Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
14 август 2018
Мислења
4.839
Поени од реакции
10.754
Сите империи правеле зулуми, кои повеќе кои помалку, и Руска и Шведска и Холандска и Америчка но проблемот е што во нашиве краишта се оддржува митот за добриот, фин, културен, начитан рус кој шири култура наоколу, па дури и кога се бори, тој не може да помисли да силува...

Ех, си постои историографија, за време на најтешките денови на Теророт, кога глави се тркалале секојдневно по плоштади во Франција, вкупно, за сите револуционерни години 1789-1804 имаме 16.400 гиљотинирани лица.
Вартоломејската ноќ и погромите на протестантите низ 17.век земале 110.000 животи.

Тоа се страшни бројки, но споредени со само еден дел од советската Историја, Холодомор = споредбите се смешни.
Британија ја ставив веднаш зад СССР баш поради Индија и психопатот Харис.

Маркиз де Сад пишува фантазии, сфаќаш? Романи, значи не опишува реалност него сопствени фатазии, ако се знае дека поголем дел од животот го минал во лудница...

Твојот културен рус Владимир Набоков пак, ја напишал Лолита, па сеа види ти кој е позабеган :)

На темава досега гледав да ги видиме и анализираме митовите околу втора светска војна.

1.Наводното кукавиштво на французите
2.Праведните, светците и мачениците од СССР
3.Оправданоста на масовните бомбардирања вклучувајќи и атомските на сојузниците или воен злочин.

Допревме и многу други теми, но засега добро оди, првата и донекаде третата тема беа одлично апсолвирани, малку заглавивме и никако да одглавиме од втората :)

Зошто некој друг не предложува некој мит, или тематика, пример, дали техничката супериорност на германците била мит или не, јас неколку пати сменив мислење и сега имам компромисно, што се однесува до авијација и ПВО без никакво сомнение биле далеку пред сојузници, но пешадија и оклоп не баш, а морнарица, скоро ништо.
Добредојдени се ваши гледишта околу овој мит.
Еве јас би предложил нов мит за разработка,иако уште многу имам да ти одговорам по претходната точка.
-Дали навистина Луфтвафе имал супериорна машинерија над Сојузниците или можеби се работело за нешто друго(професионализам,селекција,тренинг,подобра стратегија)!?

-И како дополнување на истата точка,1944-45 и митот за германските млазњаци,кои од друга гледна точка воопшто не се покажале,а според некој дури и биле инфериорни во однос на Сојузничките пропелерци!?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.490

овде има "само" двеста страни муабет
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.506
Додека се уклучив @callejón de la muerte ја смени темата ;)
Иако искрено и не ми се дебатираше на таа тема...
А што и фали на таа тема околу германската реактивна авијација и нејзината вистинска улога во ратот?
Не мора само реактивна, туку имале многу проекти кои биле во производња, пример направиле околу 100 вакви а околу 200 биле во фаза на производња, неверојатен клипен ловец, врв на пропелерската технологија кој наводно забегувал и над 800км/ч...

Основна улога на овој двомоторен (тандем-мотор) авион била ноќен лов, а имал и катапулт-седиште, права реткост во тие времиња. Сојузниците имале среќа што ова чудо не се појавило некој месец порано со мотор-топ 30мм со 100 гранати и 4 од 20мм со по 200 гранати секој, плус би ги носел првите наведувани ракети воздух-воздух Рурштал Икс-4 со домет околу 5км...
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Толку колку што се договориле на Јалта ;)
На Јалта само ги потврдиле границите утврдени во Версај.Во Версај Русите биле безгласна буква, а заадните си сечеле држави си кроеле граници како што ним им одговарало и го зацементирале на 100 години договореното. На Јалта Сталин бил во сооднос 1 : 2 (Черчил и Рузвелт се само двоглаво чудовиште - две глави на исто тело). А и да сакал Сталин (или било кој друг) да реши поинаку во однос на Македонците на пример, тоа ќе значело промена на границите утврдени на Версај, а тоа ќе значело наново вмешување на заинтересираните страни и продолжување на војната на уште неколку години, а тоа никој не го сакал. Затоа Македонците биле “пуштени по вода“ препуштени сами на себе, и затоа Тито ги спречил Македонците да одат на Солун. Едноставно - не смеел, а не од што ги мразел Македонците или пак не оти не сакал да го добие солунското пристаниште. Единствено што доби е Југословенски дел/претставиштво во солунското пристаниште. Железницата имаше таму и претставништво.
Лани завршија стоте години од Версајскиот договор и затоа беа толкави притисоци за промена на името, задржување на статус кво и сл.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.490
На Јалта Сталин бил во сооднос 1 : 2 (Черчил и Рузвелт се само двоглаво чудовиште - две глави на исто тело).
Ми се чини дека не ги знаеш баш најдобро односите меѓу овие тројца.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.506
На Јалта само ги потврдиле границите утврдени во Версај.Во Версај Русите биле безгласна буква, а заадните си сечеле држави си кроеле граници како што ним им одговарало и го зацементирале на 100 години договореното. На Јалта Сталин бил во сооднос 1 : 2 (Черчил и Рузвелт се само двоглаво чудовиште - две глави на исто тело). А и да сакал Сталин (или било кој друг) да реши поинаку во однос на Македонците на пример, тоа ќе значело промена на границите утврдени на Версај, а тоа ќе значело наново вмешување на заинтересираните страни и продолжување на војната на уште неколку години, а тоа никој не го сакал. Затоа Македонците биле “пуштени по вода“ препуштени сами на себе, и затоа Тито ги спречил Македонците да одат на Солун. Едноставно - не смеел, а не од што ги мразел Македонците или пак не оти не сакал да го добие солунското пристаниште. Единствено што доби е Југословенски дел/претставиштво во солунското пристаниште. Железницата имаше таму и претставништво.
Лани завршија стоте години од Версајскиот договор и затоа беа толкави притисоци за промена на името, задржување на статус кво и сл.
Ете уште еден мит од војната, а тоа е дека било возможно обединување на Македонија, но Тито/Черчил/Сталин/Амери го спречиле тоа.
Ме интересира со што располагала ЈА во средина на 1945 во однос на офанзивни оружени средства, за евентуално тргнување кон Солун и пресметка со грчките ројалисти и британците стационирани таму.
Автоматски споено мислење:

Врати се и прочитај поубаво.
Тоа дека би траел муабетот предолго?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Сите империи правеле зулуми, кои повеќе кои помалку, и Руска и Шведска и Холандска и Америчка но проблемот е што во нашиве краишта се оддржува митот ....
Добредојдени се ваши гледишта околу овој мит.
Очигчедно ти си тој кој има проблем со ова, не гледам дека другите страдаат од таквиот став! Тебе ти е проблем рак рана заземањето на Молдавија и Трансилванија! Затоа го гледаш СССР и Русија како најголем непријател.
Зрнце, зрнце, ама ете тоа е моето гледиште околу овој проблем, наречен не гледање на шумата од дрвото!
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.839
Поени од реакции
10.754
Ај еве ќе се запишам на долго.
Прво да разјасниме,да не навлегуваме во детаљи и исклучоци туку генерално само.Битките во воздух не се "ферската" еден на еден,туку зависат од милион фактори во комбинација со можеби најбитниот-човечкиот фактор! Овде само генералниот тек на настаните:

-Почеток на 1930-тите,Германската Армија сеуште понижена и ограничена,почнува да флертува со огромниот цивилно-индустриски комплекс за развој и опремување.
Доаѓањето на Хитлер на власт само ги засилува нивните напори,и ја пали жедта за профит на големите индустријалци и помалите дизајнери.

-Првиот "наци" продукт Месершмит bf-109 добива огнено крштевање во Шпанската граѓанска војна(1936-1939).Продуктот е супериорен,првенствено поради неговиот мотор*,Гебелс ја гради Луфтвафе како најбројна и најопремена авијација во очи ВВ2.

-1939 започнува војната,Луфтвафе доминира во Полска,а подоцна и на Западен Фронт против Франција! Единствена авијација со можност за прецизно бомбардирање и поддршка! Доаѓа до израз недостатокот на стратегиска авијација,посебно бомбардери.

-1940 Операција "Морски лав" интересниот дел од големата слика.Луфтвафе за првпат се соочува со подготвен противник.Загубите се огромни,како во опрема така и во човечки потенцијал! Bf-109 едвај и да е подобар од Спитфаер,бомбардерите се лесна мета на ПВО и Ројал Ерфорс. Германците продолжуваат да го подобруваат bf-109,но истовремено инвестираат и огромни средтва и ресурси во бомбардери(од кои повеќето никогаш нема да го видат светлото на денот).

-22 јуни 1941,Луфтвафе е сеуште најмоќна авијација на светот! Повеќето советски авиони се уништени на земја! Крах на советската авијација! Сепак недостатокот од нови авиони почнува да се приметува,во однос на загубите.
Нова генерација советски авиони го гледа светлото на денот,Јак-7,Ил-2. СССР почнува да се вооружува и со америчко оружје.
Луфтвафе поседува целосна супериорност на источен фронт!

-1942 Нова генерација на авиони,и далеку поголемиот индустриски комплекс влегуваат во игра на исток.Британците целосно го осигуруваат нивниот воздушен простор,и веќе почнуваат да чепкаат над Германија.
Лефтвафе сеуште држи супериорностна исток,но по огромна цена! Јак-7,П-39 ер кобра,П-40 Вархавк и Спитфаер се подеднакво добри со новите варијанти на bf-109 и доаѓаат во илјадници и илјадници.

*фуснота Германската индустрија има тесно грло во производството на бф-109,неговиот ДБ-605 мотор! Секое летало буквално е проектирано околу овој мотор,кој е екстремно сложен,скап и спор за производство. Фоке-Вулф 190 е решението за овој проблем затоа што носи нов радијален мотор.И иако никогаш FW-190 не бил проектиран како замена туку како дополна на бф-109,неговите перформанси како за нов авион не се ништо подобри. Германците и немаат многу избор освен да штанцаат колку може повеќе од овие два типа,но се на раскрсница за иднината на нивната авијација... Војната е се уште незвесна!
Продолжува....
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.490
-Првиот "наци" продукт Месершмит bf-109 добива огнено крштевање во Шпанската граѓанска војна(1936-1939).Продуктот е супериорен,првенствено поради неговиот мотор*,Гебелс ја гради Луфтвафе како најбројна и најопремена авијација во очи ВВ2.
Ја па сум слушал муабети дека тој 109 што излегол у Шпанска, баш и не бил толку супериорен и имал проблеми. Не бил баш ист со овој одпосле, кој го знаеме.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ја па сум слушал муабети дека тој 109 што излегол у Шпанска, баш и не бил толку супериорен и имал проблеми. Не бил баш ист со овој одпосле, кој го знаеме.
Пишано колку што гледам: Огнено крштевање! Што значи пуштање во употреба, не и финална верзија!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.506
Очигчедно ти си тој кој има проблем со ова, не гледам дека другите страдаат од таквиот став! Тебе ти е проблем рак рана заземањето на Молдавија и Трансилванија! Затоа го гледаш СССР и Русија како најголем непријател.
Зрнце, зрнце, ама ете тоа е моето гледиште околу овој проблем, наречен не гледање на шумата од дрвото!
Во никој случај, каков најголем непријател, па наведов икс пати дека СССР е веројатно на 4.место на мојата претпоставена морално-етичка скала на назлосторничките земји од 1936-45,последен е вероватно Мексико кој пратил една ескадрила да се бори на Пацифик :D
Тоа не го негира фактот дека СССР беше најзаслужна за победувањето на злото бр.1 имено, Гросдојчес Рајх! Мислам дека бев јасен, но сум се излагал.
Но ти како русофил си емотивен што се дира во митот за човекољубивиот, смирен, храбар воин кој спасува девојчиња од под урнатини, светците на РККА :)
Трансилванија е заземена после ЊЊ-1 во романско-маџарската војна 1919 и со Версај официјално додадена на Романија на сметка на Маџарска со која, чудно али истинито ќе се борат рамо до рамо чак до Сталинград!
Советската инвазија на Романија е само дел од експанзионистичката политика на комунистичката империја на другарот Коба.
 
Шо тресеш зелени, да ми извиниш? Како можеш да ме карактеризираш како русофил?
1, Јас сум Македонец и имајќи го во предвид сето игнорирање на Македонското прашање од страна на Русија, никогаш не можам да бидам русофил.
2, Жена ми е од Русија, т.е. таштата ми е русинка, со која аналогија јас сум на нивна страна?
Него ти, секој кој не се слага со тебе, одма имаш у џебот етикетче и го лепиш експресно!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom