Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.504
Ја па сум слушал муабети дека тој 109 што излегол у Шпанска, баш и не бил толку супериорен и имал проблеми. Не бил баш ист со овој одпосле, кој го знаеме.
Тој бил А-0 со Јумо-210 од некои 600 коња, премалку за тежината, па покрај тоа започнал со дрвен пропелер :D како и двокрилците од тоа време и со два митралеза со синхро уред. Германциве цела пробна серија Бф-109V ја преименуваат во А-0 и ја праќаат Шпанија веднаш како и втората верзија Б-1 но тој Јумо не давал нит 550 коња, па тек третата верзија Б-2 со Јумо од 750 коња и 4 митралеза веќе било нешто кое наликувало на Бф-109 што сите го знаеме, нормално тој бил едини што можел во хоризонтален лет да го достигне Тупољев СБ-2 на бегање (450км/ч) пошто Бф-109Б-2 веќе фаќал 500км/ч.

Неверојатен е бројот на верзии и подваријанти, од 550 до 2050 коња, не знам дали постои друг авион кој 4-струко појачал мотор на исти змај на авион (крилата ги продолжиле кај Фриц моделот)
Автоматски споено мислење:

Шо тресеш зелени, да ми извиниш? Како можеш да ме карактеризираш како русофил?
1, Јас сум Македонец и имајќи го во предвид сето игнорирање на Македонското прашање од страна на Русија, никогаш не можам да бидам русофил.
2, Жена ми е од Русија, т.е. таштата ми е русинка, со која аналогија јас сум на нивна страна?
Него ти, секој кој не се слага со тебе, одма имаш у џебот етикетче и го лепиш експресно!
Најжестоко реагираш ако СССР/Русија се спомене во негативно светло, затоа. Жена ти е од Русија ама не си русофил. Добро, да ти веруваме :)
А ти цело време ме обвинуваш за романофилство, иако признавам дека имам интерес за нивната улога во ратот тоа не може да го избрише фактот дека биле на погрешна страна, емоции на страна! Но, може да се дознае што се дешавало, која техника, која тактика, каде, зошто, Плоешти итн.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.837
Поени од реакции
10.745
И за ова не знам баш...
Да на ја вртам темата на чисто авијација,туку да се задржам на основата.Потезите на Германија,нивната индустрија,и легендарната авијација што ја поседувале што прераснала во мит.
Инаку секој од овие авиони е толку блиску до бф-109 што пилотот и ситуацијата се далеку побитни за исходот него ли самиот авион.
Германската одлука да не развијат нов авион,т.е.пимплањето со FW-190 и одлуката да продолжат да го модифицираат бф-109... во наставак :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.485
Потезите на Германија,нивната индустрија,и легендарната авијација што ја поседувале што прераснала во мит.
Еве едно интересно видео за таа работа:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.504
Да на ја вртам темата на чисто авијација,туку да се задржам на основата.Потезите на Германија,нивната индустрија,и легендарната авијација што ја поседувале што прераснала во мит.
Инаку секој од овие авиони е толку блиску до бф-109 што пилотот и ситуацијата се далеку побитни за исходот него ли самиот авион.
Германската одлука да не развијат нов авион,т.е.пимплањето со FW-190 и одлуката да продолжат да го модифицираат бф-109... во наставак :)
Bf-109 бил веројатно инфериорен на конкурсот за основен ловец на ЛВ а пoследен противник на тендер му бил Хајнкел Хе-112 со крила обратен галеб (како Корсер само не толку изразено) кој со мотор од 680 коња шибал до 520 на саат со 2 митралеза и 2 топа. Сепак бил нешто покомплициран за производња но имал значајни развојни можности, Јапан се заинтересирал и набавил, СССР исто, Австрија планирале да им биде основен ловец, а Германија само нарачала резервни 100-тина ради Минхен, за секој случај. Исто се борел во Шпанија, а подоцна Романците добиле на поклон нешто од нив, а на поклонет коњ не се гледа маани, па така во 1941 се табале со И-16 и И-15, старите познаници од 1937 и Шпанија :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.485
Е сега си се најдовте...
Глеам ја, ќе се претвори темава у запчаници, шрафови и тркалца.


(се зафркавам само)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.728
Поени од реакции
42.318
Калехон дела муерте го знае секое штрафче и мутерче на мустангот, а за штуките да не збориме, едино влегоа у производство зошто инженерите му го дудлаа на Хитлер подобро од другите
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.837
Поени од реакции
10.745
Калехон дела муерте го знае секое штрафче и мутерче на мустангот, а за штуките да не збориме, едино влегоа у производство зошто инженерите му го дудлаа на Хитлер подобро од другите
Па добро сеа,реално Штуките си биле авион на место...
Барем во 1930-тите немало друг практичен дизајн на понирачки бомбардер освен нив.И Вермахтот знаел како да ги користи убаво.
Тоа што брзо застареле и биле надминати,не е ничија вина,за време на војна технологијата се развива со молскавична брзина.
А примери за дудлање(ти мене пари,ја тебе машина) имаш на двете страни колку сакаш!
Фердинанд Порше ти бил "мастер" дудлач.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.485
Ја мислам дека вредноста на штуките лежи не само во нивните технички карактеристики, туку и во начинот на нивната употреба тактички, како подршка на копнените (тенковски пред се) единици, во иновативните комбинирани сили. Искористувањето на техничките карактеристики, во склоп на тактичката доктрина на комбинирани сили, е клучот на успехот, во случајов.
На пример, тенковските дивизии имаат комуникациска батерија, во директен контакт со воздушната подршка (штуки најверојатно). Во Франција сојузниците немаа такви додатоци на дивизиите.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ми се чини дека не ги знаеш баш најдобро односите меѓу овие тројца.
Она што го пишав не се однесува на нив тројца и нивните односи. Ниту зависело од нивните односи, туку од претходните договори и односи.
Автоматски споено мислење:

Ете уште еден мит од војната, а тоа е дека било возможно обединување на Македонија, но Тито/Черчил/Сталин/Амери го спречиле тоа.
Ме интересира со што располагала ЈА во средина на 1945 во однос на офанзивни оружени средства, за евентуално тргнување кон Солун и пресметка со грчките ројалисти и британците стационирани таму.
Автоматски споено мислење:
Изгледа не читаш внимателно. Не зборувам за никаков мит туку за реална состојба - пишав дека обединувањето на Македонија не било можно, не оти Тито не сакал туку тоа било противно на одамна зацртаниот договор. Тито, вака или така на крајот од војната имал најмотивирана армија (а и на крајот и добро вооружена). Ама не станува збор за Тито туку за Македонците. Македонците во однос на Грција држеле доста територија во Грција, а со помош на борците од Вардарскиот дел би постигнале завидни резултати. Да, ама никој тоа не би го дозволил...
Борбата на нашите таму била однапред осудена на неуспех, само што нашите борци тоа не го знаеле. Тито тоа го знаел. Во времето на Јајце тоа не го знаел (и затоа Македонците не биле повикани, впрочем тогаш К.П. на Македонија делумно била и независна од КПЈ) но потоа информиран од решенијата на Јалта почнува да ја вклучува Македонија во идната федерација.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Зошто некој друг не предложува некој мит, или тематика, пример, дали техничката супериорност на германците била мит или не, јас неколку пати сменив мислење и сега имам компромисно, што се однесува до авијација и ПВО без никакво сомнение биле далеку пред сојузници, но пешадија и оклоп не баш, а морнарица, скоро ништо.
Добредојдени се ваши гледишта околу овој мит.
Немам стриктно читано за оружја како тебе, но гледајќи битка по битка би рекол: 1. Германската морнарица била далеку послаба од британската, јапонската и американската. Е сега која била најдобра од овие три?
На почетокот на војната веројатно британската и јапонската биле супериорни наспрема американската(повеќе заради бројност и тактичка предност отколку заради технологија), но потоа американската го презема приматот. Исто има тука и некои многу битни ситници, како на пример многу им помага во битката на Пацификот на американците тоа што ги дешифрирале сите јапонски пораки и речиси го немало факторот изненадување(што обратно и тоа како биле успешни).
2. Авијација: Не гледам некои огромни технички разлики помеѓу главните играчи. Штуките пример паѓале како круши при операцијата ,,Морски лав", додека од друга страна биле смртоносни при блицкригот. Повеќе би рекол се работи за спремноста на пилотите, како и способноста на генералите да ги користат во право време на право место. Од ловците во Европа веројатно британксиот ,,Спитфајтер" е најславен од било кој друг ловец, што повторно не значи дека бил супериорен напсрема другите ловци. На Пацификот воздушните битки биле веројатно многу попресудни, иако кај германците бил приоритет број 1. За противавијацијата не сум запознат баш.
3. Тенкови-Пантерот убедливо најдобар се додека не дошол советскиот т-34(1943 година мислам). Оклопните дивизии биле веројатно најодлучувачкиот фактор за неверојатните германски успеси во првите 2-3 години од војната. Исто така и противтенковската артилерија била најдобра кај германците. Тоа посебно го кажуваат британците при битките во С.Африка, каде што секој погодок значел уништување на британски тенк/оклопно возило. Инаку најмоќниот топ во војната е искористен од страна на гермаците при битката за Севастопољ(Крим), бомбите што ги исфрлало тоа чудо наречено ,,Дора" биле со калибар од 80цм и тежина од 5000 кг, а биле потребни 4000 луѓе за да исфрли 3 гранати на час.

Има и други фактори тука, како на пример транспортни возила, кои биле многу битни заради големината на источниот фронт. Тука пример германците биле слаби, додека од друга страна русите ги имале во многу поголем број и само од САД добиле околу 400.000 транспортни возила.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.837
Поени од реакции
10.745
Она што го пишав не се однесува на нив тројца и нивните односи. Ниту зависело од нивните односи, туку од претходните договори и односи.
Ако може да додадам едно лично видување: Сталин што е до него би му се пос*ал на Версајскиот договор! Исто како што му се посрал кога ги присвоил:Полска,Романија,Унгарија,Чешка,Словачка,Бугарија...
Нашата загуба тука,и не е реална кога ќе земеш предвид дека до ВВ2 македонците биле истребени,претопени,преселени... биле мањина и пред и за време на грчката граѓанска војна. Грците си ја завршиле домашната на време и за петка :(
Сталин немал основа да атакува на Грчка(вештачка циганска држава,истурен Бастион на Гордиот Албион)! За него многу побитни би биле Босфорот и Дарданелите како излез на Средоземно Море,меѓутоа и таа (политичка) битка со американците ја загубил!
П.С.и ја си навивам за нашите,ама тоа што не бива,не бива.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.431
Како земја истакнат и верен сојузник на Рајхот за време од 1/3 од војната, како починител на стравични дела против човештвото, пред за време и после ратот, таа творевина ја пере само главната улога која ја имаше во конечниот пораз над рајхот, ништо друго.
Од друга страна, твојата русофобија и твојата неписменост од областа на историјата не можат да бидат ниту исплакнати, а не па испрани со твоите коментари исполнети со игнорантост и твоето бегање од коментар секој пат кога немаш аргументи со кои би придонел за дискусијата на оваа тема на форумов.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.485
Штуките пример паѓале како круши при операцијата ,,Морски лав", додека од друга страна биле смртоносни при блицкригот.
Затоа што Штуките подобро функционираат како подршка на тенкови.
Тоа е битката за Британија, уште не е Морски Лав, а нема ни да биде.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.837
Поени од реакции
10.745
Немам стриктно читано за оружја како тебе, но гледајќи битка по битка би рекол: 1. Германската морнарица била далеку послаба од британската, јапонската и американската. Е сега која била најдобра од овие три?
На почетокот на војната веројатно британската и јапонската биле супериорни наспрема американската(повеќе заради бројност и тактичка предност отколку заради технологија), но потоа американската го презема приматот. Исто има тука и некои многу битни ситници, како на пример многу им помага во битката на Пацификот на американците тоа што ги дешифрирале сите јапонски пораки и речиси го немало факторот изненадување(што обратно и тоа како биле успешни).
2. Авијација: Не гледам некои огромни технички разлики помеѓу главните играчи. Штуките пример паѓале како круши при операцијата ,,Морски лав", додека од друга страна биле смртоносни при блицкригот. Повеќе би рекол се работи за спремноста на пилотите, како и способноста на генералите да ги користат во право време на право место. Од ловците во Европа веројатно британксиот ,,Спитфајтер" е најславен од било кој друг ловец, што повторно не значи дека бил супериорен напсрема другите ловци. На Пацификот воздушните битки биле веројатно многу попресудни, иако кај германците бил приоритет број 1. За противавијацијата не сум запознат баш.
3. Тенкови-Пантерот убедливо најдобар се додека не дошол советскиот т-34(1943 година мислам). Оклопните дивизии биле веројатно најодлучувачкиот фактор за неверојатните германски успеси во првите 2-3 години од војната. Исто така и противтенковската артилерија била најдобра кај германците. Тоа посебно го кажуваат британците при битките во С.Африка, каде што секој погодок значел уништување на британски тенк/оклопно возило. Инаку најмоќниот топ во војната е искористен од страна на гермаците при битката за Севастопољ(Крим), бомбите што ги исфрлало тоа чудо наречено ,,Дора" биле со калибар од 80цм и тежина од 5000 кг, а биле потребни 4000 луѓе за да исфрли 3 гранати на час.

Има и други фактори тука, како на пример транспортни возила, кои биле многу битни заради големината на источниот фронт. Тука пример германците биле слаби, додека од друга страна русите ги имале во многу поголем број и само од САД добиле околу 400.000 транспортни возила.
1.US navy прва од почеток до крај... убедливо! Нема зошто да се двоумиш.
2.Се согласувам со тебе.Немало техничка надмоќ од ниедна страна.Во најголем дел од случаите:пилотите,тренингот и ситуацијата одлучувале.
Мала дополна: за ПВО најдобри биле американците затоа што развиле бесконтактна радио граната што неморала да се подесува на висина(за артилерија или флак зборувам),англичаните ја добиле исто, иако и пред неа имале солидни оружја како легендарниот 30мм Бофорс! Ссср,Германија,Јапан заостанувале зад овие две .
3.Исто како и за авионите,пост 42-43 секој можел да уништи секого! Посада,тренинг,тактичка будност и комуникација одлучувале. Пантерот(па и генерално сите гер. тенкови) имале предност само во оптиката и прецизноста.Биле страшно добри само на отворено и од заседа.Во шума или тешко прооден терен лесно можеле да бидат изманеврирани... и па се враќаме на способноста на самата посада.
Инаку во право си,4 од 5 тенка биле уништени од претивтенковско оружје,мина,авион отколку од друг тенк.(за сите страни важи горе-долу)
4.Дора и Густав се пример за нерационалноста на германската војска и индустрија! В1 е врвот на таа глупост!
5.Прекрасен заклучок!!! Ретко кој знае дека Вермахтот биле "ручни колички и магариња"!
Еден од најголемите митови за механизираноста на џерманската војска. За споредба енглезите и америте биле целосно механизирани,па дури и во секојдневниот живот имале 1 кола на 10 луѓе,за разлика од Германија со 1 кола на 50 луѓе!! Фасцинантентен податок! Проверете и сами.

П.С. и да додадам,најдобрата артилерија во ВВ2 ја имале Советите! Една од ретките ако не и единствена гранка што функционирала како што треба уште за време на катастрофата 41'. Понатаму Станувале само подобри и подобри,и по квантитет и по квалитет. Имале посебен систем на регрутација со која ги барале само одличните и истакнати ученици,посебно математика и физика. Ригоризен тренинг во позадина,и одлична логистика на фронт. Посебна тема само за нив ќе треба.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.485
Тенкови-Пантерот убедливо најдобар се додека не дошол советскиот т-34(1943 година мислам).
Да не мислиш на Т34 и Тигар? Или можеби обратно, на Т34 и Пантер, а не на Пантер и Т34?
Т34 е излезен 40-та, а 41-ва, при Барбароса, прв пат во битка. Пантер - половина 43-та.
Автоматски споено мислење:

Фасцинантентен податок! Проверете и сами.
Барбароса ја почнале со 600.000 возила и 625.000 коњи. Влечни повеќето - што влечат колички, поточно вагони. Тешки германски вагони со свашта у нив, или влечат и други ствари, како артилерија и сл. Тоа се силни германски коњи, кои јадат калорична храна и работат шест дена неделно. Еден одмараат. Што влијаело особено на нивниот перформанс и здравје во руските пространства за време на Барбароса, која не паузирала еден ден, на секои шест. И кога на тоа ќе се додадат некалоричните тревки од руските степи, како антпод на храната која ја добивале предходно, тогаш они прават само она што знаат - се разболуваат, повредуваат и умираат. Многу од нив брзо биле сменети со локални жгољави коњчиња, кои се навикнати на тие тревки и тежок живот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom