Преспа и мариово

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Ме интересира кој имал искуство со патување на тие места, што има да се види и прави и посети, каде и какво сместување има(во случајот на преспанско езеро) итн...
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Ме интересира кој имал искуство со патување на тие места, што има да се види и прави и посети, каде и какво сместување има(во случајот на преспанско езеро) итн...
Јас сум од Преспа, рај на Македонија, има поголем туристички капацитет од Охрид кој за жал не е искористен.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Јас сум од Преспа, рај на Македонија, има поголем туристички капацитет од Охрид кој за жал не е искористен.
Ииии? Ќе се вратам на прашањето: што, каде, како и кога?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Ииии? Ќе се вратам на прашањето: што, каде, како и кога?
Езерото, Отешево, Којнско, островот Голем Град каде најблиску се оди од Којнско со кајче а можи и од други локации Сливница,Претор.. (https://www.wikiwand.com/mk/Голем_Град) најстарата црква во Македонија е во Курбиново, Царев Двор (село) бил дворот на Цар Самоил, каде што тој подоцна почина од срцев удар, инаку Преспа е поделена на 3, во Македонија го имаме најголемиот дел, во Албанија е Мала Преспа (каде што 99%) се Македонци и во Грција е третиот дел од Преспа каде што исто така најголемиот број на население е македонско, ако планинариш имаш врвови ко Вртешка, Голема Чука, ако сакаш природа место шо мораш да го посетиш е Којнско, ко шо кажав исто така убави места за посета се Отешево, Претор, Сливница, Стејне, Брајчино, што се однесува до градот Ресен можиш да го посетиш Сарајот, за смештај имаш пред влезот во Ресен https://www.facebook.com/watch/?v=186406452550063&external_log_id=830291b710890bf911671cc15c34b679&q=мотел мајска роса ресен преспа Мајска Роса Мотел, и во центарот на Градот Хотел Рома.
Пс, за време на сезона Сливница ти е број 1 плажа посетена и разработена. (Незначи дека е најдобра) За мене пример Којнско е број 1, иако е доста слабо посетено.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
349
Поени од реакции
350
Јас сум од Преспа, рај на Македонија, има поголем туристички капацитет од Охрид кој за жал не е искористен.
Без навреда, ама ... :pos:

On-topic:
За Преспа, сум бил неколку пати на дневни екскурзии па не знам за сместување (плус повеќе сум по шатор/камп/хостел/couchsurfing) .
За жал мал дел од езерото е пристапен, а и тоа што е не е баш пријатно (за мене). Другиот дел е трски/мочуриште.
Езерото е плитко и тињесто, па се осеќа мирисот на алгите (тоа при крај на август/почеток на септември, а посебно кога е повлечено езерото), а кога газиш во водата тињата се пика низ прстите ...
А езерото повеќе е за трчање отколку за пливање.
Поголемиот дел од плажите се песочни или со тиња (јас лично не сакам песок на плажа (пола дома си го носиш, пола се пика кај што не му е место), но во езерото не е лошо ако нема тиња, односно малку подалеку од брегот), а има и каменести но со поостри камчиња.
Има и неколку места на кои може да се кампува на диво.
Наоколу претежно се овоштарници (нормално со јаболка).
Водата е релативно чиста со оглед на тињата.
Има и два автокампови: Отешево и Крани, на спротивни страни на езерото.


За моите лични впечатоци ќе почнам од југозападната граница со Албанија:
- Коњско
За жал досега не сум бил во Коњско. Еднаш тргнавме за натака, но се откажавме бидејќи се оди по 7км планински пат од чакал, лош за возење со мала кола (кога тргнавме од таму се враќаше комбе). Еден од келнерите во Стење ми кажа дека за него било најубаво место на езерото.

- Стење
Огромна песочна плажа со голема платформа, водата и езерото се ок. Има два објекти кои не знам дали работат во сезона. Има и ресторан со ок услуга.

- Царина
Каменест предел со грмушки и трски, имаше по некој шатор и кампер комбиња.

- Камп Отешево
Мал автокамп, ок организиран, тоалетите мислам дека беа нови или реновирани. Камења и трски.

- Рушевините на Хотел Европа
Своевремено еден од најдобрите хотели во Македонија, изгоре во пожар во 2005 година и од тогаш е рушевина. Јас престојував во хотелот во 2001 година, и од тогаш не сум бил на плажата, а се сеќавам дека беше добра.

- Сирхан
Тука исто така бев многу одамна, па не знам како е сега

Тоа е за западниот дел на езерото.
Северниот дел мислам дека целосно е непрооден.

Исток:
- Претор
Песочна плажа. Неколку уредени кафичи на плажата и неколку ресторани погоре.
Имаше алги, а во водата не знам како беше.
Пешачка патека до Сливница, но не покрај вода.

- Сливница
Голема плажа со голем ресторан, кафич и платформа. Водата матна заради гужвата, многу плитко. Како што кажа членот погоре, најверојатно најпосетена плажа на Преспанско Езеро.

- Камп Крани
Не прошетав многу низ кампот, но гледаше ок. Плажата е далеку од кампот, 500 метри. Мала плажа помеѓу два ѕида од трски. Многу плитко и на почетокот со тиња и алги. Интересно е за пешачење низ водата, се е песок, нема ни едно камче, плус 150 метри е ѕидот од трски, па кога ќе го поминеш се отвора поглед на цело езеро.

