- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Да не мислиш на Т34 и Тигар? Или можеби обратно, на Т34 и Пантер, а не на Пантер и Т34?
Т34 е излезен 40-та, а 41-ва, при Барбароса, прв пат во битка. Пантер - половина 43-та.
Автоматски споено мислење:
Барбароса ја почнале со 600.000 возила и 625.000 коњи. Влечни повеќето - што влечат колички, поточно вагони. Тешки германски вагони со свашта у нив, или влечат и други ствари, како артилерија и сл. Тоа се силни германски коњи, кои јадат калорична храна и работат шест дена неделно. Еден одмараат. Што влијаело особено на нивниот перформанс и здравје во руските пространства за време на Барбароса, која не паузирала еден ден, на секои шест. И кога на тоа ќе се додадат некалоричните тревки од руските степи, како антпод на храната која ја добивале предходно, тогаш они прават само она што знаат - се разболуваат, повредуваат и умираат. Многу од нив брзо биле сменети со локални жгољави коњчиња, кои се навикнати на тие тревки и тежок живот.
Да, прав си, Пантерот влегува во игра 1943, додека Т-34 е постар од него. Сум сретнал по документарци дека во 1943 излегол нов среден руски тенк Т-34, кој го надјачал пантерот, ваљда се мислело дека излегла нова надоградена верзија од Т-34 или лошо сум запаметил.