Типче ти ли најде да зборуваш? Па ти немаш никаков кредибилитет бе! Народот ви е крив сега. Сменете го ако не ви чини.
Мерките ви беа/се „купи ден-помини“ и сега народот бил крив.
Па да се собереа неколку луѓе од форумов ќе имавме подобри резултати.
ПС: Те условувам со вие оти отворено ги поддржуваш сдс на нашата земја. И очигледно сте на иста линија со ајкју-33.
Мене политички кредибилитет ми треба за да пишувам на форумов? Ме зезаш? Мислам... мое демократско право е да поддржувам кого јас сакам, исто како што ти имаш право да ме конфронтираш но сепак... не вака. Не е убо за очи
Треба аргументи, факти, време....
Друго, класичен муабет е тоа "да се соберевме ние, ќе напраевме чудо".
Демек овие во кризниов штаб - професориве по епидемиологија и јавно здравје - не знаат како треба, па ние ќе ја исправиме крива Дрина
) Не ти звучи тоа познато? Цел народ се експерти за скоро секој проблем со кој се соочила Македонија. Право чудо е како тоа толку експертски народ не успеа досега да пронајде и да го изгласа на избори правилниот политички кадар во изминативе 30 и кусур години. А можеби и не сме баш толку паметна нација, м, шо мислиш? Зошто искрено, ако народот сака вистински промени, нема да гласа од личен/фамилијарен интерес. Така? Ама не бе друже, далеку сме ние од тоа. И кој ни е крив за ова? Кој ни е крив што 30 години носиме лопови на власт? Експертскиот народ?
И нормално дека не спаѓам во групата "вие" зошто исто како што отворено сум ги поддржувал СДСМ, отворено и ги критикувам за многу грешки што ги направија.
Така да... неможеш да ми ставаш политичка конотација во моето мислење.... од проста причина што јас ИСКРЕНО верувам дека постои голем процент на малоумно население, дел тотално не ги почитуваат мерките, дел делумно, дел не веруваат ни дека Ковид19 постои и... тука е мојата критика кон народот. Треба ли да пастирам овде линкови од тоа со какви фаци се соочија здравствениве служби? Исклучоци има многу... има свесен и одговорен народ кој придонесува за општото здравје, но за жал има и голем дел што се тотално игнорантни и несвесни за последиците од непочитување на мерките за заштита од вирусот.
Власта не може со инка да им тура ум на малумните, за жал. Таа си има други стратешки грешки за кои можеме да дискутираме, но ултиматно луѓето (индивидуално и колективно) се одговорни за најголем дел од црната статистика.
Не знам дали ќе ме сватиш, те гледам некако наеднаш ме етикетира како човек со ајкју-33 но верувај, рано ти е тебе за да носиш такви заклучоци по однос на мене и моите оштествено-политички верувања. Само полека и смирено... и јас сум разочаран од тоа како се одвива ситуацијава, и мене ме боли по џебот, ама не се истурам по други..