Религијата во пандемија на коронавирус Covid19!

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Помина феноменот „Лажиче“, помина и литијата, а сега некако молк од страна на атеистите, прогресивните, општествено освестените и одговорни гласноговорници по прашање на верски собири. Или е неинформираност или тешка хипокриза во прашање...
Мачка не паѓа на грб :)
Мики бе, колку сакаш биди верник, од која и да е вера, и да постои и да не постои Бог, признај бе дека е неодговорно во ек на пандемија (и да е лага и да не е), од една лажичка десетици, стотици луѓе да го прават тоа шо го правеа.

Офф: Еве ги и ИВЗ, исто, неодговорно, себично ...

Не пораснавте и не пораснавте, тука па тука со муабетов. Без општествена одговорност и без почит кон околината и различностите.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Мачка не паѓа на грб :)
Мики бе, колку сакаш биди верник, од која и да е вера, и да постои и да не постои Бог, признај бе дека е неодговорно во ек на пандемија (и да е лага и да не е), од една лажичка десетици, стотици луѓе да го прават тоа шо го правеа.

Офф: Еве ги и ИВЗ, исто, неодговорно, себично ...

Не пораснавте и не пораснавте, тука па тука со муабетов. Без општествена одговорност и без почит кон околината и различностите.
Многу пандемии е имало и во минатото така и оваа ќе помине без да се пренесе и заразе некој во Манастирите и со Причеста.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Можеш да оспоруваш колку сакаш но и самиот знаеш дека е така
Докажи му, прифати го предизвикот, оди и излечи некој болен или испи нешто смртоносно без да ти наштети. Не бегај, не игнорирај, ако знаеш дека е така нема да одбиеш.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.581
Многу пандемии е имало и во минатото така и оваа ќе помине без да се пренесе и заразе некој во Манастирите и со Причеста.
Мало инфо, во средниот век за време на бубонската чума (позната како и црната смрт) имало група на луѓе-верници кои мислеле дека Господ ги казнувал за нивните гревови што ги направиле... тие барале прошка од Горниот така што голи се удирале самите себеси со еден вид камшик по грб се додека не им потекло крв со надеж дека Бог ќе им ги прости гревовите. Крајниот резултат бил дека тие најлесно се заразиле од чумата која успеала многу лесно да се прошири и по отворените рани што ги имале на грбовите.



И јас сум верник, бев од онаа генерација која учеше веронаука во училиштата (една година траеше овој предмет) па ни на крај памет не ми падна да трчам во црква да се гужвам овој Велигден. Да сме здрави и живи и следата година ќе е Велигден, и наредната, и наредната итн... или ако толку сакаш да појдеш во црква, појди во билокој ден кога никој не влага во тие објекти. Господ на сите ни дал мозоци, само некои заборавиле да го прочитаат упатството за употреба. Пишав и во темата за Короната, жива среќа е што вирусов не е опасен и е со мал процент на смртност, инаку во спротива ќе ни се ебеше матер на сите овде.

Еве ги и муслиманиве сите ја осудија литигијата во Струга, за од денес сите да се напикаат по џамиите. Каков ментален склоп :facepalm: . Се разбира ова важи и за gragjanstFoto кое прво скокна против литигијата, а сега ќутат кога џамиите сеотвараат без да се консултираат со властите (што да очекуваш кога главното лице на ИВЗ е Сулејман Реџепи). Класични пички од луѓе.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Докажи му, прифати го предизвикот, оди и излечи некој болен или испи нешто смртоносно без да ти наштети. Не бегај, не игнорирај, ако знаеш дека е така нема да одбиеш.
Според тебе пречистувањето од 1 лажичка доведува до зараза па еве пробав и не пренесува еве ти доказ
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Според тебе пречистувањето од 1 лажичка доведува до зараза па еве пробав и не пренесува еве ти доказ
Доказ ќе биде кога потврден заболен ќе се причести меѓу здрави луѓе и нема да ги зарази. Нема податок уште помалку доказ дека меѓу рекордно малиот број луѓе што се причестиле - 200 имало заболен. Ако сакаш со докази да дискутираме, ќе го прифатеше тоа што го предложив - одиме на клиника и ти излекуваш заболен или пиеш нешто смртоносно без да ти наштети. Ама вие сте фејк во секој поглед и затоа нема да прифатиш и ќе продолжиш да се криеш зад изговори.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Пред 3 недели беше смртно забрането да се влезе во Црква...Лажичето за причест беше ноќна мора и живото загрозувачко орудие...Денес 3 недели подоцна свечено се отвораат коцкарниците...Светите храмови на хазардерите...Билтенот е нивното коцкарско лажиче...Наеднаш веќе нема никаква опасност по живот...Пред 3 недели беше опасно да се проба лажиче во свет храм, а од денес ќе се срка со лажици по кафани и ќе се пробуваат кондури со лажици по огромните молови...Најплашливите шетаа со маски ко да слават Хелоувин, а не Свети Ѓорѓија во храмот...Се надевам ќе се извинат за вековната кардинална грешка со свеќите на тараса кога ѓаволот ни даде гол со пета...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
Пред 3 недели имаше и по 24 часа забрана за движење, денес - не е така.
На 16.04.2020 имало 100+ позитивни на тестови, додади тука и болни со температури кои не пошле на доктор... затоа имаше Lockdown!

И таман почнаа заради мерките да се намалуваат тие бројки, почетокот на мај имавме ептен малку позитивни и оп - ете ти ги после 2-3 недели, пак 30+ дневно... сега ќе долетаат и оние од мајот и може наместо отварање да има пак полициски часови .... и така наместо да беше се како што треба, со разум малку а не во бунило да се проповеда како „дошол крајот на светот ако не отиде православниот христијанин да се причести“ и како исто било да се иде до продавница и да се лиже исто лажиче со други... ќе бевме сега можеби и без полициски час и поопуштено...
Но христијанинот и муслиманинот по пример на првите - се губат и мислат дека боговите токму од нивните празнувања опстојуваат!

Ете ја и Струга... излегоа да шетаат „делови од мртов човек“ и се собраа луѓе без да се заморуваат за забраната (законска) и препораките... битно „верата“ :)
И сега кога пак ќе има константно позитивни наместо намалување, што правиме?
Со овој ум и бодрење дека во храмовите не се гине, и „мала Богородица“ ќе ви ја бувнат со 24 часа затворени бидејќи постојано ќе има позитивни - па тогаш да видите :D
Заради вас, кои умирате да бидете по црквите и џамиите - ќе страдаат и другите, но тоа вам не ви е битно.
„Душата да си ја спасите“ преку верувања, другото ќе помине , нели...

Вака читајќи те тебе и другите христијани, сигурно во вашиот ум се што се дешава во светот е стриктно за да биде искушуван православниот христијанин! Никој друг, само православниот христијанин бидејќи тој е ... најбитното нешто во светот...
 
Последно уредено:
Член од
7 јануари 2015
Мислења
890
Поени од реакции
576
Дали Свети Јован Бигорски е отворен за верници овие денови?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Кластерите во земјава, се создаваат на собиранки. Познато е, кој кластер, каде и од што потекнува.

Поминаа десетина дена и повеќе, од лапањето лажиче и литијата во Струга. Тука, а и на интернетов, многу се потресоа заради тие настани. Разбирливо, затоа што така се создаваат кластери.
Колку кластери се создадоа од тие два настани?

Сега дојдоа на ред ифтарските вечери. Тие траат веќе некое време.
Секој ебан ден има вакви слики, сликани за време на полициски.
Иако поминаа само две недели, отприлика, од почеток на ифтарските настани, веќе имаме кластери таму, од кои најпознат е ифтарскиот кластер во Сингелич (30+ луѓе). Во периодов, најголем процент од дневно заразените во Скопје се од тие кластери (да не кажам конкретно тој).
Откога почнаа ифтарските вечери, процентот на дневно заразени, од вкупниот број на тестирани, прекина да опаѓа.

Па си велам, Ипсисимус и Хептаграм, гарант до сега лом ги напраиле муслиманите у темана. Пошто глеј колку беа изнервирани (со право, не велам не) за литијата у Струга и лажичено, а од тоа нема ни еден кластер, до сега регистриран (дури ни заболен, ама тоа не можеме со сигурност да го знаеме, ако имаше повеќе ќе се знаеше сигурно). Сега, кога се случуваат религиски староеонски собиранки, секоја вечер, во полициски час и што е најбитно - се ствараат кластери, си реков, луѓево излегле од кожа.
....



Се шегувам, знам дека сте лицемери.

Потсетете се и двајцата кога следен пат ќе морализирате кон Христијанството.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
Линк
Заради вас, кои умирате да бидете по црквите и џамиите - ќе страдаат и другите, но тоа вам не ви е битно.
„Душата да си ја спасите“ преку верувања, другото ќе помине , нели...
Штета што нема муслимани овде... си заминаа...

Некои луѓе треба да читаат внимателно, бидејќи лесно е оп прстот кон некој и да се обвинува бидејќи не ти чини тоа што го зборува...

Најмногу што креваат врева овде се христијани (кои сатанизираат сешто за да имаат оправдување за својата догма)
и нормално е кон нив да е наменет муабетот кога само тие се „големите гласноговорници“ кои упорно се обидуваат нивната догма да важи за сите, за да нели има валидност нивните „факти“.

И муслимани и христијани се исти калибар на луѓе полни со омраза кон другоста заради сржта на нивната догма - „мојот и само мојот бог и моите ритуали - другите, небитни“!
Нивната дијагонална вековна омраза и спротивставеност се обидуваат да ја вметнат и кон новите учења само за да се одржат вештачки во живот!

Тоа е стариот еон. А стариот еон не се само христијаните... читајте по форумов и ќе дознаете кои се и зошто се...
И заради таквите ќе страда светот уште малку...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Да излезеше Владика и да речеше - дајте ми пари, инаку има да им наредам на верниците да не почитуваат мерки, Бангладеш ќе напраам овде, ќе се задавевте од пења.
Вака кога реисот тоа го кажа, никому ништо.

Вашите двојни аршини се од таква магнитуда, каде што веќе не поттикнуваат раздразлив антагонизам, туку само презир и подсмев.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
Владиката не мора да излегува... владиката на МПЦ има поголема моќ од ИВЗ. Тој само погледнува и се знае колку што и кај да се донира. Инаку, каде ќе се најдат гласови за избори? ;)
Сепак Македонија е „православна земја“, во нечии фантазии, да не кажам дека и тоа е чиста догма, мит кој што се пренесува како утеха ...

Намали со омразата заради религии, аман... оди подсмевај се во некое ќоше дома и живеј... ако јас расправам што чуствувам додека ве читам, до кај ми е векот?

Ти најде мене да ме повикуваш, како јас да сум некаков авторитет тука, за кој, колку и каде да критикувам? Ооо, па тебе бааги нешто те изнервирале муслиманите штом мене и @Ipsissimus не прозиваш дека малку ги критикуваме муслиманите, се нешто биле криви христијаните! :D

Се надевам добар си...

Читај низ темиве и ќе видиш дека на многу места зборувам и за вас христијаните, и за муслиманите - дека оваа вашата работа не ја бива!

Јас на форумов дебатирам со луѓе кои глаголаат за нивните религии (без разлика кој колку е навлезен во тоа, колку разбира, знае, колку преминал во фанатизам) или со омраза расправаат за другите, чии философии ниту ги знаат ниту пак разбираат, а тука најмногу ве има вас - христијани кои полни со омраза кон муслимани (и тие имаат кон вас, да) и сега ете кон мене како Телемит, скриени зад догмата, зборуваат сенешто за да пробаат да се оправдаат пред себе си (бидејќи пред мене не постои оправдување за вакви ствари) со тоа што ќе обвинувате како „ете и другите прават вака и вака, па мора и ние така и така“...

Кога имаше муслимани, се имаше муабет и со нив... не можам да зборувам јас за нив на форумов, кога нема кој да прочита од оние за кои е наменета мојата размисла!
Тоа е игра на христијаните и муслиманите - преку која си го полнат егото и злобата во срцето читајќи блуткави работи за „дугоста“ која за нив е зло и сатанизам!

Исти сте! Не се заморувате со другите. Овие се собрале во Струга, сега ИВЗ ќе се собирале за нивните празници... каде е разумот и да се каже - чекајте луѓе!
Па без луѓе нема богови и обожувања дај да се смириме и во умот и во срцата! Ќе помине ова, кој останал муслиман или христијанин, пак ќе оди во храмови и ќе празнува празници старо-еонски...

Ама не... стариот еон, мора да се мерат фалуси... мерете! Реков, светот ќе пострада уште малку од вас христијаните и од муслиманите...

Јас велам штета, но можеби пак така и треба, кој ги знае што смислиле боговите. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom