Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.503
Калехон дела муерте го знае секое штрафче и мутерче на мустангот, а за штуките да не збориме, едино влегоа у производство зошто инженерите му го дудлаа на Хитлер подобро од другите
Мустангот има интересна прича и малку фалело да не биде пуштен во серија ради проблемите со А-36 Апачи али тоа е прича која не ја знаеш, спашаваат британци со моторот Мерлин за кој даваат лиценца на Пакард, нит знаеш нит можеш да сфатиш.
Александр Јаковљев и друштво се потсмевале на штуките коа пазареле руси во немачка. Ќе му преседне тоа смеење на илјадници тенкисти и остало особље коа ќе ги сјебе граната со глава од волфрам-карбид подоцна.
Автоматски споено мислење:

Немам стриктно читано за оружја како тебе, но гледајќи битка по битка би рекол: 1. Германската морнарица била далеку послаба од британската, јапонската и американската. Е сега која била најдобра од овие три?
На почетокот на војната веројатно британската и јапонската биле супериорни наспрема американската(повеќе заради бројност и тактичка предност отколку заради технологија), но потоа американската го презема приматот. Исто има тука и некои многу битни ситници, како на пример многу им помага во битката на Пацификот на американците тоа што ги дешифрирале сите јапонски пораки и речиси го немало факторот изненадување(што обратно и тоа како биле успешни).
2. Авијација: Не гледам некои огромни технички разлики помеѓу главните играчи. Штуките пример паѓале како круши при операцијата ,,Морски лав", додека од друга страна биле смртоносни при блицкригот. Повеќе би рекол се работи за спремноста на пилотите, како и способноста на генералите да ги користат во право време на право место. Од ловците во Европа веројатно британксиот ,,Спитфајтер" е најславен од било кој друг ловец, што повторно не значи дека бил супериорен напсрема другите ловци. На Пацификот воздушните битки биле веројатно многу попресудни, иако кај германците бил приоритет број 1. За противавијацијата не сум запознат баш.
3. Тенкови-Пантерот убедливо најдобар се додека не дошол советскиот т-34(1943 година мислам). Оклопните дивизии биле веројатно најодлучувачкиот фактор за неверојатните германски успеси во првите 2-3 години од војната. Исто така и противтенковската артилерија била најдобра кај германците. Тоа посебно го кажуваат британците при битките во С.Африка, каде што секој погодок значел уништување на британски тенк/оклопно возило. Инаку најмоќниот топ во војната е искористен од страна на гермаците при битката за Севастопољ(Крим), бомбите што ги исфрлало тоа чудо наречено ,,Дора" биле со калибар од 80цм и тежина од 5000 кг, а биле потребни 4000 луѓе за да исфрли 3 гранати на час.

Има и други фактори тука, како на пример транспортни возила, кои биле многу битни заради големината на источниот фронт. Тука пример германците биле слаби, додека од друга страна русите ги имале во многу поголем број и само од САД добиле околу 400.000 транспортни возила.
Пантер е одговор на Т-34 кој се појавува три години порано, тој требало да биде немачкиот Т-34. но како и обично, немската удреност во умот стапува на сцена, прекомплициран, прескап и претежок за масовна производња. Така на крај, направени се 87.000 шасии на Т-34 и околу 6.000 од Пантер... :angel:
Автоматски споено мислење:

Да , Николај абдицира во Март 1917,тоа е de facto република а де јуре во септеври 1917.
На СССР и требаше дури некаде во 1929 ја достигнаа економијата (per capita) на Русија пред прва светска војна. Падот на економијата е пред се по 1917.
Воколку немаше болшевичка револуција, Русија не само ќе ја задржеше Полска , Финска и Балтик, туку ќе припојеа индустрилизирани региони во Германија, Чехословачка и Унгарија. Не знам во кое сценарио СССР е сепак посилна од таква држава во 1941.
Ако не победеа комунисти немаше на исток да има Брест-Литовск, знаеш во кое расуло, деморализација, дезертирања и општо дно била руската војска во тој период, посебно после Брусилов офанзивата?
Автоматски споено мислење:

Да не си грешка со податоциве? Јас ептен ептен различни податоци читам.
30 носача нема шанси да имале на старт на војната. Јапонците во мај 1941 имаат 10, додека американската азиска и пацифичка флота само 3 носача. Јапонската флота била во се побројна од американската: лесни крстарици, тешки крстарици, бојни бродови, подморници, разорувачи. Да не прајме муабет после Перл Харбур кога изгубиле 18 бродови и 188 авиони(159 оштетени), а и после Перл Харбур, кога речиси цела американска азиска флота(на Филипините и останатите бази) била уништена. Не верувам дека на Атлантикот држеле 27 носача, при таква експанзија на Јапан. :D
САД брзо станала машинерија за производство на оружје. Веќе во 1942 година произведувале повеќе оружје од Италија, Јапонија и Германија заедно(!), но на почетокот на војната биле многу слаби на тој план.
Eве ,,мои,, податоци, од холандски институтПрегледај го приврзокот 253501:
Автоматски споено мислење:

ЕДИТ: И при битката за Мидвеј(во 1942 година) јапонците имале од прилика 3:1 оружје наспрема американците, така што не верувам дека американците биле надмоќни во тој сегмент. Несфатливо е како наместо да нападнат во 2 или 3 брана јапонците ја расцепкале флотата на 7-8 дела и напаѓале посебно. Затоа и биле одбиени и претрпеле големи загуби. А и заради тоа што сметале на факторот изненадување, кој воопшто го немало! Американците многу добро знаеле дека им се спрема Мидвеј.
Ја имам истава книга, оваа е првата од трите (меѓу другите :D )
Овде го рачунаат и британскиот Хермес а тој ќе биде на дното до крај на месецот...38-31 за Јапан во капиталци (носачи, ББ/БК, тешки крстосувачи) но најзначајна е предноста во носачи која фактички е 10-3
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.042
Поени од реакции
83.481
ЕДИТ: Можно е да се точни и ,,моите" податоци, пошто на крајот вика дека имал уште авиони на располагање Јапан, но од различни причини не биле косристени. Повторно доаѓаме до крупната грешка со расцепкувањата на флотата.
Не е расцепкано. Донесено е доволно за во таков голем изненаден напад, да уништат два носача.

Најдобрите носачи, што ги имале у тоа време, не биле дел од Кидо Бутаи овој пат. На поправка се после Коралното Море. Други големи носачи не знам дали уопште имале у тој момент.

Не е расцепкана флотата, таман си е. Преголем ризик би било главнината да биде во битката. Ти кажав прееска, Американците своите бојни ги однесоа дури до Калифорнија (некои од нив). Главнината со Јамамото имала улога да ги зачисти противничките пловила кои евентуално би се појавиле после уништувањето на двата американски носачи, кои би тргнале од Хаваи да интервенираат, по бомбардирањето на Мидвеј.
Да дошле и главнината пловила тука, ќе потонеле добар дел со се носачите, додека избегаат. И американците и Јапонците ги држат своите гломазни пловила (бојни...) на ивица од театарот на операции. И двете нации веќе навлегуваат во новата поморска доктрина, која вели не се цареви бојните, туку носачите.

Третата група бродови, транспортни повеќето, со пешадија/маринци, би дошла на крај, да изврши амфибијска инвазија на островот и со тоа да заврши операцијата. Уништена пацифичка флота (this time fo'real), загрозени Хаваи и Американците ваљда ќе мораат да седнат на маса.

Сосема друга работа е што американските носачи не се два, а не се ни на Хаваи, туку се баш тука и чекаат у заседа.

