Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Толку стратегии, толку раскажување, чекани, танци, чуда, за на крај да ја прегрнат шведската стратегија, која толку ја плукаа. :D
Или едноставно увидеа дека тие кои се критична група и заради кои се пропишуваат мерките и така не ги почитуваат. Колку е парадоксално да прочиташ вест дека казниле рандом луѓе од Битола за непочитување на полицискиот час а во Чаир гледаш масовно оро?
Барем мерките нема да бидат лицемерни.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682

Па ако не им беше јасно уште од март тоа, тогаш стварно не си го знаат народот. Што е пострашно од самиот вирус.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.194
Поени од реакции
18.007
Како испливува на површина, сиот шунд на Балканов, па и во целиот свет, во услови на криза, права дијабола што би рекол @pixa

„Скоро сум сигурен дека имав коронавирус уште на самиот почеток затоа што имав треска и дијареа веќе два дена и се чинеше дека е тоа. Не бев во изолација затоа што немаше време за тоа и мораше да се работи. Тоа помина брзо кај мене, но јас не инфицирав никого затоа што бев општествено одговорен“, изјавил д-р Несторовиќ во емисијата.

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти.

- Скопје 3
- Тетово 11

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 9
- Штип 5
- Струга 1
- Гостивар 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

Држиме просек.Од 140 тестирања без градинките имаме 16 заболени.Два дена немаше смртни случаи и оп денеска 3 за жал.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Многу поразително е некој да изјави дека мерките се укинуваат поради непочитување. Целосна одговорност оди кај МВР и селективното однесување.
За жал уште долго ќе бидеме со овие и полоши бројки. Заради племенски менталитет ќе влеземе во зачаран круг.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.621
Поени од реакции
5.145
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти.

- Скопје 3
- Тетово 11

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 9
- Штип 5
- Струга 1
- Гостивар 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

Држиме просек.Од 140 тестирања без градинките имаме 16 заболени.Два дена немаше смртни случаи и оп денеска 3 за жал.
Полека малце другари. Ова скринингот е на "вработени" во градинки, т.е. на оние што седеа дома 2 месеца без никаков контакт со деца, вработени и сл.
Така да рачунај 16 заразени на 150 симптоматски теситирани.
Или ајде нека почнат со скриниг на полицајци, доктори, вработени по приватниве бизниси на шалтер луге, у маркетиве и сл. Овака е фејк бројкава до коска.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.157
Поени од реакции
16.697
Јас не знам кој му е филмот со скринингот на вработените во градинките, а што ако е некое дете заразено ?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јас не знам кој му е филмот со скринингот на вработените во градинките, а што ако е некое дете заразено ?
Тоа е редовна процедура секаде. Се испитуваат вработените со претпоставка дека децата се помалце ризична група и помали преносители. Со некаков сет мерки ќе се оддалечуваат децата. Некои држави воведоа спиење со обратен редослед. Комплицирано е во секој случај.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.157
Поени од реакции
16.697
Тоа е редовна процедура секаде. Се испитуваат вработените со претпоставка дека децата се помалце ризична група и помали преносители. Со некаков сет мерки ќе се оддалечуваат децата. Некои држави воведоа спиење со обратен редослед. Комплицирано е во секој случај.
Абе ни сами не знаат кај тераат со мерките и процедурите ама ај :)
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Исто ни се фаќа дали е од министерот или коплетниот состав. Множество на непотребни ликови.
Исто е ама не е исто.
Нејќам погрешно да бида сфатен.
Да седнеа и да се договореа коалиционите партнери на власт, т.е дуи да си ги придржеа своите кучиња,сеа ќе беше друга ситуација.
Ова беше само да им покажат кој р газда у куќа,нешто слично на deep state.
И реисот да му докаже на Муки дека е поголем играч од него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom