Немам стриктно читано за оружја како тебе, но гледајќи битка по битка би рекол: 1. Германската морнарица била далеку послаба од британската, јапонската и американската. Е сега која била најдобра од овие три?
На почетокот на војната веројатно британската и јапонската биле супериорни наспрема американската(повеќе заради бројност и тактичка предност отколку заради технологија), но потоа американската го презема приматот. Исто има тука и некои многу битни ситници, како на пример многу им помага во битката на Пацификот на американците тоа што ги дешифрирале сите јапонски пораки и речиси го немало факторот изненадување(што обратно и тоа како биле успешни).
2. Авијација: Не гледам некои огромни технички разлики помеѓу главните играчи. Штуките пример паѓале како круши при операцијата ,,Морски лав", додека од друга страна биле смртоносни при блицкригот. Повеќе би рекол се работи за спремноста на пилотите, како и способноста на генералите да ги користат во право време на право место. Од ловците во Европа веројатно британксиот ,,Спитфајтер" е најславен од било кој друг ловец, што повторно не значи дека бил супериорен напсрема другите ловци. На Пацификот воздушните битки биле веројатно многу попресудни, иако кај германците бил приоритет број 1. За противавијацијата не сум запознат баш.
3. Тенкови-Пантерот убедливо најдобар се додека не дошол советскиот т-34(1943 година мислам). Оклопните дивизии биле веројатно најодлучувачкиот фактор за неверојатните германски успеси во првите 2-3 години од војната. Исто така и противтенковската артилерија била најдобра кај германците. Тоа посебно го кажуваат британците при битките во С.Африка, каде што секој погодок значел уништување на британски тенк/оклопно возило. Инаку најмоќниот топ во војната е искористен од страна на гермаците при битката за Севастопољ(Крим), бомбите што ги исфрлало тоа чудо наречено ,,Дора" биле со калибар од 80цм и тежина од 5000 кг, а биле потребни 4000 луѓе за да исфрли 3 гранати на час.
Има и други фактори тука, како на пример транспортни возила, кои биле многу битни заради големината на источниот фронт. Тука пример германците биле слаби, додека од друга страна русите ги имале во многу поголем број и само од САД добиле околу 400.000 транспортни возила.
1.US navy прва од почеток до крај... убедливо! Нема зошто да се двоумиш.
2.Се согласувам со тебе.Немало техничка надмоќ од ниедна страна.Во најголем дел од случаите:пилотите,тренингот и ситуацијата одлучувале.
Мала дополна: за ПВО најдобри биле американците затоа што развиле бесконтактна радио граната што неморала да се подесува на висина(за артилерија или флак зборувам),англичаните ја добиле исто, иако и пред неа имале солидни оружја како легендарниот 30мм Бофорс! Ссср,Германија,Јапан заостанувале зад овие две .
3.Исто како и за авионите,пост 42-43 секој можел да уништи секого! Посада,тренинг,тактичка будност и комуникација одлучувале. Пантерот(па и генерално сите гер. тенкови) имале предност само во оптиката и прецизноста.Биле страшно добри само на отворено и од заседа.Во шума или тешко прооден терен лесно можеле да бидат изманеврирани... и па се враќаме на способноста на самата посада.
Инаку во право си,4 од 5 тенка биле уништени од претивтенковско оружје,мина,авион отколку од друг тенк.(за сите страни важи горе-долу)
4.Дора и Густав се пример за нерационалноста на германската војска и индустрија! В1 е врвот на таа глупост!
5.Прекрасен заклучок!!! Ретко кој знае дека Вермахтот биле "ручни колички и магариња"!
Еден од најголемите митови за механизираноста на џерманската војска. За споредба енглезите и америте биле целосно механизирани,па дури и во секојдневниот живот имале 1 кола на 10 луѓе,за разлика од Германија со 1 кола на 50 луѓе!! Фасцинантентен податок! Проверете и сами.
П.С. и да додадам,најдобрата артилерија во ВВ2 ја имале Советите! Една од ретките ако не и единствена гранка што функционирала како што треба уште за време на катастрофата 41'. Понатаму Станувале само подобри и подобри,и по квантитет и по квалитет. Имале посебен систем на регрутација со која ги барале само одличните и истакнати ученици,посебно математика и физика. Ригоризен тренинг во позадина,и одлична логистика на фронт. Посебна тема само за нив ќе треба.