Проблемот со овој и сите јапонски планови во Втора Светска е:
што се беспотребно комплицирани и со тоа се зголемува шансата некаде да се киксне. Велат, ни најдобриот воен план на светот не ја преживува средбата со непријателот и со тоа сакаат да кажат дека воено планирање е едно, а реализација на тој план, увек испаѓа нешто друго, некогаш повеќе, некогаш помалку. Јапонците тука дупло се заебани. Прво, затоа што имаат прекомплицирани планови и друго, затоа што секогаш тие свои планови ги тестираат во идеални услови, со претпоставки дека времето ќе биде како што сакаме, или непријателот ќе се однесува како што ни одговара. Главно правило на военото планирање операции е, при тестирање, секогаш треба да ги претпоставиш најнеповолните можни услови. А они обратно. Потоа, секогаш имаат нереален оптимизам, зачинет со самозалажување и самоубедување дека е така како што им одговара. Многу се смешни. Они имаат најнесигурна пракса во репорти на причинети штети врз непријателот. На пример, не знаат дали потопиле носач (често напаѓале ноќе, мајстори биле за тоа), но според телефонски разговори фатени од непријателот, им се учинило дека непријателот збори у шифри за тоа како изгубил носач и тоа им е доволно да заклучуват - готово потопивме носач и си цепаат со тој ниет. А не било така (за Корално зборам). Или пукале по авиони и според тоа што на хоризонтот имало дим репортираат дека срушиле три авиона. Ниеден не срушиле.
Имаат нешто у менталитетот и начинот на понашање со тој лудачи оптимизам и елан. Секогаш се соопштуваат добри вести на повисоките ешалони, па ако треба и се самозалажуваат, што и најчесто го правеле.

Fun fact: тестирањето на операцијата Ми, преку воени игри дало најдобри резултати од сите дотогашни тестирања на јапонски воени операции. Кон Мидвеј тргнале со гигантаска самоувереност, а да речеме во случајот на Перл Харбур не било така и некои сметале дека тоа е рискантна и малку самоубилачка операција.
Автоматски споено мислење:

Вистинската предност на Јапонците кај Мидвеј е во квалитетот на пилотите по ескадрилите на носачите. Во тој момент немало подобри на светот од тие, во некои категории, како на пример во торпедо бомбардери.
Автоматски споено мислење:

А Американците, пак како антипод на јапонскиве торппедисти, го имале најлошото торпедо у свет. На тестирање околу 50% не експлодирале, али нешто слично ко кај нас шо се праи, тендери и сл., сепак го протнале тоа торпедо у употреба. И да, не експлодирувале.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594

Па да вака гледано, со оглед на тоа дека имале 200 пловила, логично е речиси половина авиони да ги користат за да ја штитат огромната морнарица. Така што суицидно би било пример уште 100 авиони да бидат вклучени во оваа најголема група. А и вака реално јапонците имаат многу поголем број на авиони, но ете се зезнале со извидувачите и биле изненадени. Ама повторно би се запрашал, доколку извидувачите си ја завршеле работата и со тоа американските бројки не ги потценеле дали би префрлиле уште уште еден мал носач таму?
Инаку првата битка во историјата каде што пловилата воопшто не се сретнале и авионите и носачите имале речиси апсолутно предимство е чинам таа во Коралното Море, месец или два претходно. Тоа се револуционерни моменти во тоа време во поглед на начинот на војување на вода.
Инаку исто начна друга интересна тема. Гледано битка по битка планирањето е многу постриктно кај јапонците, отколку кај американците. Јапонските адмирали многу повеќе се држат кон зацртаниот план, додека американците да кажеме дека повеќе импровизираат.
Ист случај е Германци в.с. Британци во битката за Британија. Британската остроумност и прилагодувањето кон моменталните ситуации е многу позастапено отколку кај гермнаците, кои практично тераат по истиот план(што не значи дека во некои битки е погрешно). Тоа е на некој начин и слика на менталитетот на четирите народа, првите се поколективисти, додека другите се поиндивидуалисти.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.042
Поени од реакции
83.481
А и вака реално јапонците имаат многу поголем број на авиони, но ете се зезнале со извидувачите и биле изненадени.
Јапонските извидувачи не си ја завршиле работата. Извидувале површина колку Шведска, седум авиони. Тоа било невозможна мисија, требало да пратат повеќе. Јапонскиот извидувач Tone 4 од до денес непознати причини (најверојатно проблем со лансирање), тргнал дури пола саат покасно, но порано се вратил, помалку далеку отишол и при враќање ја забележал флотата. Да тргнел на време, Н'гумо, ќе ги имал тие легендарни 20+ минути да изреагира после при збрката.

Тоа е јавниот наратив и тој е генерално погрешен.

Всушност, начинот на кој ги испратиле извидувачите бил за тоа време најдобар можен начин за пребарување, секако во услови кога не очекуваш да има тука негде непријателска флота.
Јапонскиот извидувач Tone 4 да тргнел порано, заедно со другите, ќе отишол подалеку, немало да се врати порано и повторно ќе налетал на флотата отприлика во исто време, или немало ни да ја фати.
Во секој случај Н'гумо немало навремено да ја добие информацијата.

Некогаш нема правилен избор. Тогаш, што и да направиш, газот отпозади ќе ти биде.
Како португалскиот владетел, чиј замок од камен се срушил до темел при легендарниот Лисабонски земјотрес. Затоа следниот пат изградил замок од дрво, кој набрзо му изгорел до темел у голем пожар.

edit: а ако баш толку сакаме да набедиме некој извидувач, тоа никако не би бил Tone 4, како што вика јавниот наратив, туку тој до него, погоре - Чикума 1, кој никој не го спомиња у тој погрешен јавен наратив.
Автоматски споено мислење:

Јапонските адмирали многу повеќе се држат кон зацртаниот план, додека американците да кажеме дека повеќе импровизираат.
Да, американските адмирали се самоиницијативни. Лејте и Саво се најдобрите примери каде оваа особина на Јапонците се покажала како пречка до победата. Може да се каже дека имале поголема победа во раце, а се задоволиле со помала победа или моментално нерешено. Баш заради таа особина.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.503
Нешто ми е сомнително во Холандско-Југословенската трилогија, имено 1.мај 1941 веројатно е печатна грешка и се мисли на некој датум од почеток на 1942. Ако не е печатна грешка тогаш не дава релеватна слика за почетокот на ратот и првата фаза, до Мидвеј.

Имам книга за носачи, ги има сите градени 1917-2004.

Јапан до Мидвеј :

Хошо 1923,
Акаги 1927,
Кага 1928,
Рјуџо 1933,
Сорју 1937,
Хирју 1938,
Зуихо 1940,
Шохо 1941 (потопен Мај 1942)
Рјухо 1934,
Шокаку 1941,
Зуикаку 1941,
Хијо мај 1942,
Џунијо, мај 1942,
Таијо 1941,
Унијо април, 1942,

Така да Јапан во Јуни 1942 има 14 носачи а не 10.

САД до Мидвеј :

Ленгли 1923 (потопен фев.1942)
Лексингтон 1927 (потопен мај,1942)
Саратога 1928,
Ренџер 1934,
Јорктаун 1937,
Ентерпрајз 1938,
Хорнет 1940,
Восп 1941,

До Јуни и Мидвеј односот е 14-6 за Јапан :cautious: (на старост почнав со смајлиња, не замерајте, интересно е)
Имам и "морнаричката библија" Конвејс 1860-1995 во 4 тома по 600 страни а никако да излезе петтата 1995-2020, наводно накај 2025.
Драматична предност на Јапан и уште еден доказ за супериорноста на америчкиот пристап на ризик и давање на индивидуални адмирали и капетани можност за импровизација (и на еден док во Перл Харбор :D)

Околу ББ/БК/ТК ќе ми одземе премногу време ама цифрите ми делуваат ок горе долу.

Америве имале околу 200 носачи во ЊЊ-2:angel:, не гледај ова до Мидвеј тоа е пред да се мобилизира Левијатанот на америчката бродоградња, па 25-30 им позајмиле само на Британија :D 24/32 страшно добри од класа Есекс (поголеми од класа Ентерпрајс) од 37К тони ги млателе јапанците по големиот лов на ќурќи како што америте го нарекувале скокот од остров на остров 1943-44-45.
1941-42 не дава целосна слика.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.042
Поени од реакции
83.481
Некако имам впечаток, дека гарант има огромна разлика од мали до големи носачи. Не само во бројот на авиони.
На сите предавања, како стратегиски и оперативен влог, кога споредуваат моќ на САД и Јапан, ги спомнуваат само големите носачи. Или барем нив ги потенцираат, или ги кажуваат како примарни.

Така да, не верувам на пример, дека три мали вредат колку еден голем.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.503
Она што го пишав не се однесува на нив тројца и нивните односи. Ниту зависело од нивните односи, туку од претходните договори и односи.
Автоматски споено мислење:

Изгледа не читаш внимателно. Не зборувам за никаков мит туку за реална состојба - пишав дека обединувањето на Македонија не било можно, не оти Тито не сакал туку тоа било противно на одамна зацртаниот договор. Тито, вака или така на крајот од војната имал најмотивирана армија (а и на крајот и добро вооружена). Ама не станува збор за Тито туку за Македонците. Македонците во однос на Грција држеле доста територија во Грција, а со помош на борците од Вардарскиот дел би постигнале завидни резултати. Да, ама никој тоа не би го дозволил...
Борбата на нашите таму била однапред осудена на неуспех, само што нашите борци тоа не го знаеле. Тито тоа го знаел. Во времето на Јајце тоа не го знаел (и затоа Македонците не биле повикани, впрочем тогаш К.П. на Македонија делумно била и независна од КПЈ) но потоа информиран од решенијата на Јалта почнува да ја вклучува Македонија во идната федерација.
Не знам на што мислиш кога велиш добро вооружена армија, затоа те прашав со какво офанзивно оружје располагала ЈА во средина на 1945 за да може дел од тоа да го прати во Грција, знам дека добиле 65 Т-34 во 1944, и 54 лесни тенкови М-5 Хани од Британци, 25 оклопни автомобили од УК, 12 од СССР, од тоа добар дел страда низ ослободителните борби, не знам дали 1/3 од тие скромни цифри биле исправни во време кога требало да се помага во грција, тука се и остали ствари како авиони и артилерија.
Она што имале напретек тоа било лично пешадиско оружје, пушки репетирки пред се, само од талијани заробиле 100К+ но за ДАГ и Македонците не им недостигале пушки туку тешка артилерија, авиони, тенкови кои можат да ја пробијат грчката армија...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.042
Поени од реакции
83.481
Америве имале околу 200 носачи во ЊЊ-2:angel:, не гледај ова до Мидвеј тоа е пред да се мобилизира Левијатанот на америчката бродоградња, па 25-30 им позајмиле само на Британија :D 24/32 страшно добри од класа Есекс (поголеми од класа Ентерпрајс) од 37К тони ги млателе јапанците по големиот лов на ќурќи како што америте го нарекувале скокот од остров на остров 1943-44-45.
1941-42 не дава целосна слика.
Стратегијата на скокање, е една од двете кои ги спровеле и вклучува многу амфибиски операции/битки, по средина на Пацификот.
A Great Marianas Turkey Shoot е воздушниот дел од битката за Филипини (половина 44-та).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.503
Некако имам впечаток, дека гарант има огромна разлика од мали до големи носачи. Не само во бројот на авиони.
На сите предавања, како стратегиски и оперативен влог, кога споредуваат моќ на САД и Јапан, ги спомнуваат само големите носачи. Или барем нив ги потенцираат, или ги кажуваат како примарни.

Така да, не верувам на пример, дека три мали вредат колку еден голем.
Во основа носачите се делат на флотни и ескортни носачи. Америте штанцаат ескортни пост-Мидвеј и при почеток на 1943, заедно со флотните Екекс. Но има и средни носачи (индепенденс, хијо) кои не се флотни по дефиниција но се дааалеку подобри од ескортерите, така да, не е лесно и тука да се направи сметка, вероватно би било најдобро да се собере капацитетот на носачите за носење авиони, па така би имале сооднос на палубни авиони Јапан вс. САД, пореална слика.
Автоматски споено мислење:

Стратегијата на скокање, е една од двете кои ги спровеле и вклучува многу амфибиски операции/битки, по средина на Пацификот.
A Great Marianas Turkey Shoot е воздушниот дел од битката за Филипини (половина 44-та).
Секогаш ги мешам тие поими :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.042
Поени од реакции
83.481
Во основа носачите се делат на флотни и ескортни носачи. Америте штанцаат ескортни пост-Мидвеј и при почеток на 1943, заедно со флотните Екекс. Но има и средни носачи (индепенденс, хијо) кои не се флотни по дефиниција но се дааалеку подобри од ескортерите, така да, не е лесно и тука да се направи сметка, вероватно би било најдобро да се собере капацитетот на носачите за носење авиони, па така би имале сооднос на палубни авиони Јапан вс. САД, пореална слика.
Ја стварно, не знам многу за сервисните носачи. Али не верувам дека може да се сведе разликата помеѓу Big Flight Decks и другиве само на авионски капацитет. Некако многу ги игнорираат, како да се небитни.
Веројатно да координираш работа на три мали е посложено отколку на еден голем. Или дометот на малите е помал. Не тврдам, туку претпоставувам кои би биле разликите, надвор од сувите бројки за авионски кпацитет.

А ја ги мешав едно време Битката за Филипините со Лејте.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.503
Ја стварно, не знам многу за сервисните носачи. Али не верувам дека може да се сведе разликата помеѓу Big Flight Decks и другиве само на авионски капацитет. Некако многу ги игнорираат, како да се небитни.
Веројатно да координираш работа на три мали е посложено отколку на еден голем. Или дометот на малите е помал. Не тврдам, туку претпоставувам кои би биле разликите, надвор од сувите бројки за авионски кпацитет.

А ја ги мешав едно време Битката за Филипините со Лејте.
Во овие наведените нема ниту еден ескортер, исклучок се Хошо и Ленгли како први па така, помали со по 30 авиони, но осталово е све поголеми средни и големи, некои се преградувани бивши бојни крсташи (Акаги, Лексингтон) но воглавно радиусот на дејство не се разликува значајно меѓу амерички и јапански во тоа време, пошто и двете граделе за Пацифик кој е најголем океан.
Плус дел од јапански сеуште немале Зеро во Јуни 1942, поради задоцнето производство па се мотаат Мицубиши А5М, претходникот на Зеро, мислам дека еден од факторите биле тие 4 кои имале 100% ловачка компонента од Зеровци плус искусни летачи да се упатат кон Мидвеј, наместо овие со скромниот А5М.
Преголем удар, губењето на пилотската елита за еден ден :facepalm:, не знам дали се опоравиле од тоа некогаш.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Нешто ми е сомнително во Холандско-Југословенската трилогија, имено 1.мај 1941 веројатно е печатна грешка и се мисли на некој датум од почеток на 1942. Ако не е печатна грешка тогаш не дава релеватна слика за почетокот на ратот и првата фаза, до Мидвеј.

Имам книга за носачи, ги има сите градени 1917-2004.

Јапан до Мидвеј :

Хошо 1923,
Акаги 1927,
Кага 1928,
Рјуџо 1933,
Сорју 1937,
Хирју 1938,
Зуихо 1940,
Шохо 1941 (потопен Мај 1942)
Рјухо 1934,
Шокаку 1941,
Зуикаку 1941,
Хијо мај 1942,
Џунијо, мај 1942,
Таијо 1941,
Унијо април, 1942,

Така да Јапан во Јуни 1942 има 14 носачи а не 10.

САД до Мидвеј :

Ленгли 1923 (потопен фев.1942)
Лексингтон 1927 (потопен мај,1942)
Саратога 1928,
Ренџер 1934,
Јорктаун 1937,
Ентерпрајз 1938,
Хорнет 1940,
Восп 1941,

До Јуни и Мидвеј односот е 14-6 за Јапан :cautious: (на старост почнав со смајлиња, не замерајте, интересно е)
Имам и "морнаричката библија" Конвејс 1860-1995 во 4 тома по 600 страни а никако да излезе петтата 1995-2020, наводно накај 2025.
Драматична предност на Јапан и уште еден доказ за супериорноста на америчкиот пристап на ризик и давање на индивидуални адмирали и капетани можност за импровизација (и на еден док во Перл Харбор :D)

Околу ББ/БК/ТК ќе ми одземе премногу време ама цифрите ми делуваат ок горе долу.

Америве имале околу 200 носачи во ЊЊ-2:angel:, не гледај ова до Мидвеј тоа е пред да се мобилизира Левијатанот на америчката бродоградња, па 25-30 им позајмиле само на Британија :D 24/32 страшно добри од класа Есекс (поголеми од класа Ентерпрајс) од 37К тони ги млателе јапанците по големиот лов на ќурќи како што америте го нарекувале скокот од остров на остров 1943-44-45.
1941-42 не дава целосна слика.
Дефинитивно не се работи за печатна грешка. Податоците се за состојбата пред Перл Харбор, во тоа сум сигурен. Е сега дали се точни или не изнесените бројки е предмет на дискусија. Сепак книгата е пишувана 30 години после војната и логично е холанѓаните(само главите за југословенските битки се пишувани од југословени, другите се преведени) да имале помалку информации од современите историчари.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.720
Ај еве ќе се запишам на долго.
Прво да разјасниме,да не навлегуваме во детаљи и исклучоци туку генерално само.Битките во воздух не се "ферската" еден на еден,туку зависат од милион фактори во комбинација со можеби најбитниот-човечкиот фактор! Овде само генералниот тек на настаните:

-Почеток на 1930-тите,Германската Армија сеуште понижена и ограничена,почнува да флертува со огромниот цивилно-индустриски комплекс за развој и опремување.
Доаѓањето на Хитлер на власт само ги засилува нивните напори,и ја пали жедта за профит на големите индустријалци и помалите дизајнери.

-Првиот "наци" продукт Месершмит bf-109 добива огнено крштевање во Шпанската граѓанска војна(1936-1939).Продуктот е супериорен,првенствено поради неговиот мотор*,Гебелс ја гради Луфтвафе како најбројна и најопремена авијација во очи ВВ2.

-1939 започнува војната,Луфтвафе доминира во Полска,а подоцна и на Западен Фронт против Франција! Единствена авијација со можност за прецизно бомбардирање и поддршка! Доаѓа до израз недостатокот на стратегиска авијација,посебно бомбардери.

-1940 Операција "Морски лав" интересниот дел од големата слика.Луфтвафе за првпат се соочува со подготвен противник.Загубите се огромни,како во опрема така и во човечки потенцијал! Bf-109 едвај и да е подобар од Спитфаер,бомбардерите се лесна мета на ПВО и Ројал Ерфорс. Германците продолжуваат да го подобруваат bf-109,но истовремено инвестираат и огромни средтва и ресурси во бомбардери(од кои повеќето никогаш нема да го видат светлото на денот).

-22 јуни 1941,Луфтвафе е сеуште најмоќна авијација на светот! Повеќето советски авиони се уништени на земја! Крах на советската авијација! Сепак недостатокот од нови авиони почнува да се приметува,во однос на загубите.
Нова генерација советски авиони го гледа светлото на денот,Јак-7,Ил-2. СССР почнува да се вооружува и со америчко оружје.
Луфтвафе поседува целосна супериорност на источен фронт!

-1942 Нова генерација на авиони,и далеку поголемиот индустриски комплекс влегуваат во игра на исток.Британците целосно го осигуруваат нивниот воздушен простор,и веќе почнуваат да чепкаат над Германија.
Лефтвафе сеуште држи супериорностна исток,но по огромна цена! Јак-7,П-39 ер кобра,П-40 Вархавк и Спитфаер се подеднакво добри со новите варијанти на bf-109 и доаѓаат во илјадници и илјадници.

*фуснота Германската индустрија има тесно грло во производството на бф-109,неговиот ДБ-605 мотор! Секое летало буквално е проектирано околу овој мотор,кој е екстремно сложен,скап и спор за производство. Фоке-Вулф 190 е решението за овој проблем затоа што носи нов радијален мотор.И иако никогаш FW-190 не бил проектиран како замена туку како дополна на бф-109,неговите перформанси како за нов авион не се ништо подобри. Германците и немаат многу избор освен да штанцаат колку може повеќе од овие два типа,но се на раскрсница за иднината на нивната авијација... Војната е се уште незвесна!
Продолжува....
Наставак на преобемната тема за Луфтвафе и генерално авијацијата во 2СВ!Ќе се трудам да бидам што по концизен,а вие не замерувајте ако превидам нешто.
-Годината е 1942! Речиси средината на конфликтот,кој тогаш сеуште никој не знае како ќе заврши!
-Европа е осигурана,германското освојување на исток е запрено(Битката за Москва),но германците сеуште не го кажале последниот збор и сеуште самоуверено ја држат цела Европа до Волга! Полувреме на најважната утакмица за човештвото!
-На запад Луфтвафе добива нови FW-190 авиони во количина со кои лесно се спретивставува на Спитфаер V.
-На исток целосна супериорност со BF-109!
Што би можело да тргне наопаку?
-За одговор на ова прашање мора да се вратиме во предвоените години.
Луфтвафе(со право) не сака да се ослонува на само еден тип на ловец,па уште во 1937 распишува тендер за нов ловец! За негова несреќа bf-109 се покажува како одличен и надмоќен ловец во однос на сите противници! Да биде уште поинтересно,авионот со континуирани модификации станува уште и уште подобар! Така проектот на Фоке-Вулф се завлечкува и држи во континуиран развој.Плус првите две години од војната Луфтвафе(отсега скратено ЛФ) има потреба од се освен нов ловец!! Така ресурси повеќе се трошат на бомбардери кои имаат огромни загуби во битката на Англија и Советскиот Сојуз. Егото на Хитлер и Геринг исто така влегува во игра,а тие двајца се палат само на бомбардери!
-Иако бф-109 е супериорен ловец,загубите над англија и СССР ја ставаат под притисок ЛФ и германската авио-индустрија која неможе да одговори на барањата.За Неговиот ДБ мотор се тепаат сите производители и проектанти,а ловците иако политички непопуларни се потребни се повеќе. Решение е "новиот" FW-190 што ќе користи сосем поинаков BMW радијален мотор.Воведен во август 1941 во северна Франција како засилување.
-FW-190 се покажува одлично против спитфаер,и голема среќа за русите што нема да биде воведен на источен фронт тек до крајот на 1942 година!Таму речиси исто добриот бф-109 е сосем доволен.
-Проблемот за ЛФ е што и сојузниците не спијат! Англичаните релативно брзо(средина на 42') ќе го воведат спитфаер IX како противтежа,а русите имаат повеќе проекти паралелно во развој.И иако Јак-7 и П-40 Warahwk нема да бидат совршениот одговор,резултатите ќе стигнат за брзо време!
-Да сумирам! 1942 ќе биде полувреме кога сојузничкиот тренер ќе смени тактика,а германците како германци ќе сакаат да играат исто до 90 минута :D
-Долгиот развој на FW-190 ќе го направи најдобар ловец во првата година од неговото воведување,но истовремено ќе ги исцрпи можностите за негово подобрување во иднина!
-ЛФ е сеуште надмоќна во секој театар каде делува,но нема визија за иднината. Развиваат разни бомбардери,двомоторни ловци,мултифункционални ловец-ноќен ловец-бомбардер скаламерии,експериментални ракетни и млазни авиони(сеуште моторите биле sci-fi 42',посебно млазните мотори).. но верувале или не,проект за нов ер-супериорити ловец немаат! Ловец кој ќе може да биде произведен масовно,кој ќе може да биде сервисиран од авио-механичар на поле,кој ќе може да им парира на идните сојузнички ловци...
Продолжува...
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.620
Поени од реакции
716
Вистината е дека сојузниците не победуваат благодарение на некои високо-технолошки средства, а главно заради нивниот број. :)

Неодамна ја прочитав книгата на Курт Мајер. Кон крајот на војната, додека бил на Западниот фронт, ЛУфтвафе скоро ги немало, а сојузниците ги бомбардирале секој ден.
 
Тоа е само делумно точно! Иако вистина бројките биле на сојузничка страна,квалитетот на опремата не смее да се занемари.
Пр. 1944 во чиста воздушна битка над Романија,ескадрила од 18 Лавочкин Ла-7(или 9 беше),целосно уништиле 24 FW-190 со загуба од само два авиона.Слично и со П-51 Мустанг и Јак-3 кои редовно победувале над млазните Ме-262.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom