Мнозинството бараше прилагодени и ефективни мерки а не гледаме во Италија се се затвара ајде ќе затвориме и ние.
Вирусот беше во различни стадиуми а ние само ги копиравме мерките. Кога Италија се затвори имаше по 10 илјади нови случаи а Македонија 15.
Италија намали на 500 дневно и нормално е да отворат се, Македонија сега со 50 дневно размислува за избори
Тука е проблемот, што од старт немавме никаква стратегија да се справиме ефективно
Властите ништо да не направеа околу корона да не донесоа ниту една мерка помалку штета ќе направеа него со нивниве „мерки„
Се слагам дека е надвор од секој разум да размислуваат за избори во ваква ситуација, а не се слагам дека властa односно министерот и луѓето во кризниот штаб можеа да направат нешто повеќе или да спроведат некоја друга - различна стратегија....
Едноставно толку е капацитетот на здравствениот систем во државава.
Ако имаш да речиме, 150 кревети со вентилатори за кислород... тоа значи дека горниот лимит е 150 луѓе. Ако треба да се примат 151, тогаш ќе мора 1 да оди капут пошо нели, толкав е капацитетот.
Шведска пример имаше 5500 кревети со кислородна поддршка, односно имаше предуслови да игра и на друга карта, што побрзо да се добие тој колективен имунитет.. но ако и таму се дојдеше до ситуација да треба да се хоспитализираат 5500 и 1 лице, и тие ќе беа приморани ко Италјаните да бираат кој ќе умира а кој не.
Значи да, во право си... индивидуално е и не може Македонија да носи исти мерки копирајќи ги другите држави, но како што веќе кажав.. кога имаш 150 кревети и светска епидемија... изборот како ќе се справиш со ситуацијата е тесен (да не речам, и не постои). Па затоа мораа на дневна база да носат одлуки, базирани на бројките заразени/хоспитализирани/починати.
Не дека ја бранам нешто власта... На министерот искрено капа му спуштам, и верувам дека то е максимумот шо тој можеше да го направи.
А овие игриве со тајмингот на полициските часој беа права катастрофа. Мене јасно ми е дека за ваков народ треба соодветни мерки.. ама мерки што носат позитивни резултати, а не мерки шо ги терет 200 пензионери да ја окупирет банкана за да ги подигнат пензиите пошо само 2 сати им дале право да излезат.
Многу.. многу грешки се направија.. можеби и пошо прв пат во историјава државава се справува со вакви епидемии, па немањето искуство и правилна стратегија си го стори своето.
Но ако морам да посочам некој крив, тогаш капацитетот на здравствениот систем би бил во топ 3 од факторите кои придонесоа да се случува ова.
Ево само еден пример шо катара народ сме... и ај кажи ми која е таа власт што би нашла компромисно решение.
Во недела(денес) со асистенција на МВР ќе биде тестирано потесното семејство(15-20 луѓе) на покојникот кој беше погребан со сите рутуали, а постмортем е докажан позитивен на Ковид. Семејството одбиваше да се тестира, а одбиваа да ги кажат и контактите кои биле на погребот, околу 200 луѓе
novatv.mk