Јас сум од Преспа, рај на Македонија, има поголем туристички капацитет од Охрид кој за жал не е искористен.
Без навреда, ама ...
On-topic:
За Преспа, сум бил неколку пати на дневни екскурзии па не знам за сместување (плус повеќе сум по шатор/камп/хостел/couchsurfing) .
За жал мал дел од езерото е пристапен, а и тоа што е не е баш пријатно (за мене). Другиот дел е трски/мочуриште.
Езерото е плитко и тињесто, па се осеќа мирисот на алгите (тоа при крај на август/почеток на септември, а посебно кога е повлечено езерото), а кога газиш во водата тињата се пика низ прстите ...
А езерото повеќе е за трчање отколку за пливање.
Поголемиот дел од плажите се песочни или со тиња (јас лично не сакам песок на плажа (пола дома си го носиш, пола се пика кај што не му е место), но во езерото не е лошо ако нема тиња, односно малку подалеку од брегот), а има и каменести но со поостри камчиња.
Има и неколку места на кои може да се кампува на диво.
Наоколу претежно се овоштарници (нормално со јаболка).
Водата е релативно чиста со оглед на тињата.
Има и два автокампови: Отешево и Крани, на спротивни страни на езерото.
За моите лични впечатоци ќе почнам од југозападната граница со Албанија:
- Коњско
За жал досега не сум бил во Коњско. Еднаш тргнавме за натака, но се откажавме бидејќи се оди по 7км планински пат од чакал, лош за возење со мала кола (кога тргнавме од таму се враќаше комбе). Еден од келнерите во Стење ми кажа дека за него било најубаво место на езерото.
- Стење
Огромна песочна плажа со голема платформа, водата и езерото се ок. Има два објекти кои не знам дали работат во сезона. Има и ресторан со ок услуга.
- Царина
Каменест предел со грмушки и трски, имаше по некој шатор и кампер комбиња.
- Камп Отешево
Мал автокамп, ок организиран, тоалетите мислам дека беа нови или реновирани. Камења и трски.
- Рушевините на Хотел Европа
Своевремено еден од најдобрите хотели во Македонија, изгоре во пожар во 2005 година и од тогаш е рушевина. Јас престојував во хотелот во 2001 година, и од тогаш не сум бил на плажата, а се сеќавам дека беше добра.
- Сирхан
Тука исто така бев многу одамна, па не знам како е сега
Тоа е за западниот дел на езерото.
Северниот дел мислам дека целосно е непрооден.
Исток:
- Претор
Песочна плажа. Неколку уредени кафичи на плажата и неколку ресторани погоре.
Имаше алги, а во водата не знам како беше.
Пешачка патека до Сливница, но не покрај вода.
- Сливница
Голема плажа со голем ресторан, кафич и платформа. Водата матна заради гужвата, многу плитко. Како што кажа членот погоре, најверојатно најпосетена плажа на Преспанско Езеро.
- Камп Крани
Не прошетав многу низ кампот, но гледаше ок. Плажата е далеку од кампот, 500 метри. Мала плажа помеѓу два ѕида од трски. Многу плитко и на почетокот со тиња и алги. Интересно е за пешачење низ водата, се е песок, нема ни едно камче, плус 150 метри е ѕидот од трски, па кога ќе го поминеш се отвора поглед на цело езеро.
Тоа е за езерото.
Disclaimer: Јас сум од Охрид па можеби сум пристрасен и навикнат на премногу чиста вода, но не сакам песочни плажи и матна плитка вода. Исто така избегавам гужва.
Во Ресен сум бил неколку пати по работа, па не знам што има интересно. Мал град, плоштад со кафич и бурекџилници, и отприлика тоа ...
Во прилог неколку фотографии од 2019 година (за жал повеќето фотографии ми се во друг компјутер, па не можам да прикачам повеќе во моментов)
Стење:
Царина:
Кампот Отешево:
Крани (2018 година):
Камбанаријата на црквата Св. Никола во Царев Двор (има скали за качување до горе):