Религијата во пандемија на коронавирус Covid19!

Член од
3 октомври 2019
Мислења
49
Поени од реакции
19
Докажи му, прифати го предизвикот, оди и излечи некој болен или испи нешто смртоносно без да ти наштети. Не бегај, не игнорирај, ако знаеш дека е така нема да одбиеш.
Имаше еден свештеник ( католички мислам ) Peter Mary Rookey кој имаше многу луге излекувано во текот на неговиот живот, една статија читав за него кога го прашале како го правиш тоа, одговорил " Јас ништо не правам, само се молам , Бог го врши останатото " исто и во новиот завет имa:
"Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па оставајќи ги, си замина"
така да мислам дека не треба тој стих буквално да го сфакаш дека е напишан со цел за да ти се докаже на тебе или др лице се што може некој Христијанин да направи :P
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Јасно си е напишано, секој што поверувал. Ако не сте фејк, ќе го прифатите предизвикот, едноставно е.
Автоматски споено мислење:

Кластерите во земјава, се создаваат на собиранки. Познато е, кој кластер, каде и од што потекнува.

Поминаа десетина дена и повеќе, од лапањето лажиче и литијата во Струга. Тука, а и на интернетов, многу се потресоа заради тие настани. Разбирливо, затоа што така се создаваат кластери.
Колку кластери се создадоа од тие два настани?

Сега дојдоа на ред ифтарските вечери. Тие траат веќе некое време.
Секој ебан ден има вакви слики, сликани за време на полициски.
Иако поминаа само две недели, отприлика, од почеток на ифтарските настани, веќе имаме кластери таму, од кои најпознат е ифтарскиот кластер во Сингелич (30+ луѓе). Во периодов, најголем процент од дневно заразените во Скопје се од тие кластери (да не кажам конкретно тој).
Откога почнаа ифтарските вечери, процентот на дневно заразени, од вкупниот број на тестирани, прекина да опаѓа.

Па си велам, Ипсисимус и Хептаграм, гарант до сега лом ги напраиле муслиманите у темана. Пошто глеј колку беа изнервирани (со право, не велам не) за литијата у Струга и лажичено, а од тоа нема ни еден кластер, до сега регистриран (дури ни заболен, ама тоа не можеме со сигурност да го знаеме, ако имаше повеќе ќе се знаеше сигурно). Сега, кога се случуваат религиски староеонски собиранки, секоја вечер, во полициски час и што е најбитно - се ствараат кластери, си реков, луѓево излегле од кожа.
....

Се шегувам, знам дека сте лицемери.

Потсетете се и двајцата кога следен пат ќе морализирате кон Христијанството.
Не сум знаел дека треба заменик на Наќе да му бидам, или дека е лицемерие ако пропуштам вест некоја. Јас ако не сум критикувал муслимани, не знам кој тогаш. Еве ти конкретен случај:
Screenshot_20200519-122149_Chrome.jpg
Може само да дополнам дека не само себични туку и екстремно глупи се. И заслужуваат се што може да им се случи.
 
Последно уредено:
Член од
3 октомври 2019
Мислења
49
Поени од реакции
19
Јасно си е напишано, секој што поверувал. Ако не сте фејк, ќе го прифатите предизвикот, едноставно е.
Ахам... еве , некој го прифака предизвикиот и ти го покажува тебе , пие отров од змија и ништо не му е , дали тоа значи дека ке ти го смени тебе целото верување што го имаш за христијанството, дали атеизмот ти е на толку ниско ниво што само некој што ке се напие отров ке те промени од корен :eek::eek::eek::eek: Или пак ке кажеш " Нее не , отровот не ти отиде до крвта затоа ништо не ти е , туку директно во желудникот , дебело / тенко црево па го исфрли , летс трај агаин"
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Убаво реков јас претходно во однос на старите религии и световната власт тука кај нас!

"Исламската верска заедница (ИВЗ), уште во понеделникот со писмо ја известила Владата дека ако се воведе планираниот полициски час за време на продолжениот викенд, тоа ќе значи дека Владата ќе ја изгуби довербата на сите муслимански верници, оти во претходниот месец не е воведен целосен полициски час во ниту еден викенд, а сега има намера да се направи тоа за празникот Фитер Бајрам."
- ИВЗ

А претходно реков:

Владиката не мора да излегува... владиката на МПЦ има поголема моќ од ИВЗ. Тој само погледнува и се знае колку што и кај да се донира. Инаку, каде ќе се најдат гласови за избори? ;)
Гледате како старо-еонските религии од III век па наваму повеќе се заморуваат со броење глави по жител и неминовно се врзани со световната власт и ништо друго...
Знаат тие дека моќта лежи во „бедните по дух“ и нивната приказна која постојано пали низ вековите, за „неверниот Тома“...

Исти сте! Не се заморувате со другите. Овие се собрале во Струга, сега ИВЗ ќе се собирале за нивните празници... каде е разумот и да се каже - чекајте луѓе!
Па без луѓе нема богови и обожувања дај да се смириме и во умот и во срцата! Ќе помине ова, кој останал муслиман или христијанин, пак ќе оди во храмови и ќе празнува празници старо-еонски...

Ама не... стариот еон, мора да се мерат фалуси... мерете! Реков, светот ќе пострада уште малку од вас христијаните и од муслиманите...
Јас велам штета, но можеби пак така и треба, кој ги знае што смислиле боговите. :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Може само да дополнам дека не само себични туку и екстремно глупи се. И заслужуваат се што може да им се случи.
Никад не си излегол од црно-белото размислување и да погледнеш од птичја перспектива зошто луѓето оформуваат различни верувања и пракси. Има мал милион социјални фактори зошто луѓе стануваат муслимани, впрочем, ја и ти ќе сме биле муслимани ако сме растеле у таква околина. Од каде толкава токсична омраза у секој твој пост? На кој си му гневен? Ретко сум видел некој друг со толкава омраза и проблеми со менаџирање на лутина.

Исламот е опасен и многу луѓе кои веруваат у тоа се социјално непожелни. И ја мислам дека се опасни. Ама проблемот со тебе е патосот. Тебе патосот ти е чиста омраза и агресивност кон сите верници, христијани, муслимани, све у еден кош. Плукај ја религијата, а не луѓето, иако има некои со диспозиции да бидат фанатици, ама тоа сегде ќе го најдеш. Тебе цел патос ти е омраза кон староеонските религии и луѓето кои веруваат у нив пошто така си и ти индоктриниран да веруеш.

Од сите луѓе ти најде баш за овој дел од мојот пост да попуваш?! Ти кој во многу наврати имаш кажано дека правото да имаш верување не значи амнестија од критика, исмевање и слично? Сериозно? Плус во случајов се работи за конкретни настани и акти за кои зборам. Ако загрозувањето на јавното здравје и живот е нешто кое не заслужува револт, тогаш што заслужува? Пофалби да имам за луѓе што допринесуваат да живееме во домашен притвор веќе два месеца? Ај да беше микикец па да разберев да се работи за капацитет на капирање, ама ти барем од петни жили се трудиш да оставиш впечаток на интелектуалец.
Автоматски споено мислење:

Ахам... еве , некој го прифака предизвикиот и ти го покажува тебе , пие отров од змија и ништо не му е , дали тоа значи дека ке ти го смени тебе целото верување што го имаш за христијанството, дали атеизмот ти е на толку ниско ниво што само некој што ке се напие отров ке те промени од корен :eek::eek::eek::eek: Или пак ке кажеш " Нее не , отровот не ти отиде до крвта затоа ништо не ти е , туку директно во желудникот , дебело / тенко црево па го исфрли , летс трај агаин"
Ќе го сменам мислењето ако се случи тоа. Има кандидати?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Да излезеше Владика и да речеше - дајте ми пари, инаку има да им наредам на верниците да не почитуваат мерки, Бангладеш ќе напраам овде, ќе се задавевте од пења.
Вака кога реисот тоа го кажа, никому ништо.

Вашите двојни аршини се од таква магнитуда, каде што веќе не поттикнуваат раздразлив антагонизам, туку само презир и подсмев.
Премногу очигледно е дека се настрвени пред се на Христијанството.Па сите теми во врска со религија се сведуваат на оцрнување на христијанството.Која е причината за таквата нивна одбивност спрема релгијата на нивните предци стварно не ми е јасно!:toe:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Премногу очигледно е дека се настрвени пред се на Христијанството.Па сите теми во врска со религија се сведуваат на оцрнување на христијанството.Која е причината за таквата нивна одбивност спрема релгијата на нивните предци стварно не ми е јасно!:toe:
Не се карајте, подеднакво не ве поднесувам, разликата е што муслиманите се повлекуваат кога ќе останат без аргументи, вие изгледа сте мазохисти, па доаѓате по уште и уште и уште....
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Не се карајте, подеднакво не ве поднесувам, разликата е што муслиманите се повлекуваат кога ќе останат без аргументи, вие изгледа сте мазохисти, па доаѓате по уште и уште и уште....
А шо е причината некого да не го поднесуваш?Шо тебе христијанството ти зграшило?Кој си ти да им судиш и да ги исмејуваш љуѓето за нивните верувања или убедувања?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А шо е причината некого да не го поднесуваш?Шо тебе христијанството ти зграшило?Кој си ти да им судиш и да ги исмејуваш љуѓето за нивните верувања или убедувања?
Мое право е дали нешто ќе сакам или не. Јас секогаш дискутирам со аргументи, ако нешто сметам дека е погрешно или штетно за човештвото, слободата, напредокот, изнесувам аргументи зошто така сметам.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Мое право е дали нешто ќе сакам или не. Јас секогаш дискутирам со аргументи, ако нешто сметам дека е погрешно или штетно за човештвото, слободата, напредокот, изнесувам аргументи зошто така сметам.
И шо е штетно за човештвото жити се?Алчност,ненаситност,лицемерие,тие се работите шо го носат човештвото во пропаст.Имаш дилери,макроа,трговци со човечки органи,педофили и шо уште не.И ти сметаш дека некоја бабичка шо оди во црква за време на празници е поопасна од некој макро или рекетар!?Сакаш уште аргументи?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.704
Поени од реакции
42.292

религијата е минато доба, трансхуманизмот е иднината
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И шо е штетно за човештвото жити се?Алчност,ненаситност,лицемерие,тие се работите шо го носат човештвото во пропаст.Имаш дилери,макроа,трговци со човечки органи,педофили и шо уште не.И ти сметаш дека некоја бабичка шо оди во црква за време на празници е поопасна од некој макро или рекетар!?Сакаш уште аргументи?
Па на пример самите основи на кои е поставено - сомнежот се промовира како грев, маана а слепата верба како доблест. Тоа потоа на пример води до ситуации кога истомислениците на бабичката што носи зејтин, во време на пандемија наместо на науката да им веруваат на поповите и оџите.
За говорот на омраза кон лгбт заедницата, атеистите, окултистите и практично сите останати религии и да не зборувам.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Па на пример самите основи на кои е поставено - сомнежот се промовира како грев, маана а слепата верба како доблест. Тоа потоа на пример води до ситуации кога истомислениците на бабичката што носи зејтин, во време на пандемија наместо на науката да им веруваат на поповите и оџите.
За говорот на омраза кон лгбт заедницата, атеистите, окултистите и практично сите останати религии и да не зборувам.
Па самиот призна дека не ги поднесуваш христијаните.Зарем не е тоа говор на омраза?Иначе имам пријатели атеисти,муслимани,христијани и никогаш не сум им префрлил ништо за нивната вероисповед или атеизам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па самиот призна дека не ги поднесуваш христијаните.Зарем не е тоа говор на омраза?Иначе имам пријатели атеисти,муслимани,христијани и никогаш не сум им префрлил ништо за нивната вероисповед или атеизам.
Јас кажав зошто не ги сакам христијанството и исламот, мое право е дали ќе сакам нешто или не. Говор на омраза е кога омаловажуваш, дискриминираш и шириш негативни стереотипи за луѓе само затоа што имаат различен начин на живот, различна сексуалност, религија и слично. Има еден куп групи на социјалните мрежи каде отворено се шири омраза кон лгбт луѓето, кон атеисти и кон религии што се различни од нивните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom