.
Тоа што имаш различно мислење за филипче по само 3 месеци, значи дека лошо си го проценил а не дека он се сменил за толку кратко време. Доколку збориш лично за себе, а не општо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom