Затоа и напишав холандско-југословенска трилогија, има многу за НОБ таму, и воведи, заклучоци, може да се точни за 1.Мај 1941 но поставља се питање зошто го избрале баш тој датум за анализа, Хермес не знам нит дали бил стациониран на далечни исток постојано.
Да ставеа 1.Јуни 1942 е тоа ќе беше друго.
Германците постојано биле генерација напред од сојузниците во воздух, проблемот бил што не можеле да штанцаат доволно за да техничко-тактичките предности дојдат до израз.
Секој вид оружје е само дел од систем и зависи од многу фактори како ќе се уклопи во борбени услови.
Од техничка гледна точка, неспоредлив е ФВ-190 со БФ-109.
Види ја само кабината на ФВ, втора со 360 степени видливост (прв е ИАР-80, влашкиот) и спореди ја со коцката кај Бф-109 и ограничената видливост. Последниот Бф-109 Курц имал мотор од 2К+ топ и пар митралези и со вбризгување метанол и дестилирана вода терал накај 730 кмч.
Дора е одличен наследник на Антон, со В мотор од 12 цилиндри со турбополнач, практично е нов авион, носи вооружување 2*30 и 4*20, последен е Та-152 кој е крајна инстанца во развој на клипни ловци, види му само rate of climb и плафон, тоа биле потребите на ЛВ, ловец кој брзо се искачува горе и од страна на сонцето со гас до даска распалува по 4-моторњак.
Та-152 исто има систем со метанол и вода и терал 780 на час.
Советските авиони биле најлоши од сојузничките во секој поглед, дно бил ЛаГГ-3 или како што пилотите по нарекувале Лакиран Гарантиран Гроб
Не, никој никогаш редовно не победувал Ме-262, обично созујнички ловци чекале да почнат да слетуваат па да ги удрат дури се во слетувачки мод, скоро и да немало начин да се обори Ме-262 во воздушна борба, тие што успеале, малкумина, го славеле тој ден до шампањац.
Не постои технолошки еквивалент кај сојузници на Ме-262 Швалбе, ок, постои Метеор кај Британци, но тој е клипен авион со млазни мотори. Ме-262 е од почеток граден како млазен, со стреласто крило, и аеродинамичен труп далеку посоодветен за специфичностите на струењето на воздухот при поголеми брзини. Вооружувањето му е стравично, 4*30 и ненаведаувани ракети Р-4 под крила кои се покажале сосема корисни при сусрет со Б-17 пример.
СССР нема никаков млазен авион, Италија има ама не го развива до Реџане-2007, Британија ги има Метеор и Вампир кои се далеку од Швалбе, САД го има јадниот П-59 и подоцна П-80, и за двата важи исто, што се клипни авиони со млазен мотор, значи конструкторите на сојузниците немале поим за каква конфигурација е потребна за да се извади максимум од реактивен погон, Јапан нешто плетка со лиценца на Ме-262 (Кика) ама прекасно...
Во тоа време ЛВ го тестира Хукбајн и П.1001, да не го заборавиме и млазниот бомбардер Ар-234, прв од тој вид во светот кој бил во оперативна употреба. Од Хукбајн на ангро имаат позајмувано решенија и амери и руси за нивните подоцнежни Ф-86 и МиГ-15.
Дакле, да се оддолжела војната и П-80 и Вампир да влезеле во сукоб, освен Ме-262 ќе требало да се соочат со Хукбајн, а тоа не би била убава глетка за сојузниците.
Во што е далеку, од Ил-2? Можеби зад Ил-10. Рудел летал и на ФВ-190 Антон.
Еино Јутилаинен фински ас со 98 победи го опишува Ил-2 како селско-стопански авион
Напиши нешто за ''живата торпила" над Ќустендил, тоа е интересна сторија.