Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.499
Поени од реакции
18.521
Кој од форумов е дел од фармата за тролови, ајде, сами кажете се. :LOL:

Баче, оној Александар, тие ми делуваат потенцијални кандидати.
Му е гајле на @Бачето ќе постира лажни вести, ама гледај дури и на кајгана на аватар носи маска, иако не се сомневам дека во носот има толку влакна нестрижени што исто како маска да носи :)
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.550
Поени од реакции
9.469
Му е гајле на @Бачето ќе постира лажни вести, ама гледај дури и на кајгана на аватар носи маска, иако не се сомневам дека во носот има толку влакна нестрижени што исто како маска да носи :)
не ќе да е Бачето, овие со лажни вести ќе мора да се од Сарај, барем според видето што го видовме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.499
Поени од реакции
18.521
15 март - 15 нови случаеви - се воведува вонредна состојба 3 дена подоцна, се затвара се, огромни екомски загуби и нарушено здравје на целата популација поради изолација, стрес итн

29 мај - 52 нови случаеви - се отвараат меани, гостилници, претседателот мудро најавува дека треба да научиме да живееме со вирусот и дека луѓе ќе умираат, тоа е тоа, јебига

Оваа е таа стратегија која ја теравме? И затоа се затворивме 2 месеци?
Па нели мнозинство бараше отворање?
Шо е чудење сега.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Следниот лидер на оваа држава :) ,па оти не е така што добро донесоја придонесоја кафиќите кафаните кладилницит( кој истите ги контролират се газди багра на криминалци дувло на психопати немоарални свртилишта на наркомани) за ова опшество , и народот упорно оди таму,.и тие да ја креират колективната свес несвест на народот наш напатен.
Не е. Што лошо придонесоја ?

И цела среќа што никогаш нема да бидиш лидер на државата.
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
964
Поени од реакции
634
Се зборува за воведување на карантин во некои општини. Што точно значи тоа, како се одвива купувањето прехранбени намирници, средства за хигиена, лекови? Во кои услови може да се искочи од дома?

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
12.225
Па нели мнозинство бараше отворање?
Шо е чудење сега.
Мнозинството бараше прилагодени и ефективни мерки а не гледаме во Италија се се затвара ајде ќе затвориме и ние.

Вирусот беше во различни стадиуми а ние само ги копиравме мерките. Кога Италија се затвори имаше по 10 илјади нови случаи а Македонија 15.

Италија намали на 500 дневно и нормално е да отворат се, Македонија сега со 50 дневно размислува за избори

Тука е проблемот, што од старт немавме никаква стратегија да се справиме ефективно

Властите ништо да не направеа околу корона да не донесоа ниту една мерка помалку штета ќе направеа него со нивниве „мерки„
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.093
Поени од реакции
8.398
Не ми е јасно која е логиката да има вонредна состојба пак заради вирусов а нема полициски час?
Ќе продолжат луѓето нормален живот да шетаат, да се групираат некој не почитуваат воопшто мерки, заболени не почитуваат и ќе биде уште појака бројката на корона заболени.

Туку се зборува дека ретко има луѓе кој се тестираат. Бегаат од тестирања или доаѓаат да се пожалат кога ќе бидат со доста појаки симптомите. Во Тетово тие со повеќе температура ги праќале во Скопје.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
Не ми е јасно која е логиката да има вонредна состојба пак заради вирусов а нема полициски час?
Вонредната состојба е само законско овозможување поголема слобода и овластувања на власта, за донесување мерки, уредби и сл., во услови на пандемија.
Полицискиот час и све друго се некои од тие мерки, одлуки, уредби.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Мнозинството бараше прилагодени и ефективни мерки а не гледаме во Италија се се затвара ајде ќе затвориме и ние.

Вирусот беше во различни стадиуми а ние само ги копиравме мерките. Кога Италија се затвори имаше по 10 илјади нови случаи а Македонија 15.

Италија намали на 500 дневно и нормално е да отворат се, Македонија сега со 50 дневно размислува за избори

Тука е проблемот, што од старт немавме никаква стратегија да се справиме ефективно

Властите ништо да не направеа околу корона да не донесоа ниту една мерка помалку штета ќе направеа него со нивниве „мерки„
Се слагам дека е надвор од секој разум да размислуваат за избори во ваква ситуација, а не се слагам дека властa односно министерот и луѓето во кризниот штаб можеа да направат нешто повеќе или да спроведат некоја друга - различна стратегија....
Едноставно толку е капацитетот на здравствениот систем во државава.
Ако имаш да речиме, 150 кревети со вентилатори за кислород... тоа значи дека горниот лимит е 150 луѓе. Ако треба да се примат 151, тогаш ќе мора 1 да оди капут пошо нели, толкав е капацитетот.
Шведска пример имаше 5500 кревети со кислородна поддршка, односно имаше предуслови да игра и на друга карта, што побрзо да се добие тој колективен имунитет.. но ако и таму се дојдеше до ситуација да треба да се хоспитализираат 5500 и 1 лице, и тие ќе беа приморани ко Италјаните да бираат кој ќе умира а кој не.

Значи да, во право си... индивидуално е и не може Македонија да носи исти мерки копирајќи ги другите држави, но како што веќе кажав.. кога имаш 150 кревети и светска епидемија... изборот како ќе се справиш со ситуацијата е тесен (да не речам, и не постои). Па затоа мораа на дневна база да носат одлуки, базирани на бројките заразени/хоспитализирани/починати.

Не дека ја бранам нешто власта... На министерот искрено капа му спуштам, и верувам дека то е максимумот шо тој можеше да го направи.
А овие игриве со тајмингот на полициските часој беа права катастрофа. Мене јасно ми е дека за ваков народ треба соодветни мерки.. ама мерки што носат позитивни резултати, а не мерки шо ги терет 200 пензионери да ја окупирет банкана за да ги подигнат пензиите пошо само 2 сати им дале право да излезат.
Многу.. многу грешки се направија.. можеби и пошо прв пат во историјава државава се справува со вакви епидемии, па немањето искуство и правилна стратегија си го стори своето.
Но ако морам да посочам некој крив, тогаш капацитетот на здравствениот систем би бил во топ 3 од факторите кои придонесоа да се случува ова.

Ево само еден пример шо катара народ сме... и ај кажи ми која е таа власт што би нашла компромисно решение.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Не ми е јасно која е логиката да има вонредна состојба пак заради вирусов а нема полициски час?
Ќе продолжат луѓето нормален живот да шетаат, да се групираат некој не почитуваат воопшто мерки, заболени не почитуваат и ќе биде уште појака бројката на корона заболени.

Туку се зборува дека ретко има луѓе кој се тестираат. Бегаат од тестирања или доаѓаат да се пожалат кога ќе бидат со доста појаки симптомите. Во Тетово тие со повеќе температура ги праќале во Скопје.
Статус на вонредна состојба овозможува да се воведе „полициски час“ во секое време.
Во моментов имаме сериозна ентропија.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Не ми е јасно која е логиката да има вонредна состојба пак заради вирусов а нема полициски час?
Ќе продолжат луѓето нормален живот да шетаат, да се групираат некој не почитуваат воопшто мерки, заболени не почитуваат и ќе биде уште појака бројката на корона заболени.

Туку се зборува дека ретко има луѓе кој се тестираат. Бегаат од тестирања или доаѓаат да се пожалат кога ќе бидат со доста појаки симптомите. Во Тетово тие со повеќе температура ги праќале во Скопје.
Вонредната состојба и полицискиот час не се поврзани.
Полициски час можат да воведат и при немири.
Вонредната состојба може да се тера без полициски час.
Вонредната состојба се прогласува кога државата се соочува со природна непогода или епидемија.Знаеш дека Собранието е распуштено.Кога Собранието е распуштено,Владата изигрува и легислатор и егзекутива.Вонредната состојба ѝ овозможува на Владата да донесува уредби со законска сила.
Проблемот е што МВР не казнува доволно,а и што самиве министри со неносење и погрешно носење на маски и неодржување дистанца,му даваат крива слика на народов,знаеш дека секогаш има тупаци што викаат ако Венко и Наќе не носат,зошто да носам јас,ако они не држат 2 метри дистанца,зошто пак јас... :tapp:
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.192
Поени од реакции
3.443
Ја не знам што очекувавте, оваа се знаеше штом ќе се тргнат мерките да имаме раст, додуша кај нив немаше мерки што и ни покажува отприлика колку би имале без мерки.
Сите го окривуваат Наќе, ама за 27 април министерот беше повикан само за сведок, додека Чавков и неговите соработници беа обвинети дека не постапувале, а министерот и неговите соработници дури и јавно изјавуваа дека знаеле дека ќе има упад во собранието, а не мрднале со прст.

Така и сега би требало да се бара одговорноста, зошто директорот на БЈБ не го спроведувал полицискиот час.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom