Стварно не ја разбирам потребата на поединци тука на сите што не се согласуваат со нивните ставови да се квалификуваат како СДСМ-овци или ВМРО-вци.
Добро бе па можда сум хомосексуалец кој не се согласува со вашите ставови или пак сум анархиста кој не се согласува со вашите ставови.
Оваа држава пати од ликови кој политичката партија ја сфаќаат како фудбалски клуб/религија.
Демек дедо ми навивал за Милан, татко ми навивал за Милан и јас и син ми до крај на животот ќе сме за Милан или во превод дедо ми за ВМРО/СДСМ, јас за ВМРО/СДСМ и сите поколенија до 2100 за ВМРО/СДСМ. Се додека матрицата на грото население во државата е вакво нема да мрднеме од оваа точка на очај.
Мене ако ме прашувате не на 4 години јас би ги менувал партиите на 2 години да не видат раат на власт повеќе од 2 години и сметам дека секој интелектуалец треба да размислува на сличен начин.
@Mandrac, јас на овој форум не протежирам политички ставови и дневна политика, ама ми смета и нема да дозволам друг да врши политичка пропаганда на форумот и секогаш ќе реагирам на истото, а ти проба да вршиш политича пропаганда за ВМРО со вест која нема врска со реалноста и која ти е демантирана од институциите. Дали намерно или ненамерно и со која цел ја вршиш пропагандата само ти си знаеш.
И за крај, има ли правила на форумов?
Има ли администратор на форумов?
Ако ова не е говор на омраза јас незнам што е, ама се ќути. А кога имаше постови за странски акции или за нафта и крипто веднаш се реагираше па дури и со закани за банирање на поединци тука. Тоа се тие двојни стандарди од кои ќе мора да се откажеме ако сакаме да станеме модерна европска држава.
п.с. Не ти го разбирам ставот за 60% пад и ќутењете, те молам просветли ме. Што демек ако падне 60% акцијата треба да излеземе и да протестираме? Каде во светски рамки протестираат кога ќе падне одредена акција за 60% или работава да се пише нешто колку да се пише дали има поента или не и не е многу важно.