Тоа е за езерото.
Disclaimer: Јас сум од Охрид па можеби сум пристрасен и навикнат на премногу чиста вода, но не сакам песочни плажи и матна плитка вода. Исто така избегавам гужва.

Во Ресен сум бил неколку пати по работа, па не знам што има интересно. Мал град, плоштад со кафич и бурекџилници, и отприлика тоа ...

Во прилог неколку фотографии од 2019 година (за жал повеќето фотографии ми се во друг компјутер, па не можам да прикачам повеќе во моментов)

Стење:
1590446955100.png

1590446996767.png

1590447052503.png

1590447103456.png

1590447436489.png


Царина:
1590447612198.png

1590447699972.png

Кампот Отешево:
1590447826856.png

Крани (2018 година):
1590448151865.png

Камбанаријата на црквата Св. Никола во Царев Двор (има скали за качување до горе):
1590448777948.png
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Мариово е веројатно еден од најмистичните предели во државава. Заради ретката населеност е синоним за пуст предел, меѓутоа е веројатно еден од историски и културолошки најзначајните региони во државава. Во услови кога се давиме во нечист воздух во урбаните средини овој предел е еколошка оаза. Познавам човек кој што се врати назад, ја возобнови старата куќа. Додека живееше во градот се мачеше со слабо здравје, нон стоп по болници. Сега чува пчели во едно мариовско село, произведува еколошки мед, човекот буквално се препороди. Пределите се идеални за пчеларство, сточарство, етно туризам. Другари кои што рекреативно се занимаваат со велосипедизам прават барем еднаш неделно вело тури до Мариово и назад до Прилеп. Последниов период актуелна е вело турата ,,Алшар''.
Вистинска штета е што живееме во ваква економски слаба и пред се би рекол држава каде што културолошката свест на народот е на многу ниско ниво. Навистина не си ја познаваме државата, културата а со тоа ни историјата. Затворени сме во нашите збиени микро урбани живеалишта, опкружени со токсичен воздух, атмосфера, токсични луѓе...многу застранивме од она нашето, исконско. Гледаме со презир, потценување кон сопствената историја и култура, самите си го сечеме коренот, го губиме идентитетот, станавме табула раса и секој не манипулира како што сака, ни пишува нова историја и идентитет, самите си ги бришеме и забораваме културните белези.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Во Македонија не сум видел убави плажи, а сум бил во Струга, Охрид и Дојран.

Во ред е да се удараме во гради како имаме убавини. Да имаме, ама за жал слабо се работи на подобрување на туризмот и условите.

Не може да бидеш концесионер на плажа, а плажите да ти се крупни камења, догорчиња и ѓубре на секој чекор. Водата ко влезеш, трски, плевел и ѓубре.

Дојран пред некоја година кога бев, цело време бевме на базенот од еден хотел, мислам Романтик беше. Езеро езеро, а водата да не влезеш.

Зовиќ се прослави со филмот Прашина на Милчо Манчевски. Желба ми е еднаш да го посетам. И Голем град исто.
 
Член од
30 април 2020
Мислења
152
Поени од реакции
182
Езерото, Отешево, Којнско, островот Голем Град каде најблиску се оди од Којнско со кајче а можи и од други локации Сливница,Претор.. (https://www.wikiwand.com/mk/Голем_Град) најстарата црква во Македонија е во Курбиново, Царев Двор (село) бил дворот на Цар Самоил, каде што тој подоцна почина од срцев удар, инаку Преспа е поделена на 3, во Македонија го имаме најголемиот дел, во Албанија е Мала Преспа (каде што 99%) се Македонци и во Грција е третиот дел од Преспа каде што исто така најголемиот број на население е македонско, ако планинариш имаш врвови ко Вртешка, Голема Чука, ако сакаш природа место шо мораш да го посетиш е Којнско, ко шо кажав исто така убави места за посета се Отешево, Претор, Сливница, Стејне, Брајчино, што се однесува до градот Ресен можиш да го посетиш Сарајот, за смештај имаш пред влезот во Ресен https://www.facebook.com/watch/?v=186406452550063&external_log_id=830291b710890bf911671cc15c34b679&q=мотел мајска роса ресен преспа Мајска Роса Мотел, и во центарот на Градот Хотел Рома.
Пс, за време на сезона Сливница ти е број 1 плажа посетена и разработена. (Незначи дека е најдобра) За мене пример Којнско е број 1, иако е доста слабо посетено.
Informacijava deka najstarata crkva e vo Kurbinovo ne ti e bash tocna i da si ja proveris.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.022
Поени од реакции
949
Дали има некој идеја, како да стасам до голем град островов, ако познавате некој мештанин, што би се нафанал со моторен чамец да ме пренесе до таму, ве молам пуштете ми број од него
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Дали има некој идеја, како да стасам до голем град островов, ако познавате некој мештанин, што би се нафанал со моторен чамец да ме пренесе до таму, ве молам пуштете ми број од него
Во Стење да се распрашаш веројатно ќе начекаш некој кој би се нафатил да те пренеси таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom