Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.182
Поени од реакции
84.050
Ме интересира дали да беше у прашање Ебола, пак ќе се собираа на ифтарски вечери по миљон луѓе во ек на полициски час?
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Словенија, Црна Гора и Хрватска се веќе без ново заразени од Корона (y)
Ние пак на дното, nothing new.
Ајде у САД, Британија, Турција, Франција и ред др држави кај што ршум направи и уште прави ќе речеш бар на сметка на енормните економии "жртвуваат" нешто. Ама ние бе... :ROFLMAO: ни економија ни бутур, па и плус најригорзни мерки од горе споменативе и пак си тераме со кривата на право.
Црна дупка шта речи
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726
Епа некои земји ќе го исчистат барем за летово а ние ради анти-маскерите и браќата ќе го јадеме... Хрватска и Грција исто така се намали, ама како сега Pixa и Мите Реал да носат маски а браќата да не се гушкаат по ифтари?!?!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не ми е јасно Филипче што плачи сега по фб, кога имаше време да интервенира викендов 3 дена да биде целосен карантин. Тие ради пусти гласови на избори кои дојдоа по заканите од Реџепи одлучија од Недела од 11 да биде полицискиот, таман сите да појдат во џамија. Сега џабе му е и кукање и се, народот пак ќе го јаде, посебно оние кои 2 месеца ги почитуваат препораките за заштита...
Не е Венко министер за внатрешни работи...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.656
Поени од реакции
18.911
Црна Гора не ни беа погодени од вирусот, 300 и нешто заразени само, мислам дека навреме затворија се тие затоа спасија г..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.182
Поени од реакции
84.050
Со денешниов тотален карантин и дефинитивно меркиве можат да се прогласат дека се надвор од разумот.Која е разликата меѓу вчерашниот и денешниот ден на пример?Или пак со утрешниот кога почнуваме со работа?
Ако не стануваш пред десет и пол, нема никаква разлика.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Епа некои земји ќе го исчистат барем за летово а ние ради анти-маскерите и браќата ќе го јадеме... Хрватска и Грција исто така се намали, ама како сега Pixa и Мите Реал да носат маски а браќата да не се гушкаат по ифтари?!?!
Абе друже и нашиве не носат, незнам кај живееш и како е кај тебе. Ама еве ти кажувам конкретно К.Вода и Скопје целосно, од 10 души 2ца се со маски и тоа под брада спуштени, паркоите фул чоек до чоек.
Башка и наши го донесоа, скијачици. Да не ги обвинуваме на сила само другиве, и ние сме племе ко нив. Или шо би рекол овој доста зборениот деноиве Жарко -диво племе сме :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не ми е јасно Филипче што плачи сега по фб, кога имаше време да интервенира викендов 3 дена да биде целосен карантин. Тие ради пусти гласови на избори кои дојдоа по заканите од Реџепи одлучија од Недела од 11 да биде полицискиот, таман сите да појдат во џамија. Сега џабе му е и кукање и се, народот пак ќе го јаде, посебно оние кои 2 месеца ги почитуваат препораките за заштита...
Така е но Венко беше во случајов надгласан, он ги предложи и ги сакаше мерките, но ниту ДУИ, ниту ВМРО (Наќе) ниту другите министри од СДС беа согласни со тој план и затоа испадна овој компромис.

Но на крај ништо од ова нема ефект, тие што се собираа во џамиите се собираа, овие „семејниве прослави“ си тераат без никаков застој, никој тоа не го контролира.

И затоа само ние ќе бидеме едина земја на балканот со 10% заразени дневно од тестираните, додека држави како Грција, Хрватска, Словенија и Ц.Гора веќе ракрстија со вирусот. Макар што во овие набројаниве сигурен сум дека малце и штелуваат бројки ради туристичката сезона.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.182
Поени од реакции
84.050
Црна Гора не ни беа погодени од вирусот, 300 и нешто заразени само, мислам дека навреме затворија се тие затоа спасија г..
Земји како Црна Гора, Грција и Хрватска, како што се приметува, ги намалија мерките и пријавуваат успех и победа, пред другите околни земји. Од денес, на пример, во Хрватска почнуваат школите (до четврто), со еден куп додатни мерки и обврски, како на пример, задолжително мерење на температура на детето секое сабајле, пред идење у школо и др.
Политички донесени одлуки, кои не одговараат на состојбата, туку се плод на дневно-политички потреби поврзани со туризам.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.800
Поени од реакции
49.858
Не е Венко министер за внатрешни работи...
Све си еба мамата откако замешаа одржување избори и натегање јуни или септември. Да се некои нормални луѓе, а не ментиши какви што се, ќе се договореа да се оди на избори во декември на редовниот термин и ќе најдеа некое решение до тогаш да се функционира, без тие патетични басни за тоа што дозволувал уставот, поготово откако видовме сите дека со уставот само гз се брише.

Оттука стана нормално Заев и Мицковски преку Наќе и Филипче + Индијанците( на кои и двете страни сакаат да им угодат) да се гаѓаат со говна и да се надрмудруваат на сметка на сите нас. На крај ќе испадне дека џабе е кој ќе биде на власт откако ќе искрвари и таа мала економија со овие авантури.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.808
Уште малку да се издржи и ќе го пребориме висусов, секој да стегне заби, газ, до утре и вирусот е готов.;)
Утре сите корони ќе се умрени, ќе има купишта по улици, ќе треба со лопати да се ринат. :ROFLMAO:
Треба во знак на благодарност за тоа што не спасија од ова корониве споменик да се издигне , не 100 не 200 а минимум 300 метра во село Муртино, тоа ќе е знак на победата, разумот, свеста на целокупниот народ, седиме по дома 2-3 месеца, не се подаваме на агентура и провокатори што лажат дека немало корони, секој нов светол ден лишување, затвор, беше една голема победа и смрт за милијарди лоши корони, не успеале да се размножат и умреле како кучиња по улици.
Како што кажа Бил Гејтс и СЗО за октомври има голема веројатност ова коронава пак да се појават. Значи како што сме навреме предупредени, треба порано да се готвиме, не како оваа година што не фати апансас вирусов неподготвени, ачик.
Компоти да се готват уште од утре, имате сега кајсии и јагоди, ајварот да се прави најкасно до септември, ако нема црвени пиперки, тогаш со зелени, дури и да остане така како малиџано, голема работа, животот е поважен.
Ништо не се знае, може кај нас и од петнаесетти Септември да дојде ова коронава, и да треба пола година да се браниме од ова непријателот, седиеме по дома, си јадеме од зимницата а надвор короните покаат од глад.
Нема што да се плашите имаме капацитет, паметни, чесни политичари што ве управуваат, ќе направиме семинари во село Муртино, од можните идни карантини, проблем останува зелката, ќе скапе ако се стави во Септември. Цела партиска и научна екипа, цел мозочен труст ќе се ангажира како да се реши тој проблем, не е работава само да се стави ГМО или натриум безонат за конзервирање, а да е БИО и не е штетно по здравјето, а у исто време да сврши работа, да не скапе купусот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.182
Поени од реакции
84.050
Абе друже и нашиве не носат, незнам кај живееш и како е кај тебе. Ама еве ти кажувам конкретно К.Вода и Скопје целосно, од 10 души 2ца се со маски и тоа под брада спуштени, паркоите фул чоек до чоек.
Башка и наши го донесоа, скијачици. Да не ги обвинуваме на сила само другиве, и ние сме племе ко нив. Или шо би рекол овој доста зборениот деноиве Жарко -диво племе сме :)
Еве по којзнае кој пат.
Препораките на власта не се да носиш маска надвор по улица.
Надвор само во простори, во кои не можеш да одржуваш дистанца - пазари и сл.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Еве по којзнае кој пат.
Препораките на власта не се да носиш маска надвор по улица.
Надвор само во простори, во кои не можеш да одржуваш дистанца - пазари и сл.
Баткаа парк, ПАРК. КЛУПА. Без маски еден до друг, свашташ :)
Или да надопунам на летниковцине коа ке ги видам па по 10 души...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.771
Поени од реакции
8.197
Зошто да носат маски?
Заради препораките на владата.

Си ги прочитал препораките за носење маска?

- Во затворени простории или надвор на места каде што не може да се оддржува дистанца (пазари и сл.).

Значи надвор - не.
Во Тетово ретко кој носи маска и во затворен простор а и кога се групно не се одржува дистанца нити маска се носи. Не дека јас сум нешто различен и почитувам премногу мерки ама кога сум во близина со некој кој не знам каде се шета и со кого бил друг надвор носам маска на отворено и затворено.

Друго џабе маска ако ја носиш во торба, џеб, на рака или на врат. Станува нечиста, после ти ставај ја на фацата а додека ја ставиш кога си со некој во близина поминал возот, може и ќе се заразиш :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom