Македонска берза

Член од
13 јануари 2020
Мислења
7
Поени од реакции
3
А ти навиваш за девалвација изгледа. Да не си извозник нешто? :icon_lol:
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
можна девалвација не влијае на цената на акциите
 
Член од
18 септември 2010
Мислења
61
Поени од реакции
40
Маржата зависи од типот на бизнисот. Истотака зависи и од економскиот циклус или поточно обратно.
Продавница има поголема маржа од што препродава а не па МОНОПОЛ, а ако мислиш за ЦМК Европа или за камени мост да имаш само 700к евра расход од 67 МИЛИОНИ евра приход, плацеви на Марс да продаваат па повеќе расход ќе имаат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

Еве ти пример за фирма со 99% маржа...консалтинг од дома. А пример за 1-2% маржа е Менувачница или Супермаркет. Овие фирми секаде во светот имаат многу мала т.е. многу голема маржа. Има фирми со таква природа на работа а и зависи од менаџмент ако не сака да пријавува или е смотан па не пријавува трошоци.
Автоматски споено мислење:

можна девалвација не влијае на цената на акциите
Девалвација влијае на цените на акциите. Прво поради имотот што го имаат, па поради увоз извоз итн. Генерално правило е ако има девалвација рипаат цените на берзата нормално ако се е исто друго и невлијаат други фактори...не е едноставно да се каже.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Какви се бе овие глупости што ги доделуваат?? По кој тоа параметар ОХБ е најдобра на пазарот? Па и тоа за (пази ова) 2020. година! Банката дури нема ни да постои до крајот на годината пошо ќе се втопи во Шпаркасе...

Исто вака и КМБ секоја година ги добиваше оние награди од Банкер-манкер, иако СТБ по секој критериум беше подобра у задни 10 години

Screen Shot 2020-05-19 at 21.25.33.png
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
335
Поени од реакции
323
Ај дајте инфо, овие Гранит не ми дигаат телефон, ни па на е-пошта враќаат, дал треба директно во канцеларија да им оставам трансакциска сметка? Прв пат земам денда од нив па не знам како оди.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
591
Поени од реакции
1.098
Ај дајте инфо, овие Гранит не ми дигаат телефон, ни па на е-пошта враќаат, дал треба директно во канцеларија да им оставам трансакциска сметка? Прв пат земам денда од нив па не знам како оди.
Ova beshe od lani:

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивиденда за 2018 год потребно е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава ( во прилог )

Акционерите кои добиле дивиденда за претходните години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат.

Податоците да се достават на адреса : ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје или на e-mail violeta.petrusevska@granit.com.mk со назнака за дивиденда 2018 година

Сите потребни информации можат да се добијат на тел 3 218 713

Скопје, 01.07.2019 год ГД Гранит АД

P. S. Ne brzaj kje objavat na seinet I onaka isplakjaat septemvri...
 
Член од
18 септември 2010
Мислења
61
Поени од реакции
40
Еве ти пример за фирма со 99% маржа...консалтинг од дома. А пример за 1-2% маржа е Менувачница или Супермаркет. Овие фирми секаде во светот имаат многу мала т.е. многу голема маржа. Има фирми со таква природа на работа а и зависи од менаџмент ако не сака да пријавува или е смотан па не пријавува трошоци.
Ти изгледа намерно забушаваш не дека не сваќаш, еве јас ке отворам 5 консалтинзи не од дома туку и канцеларии ќе изнајмам а ти најди барем 1 милион евриќи на кои што јас ќе имам маржа 99% ( Кој ќе ми ги даде АЛОООО) а не па 67М :vozbud: :vozbud::vozbud:
 
Член од
16 декември 2019
Мислења
63
Поени од реакции
75
Какви се бе овие глупости што ги доделуваат?? По кој тоа параметар ОХБ е најдобра на пазарот? Па и тоа за (пази ова) 2020. година! Банката дури нема ни да постои до крајот на годината пошо ќе се втопи во Шпаркасе...

Исто вака и КМБ секоја година ги добиваше оние награди од Банкер-манкер, иако СТБ по секој критериум беше подобра у задни 10 години

Прегледај го приврзокот 251968
Marketing druze. Site banki se najdobri samo zavisi kaj kogo ke platat za da im ja dodelat nagradata. Drapanje muda se site ovie nagradi, isto kako i onie listi so "top 100 firmi" ili "najdobri menadzeri" itn.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Искрено, на МСЕ неможеш да бараш логика и да очекуваш бранови базирани на реални бројки, особено ако тоа не им годи на големите... падот беше логичен а баунс бекот им беше најбољи потег!! Си завршија работа...
реалната ситуација како никој (да)несака да ја види, се навива дека старите цени се вратија, ама профитот дали ќе надмине 60% од 2019:
Нашите топ увозници UK, GE, US веќе влегоа во рецесија, умешно сите медиуми кај нас како да и ставија маска на таа вест и никој не ја коментира...
Screenshot_20200520-002801_Chrome.jpg

Околните земји брзаат да ја фатат сезоната, но се погласни се експертите дека вториот бран е неизбежен во Август Септември, но јас гледам дека големиот брат сеуште не е ни на 50% од пикот на првиот бран, а веќе се надминаа бројките и загубиѕе од 2009. На чив грб ќе го билдаме профитот на нашите гиганти?

Screenshot_20200520-002732_Chrome.jpg

Иначе ппстепениот пад на МСЕ мислам е тивко повлекување на позиции чистење на веќе остварениот 30% профит, пред следните случувања...

Гледајки бројкиве уназад секој ден има по 17к-20к нови во УС, а у УК и ГЕ не се ништо посјајни далеку се они од првиот бран, а кај ќе е вториот...

Screenshot_20200520-002924_Chrome.jpg

П.С. не е спремни нашите да спроведат девалвација на дело, ќе се сопнат при самата помисла, ќе скршат рука и нога...

П.П.С. незнам кај сте сега, но светот е застанат, јас со сопствњни очи гледам како се е на стенд бај фирмите, рафинериите, пристаништата незнаат какви правила и процедури да воведат за да се заштитат веќе 2м, пред 3 дена другар движеше Мајами за УК, Франкфурт за софија и СК...само полиција низ градови и аеродроми се е паркирано ...

Проблем е што некако многу тивко од ден на ден си тоне берзава. Секој ден паѓа отприлика со по пола до еден процент. Прашање е дали сите што продаваат бркаат ликвидност бидејки исто така гледам дека одат многу милионски суми. Повеќе ми оди паметот дека се игра на картата психологја отколку на прави бројки што ги извадија фирмите во првото тромесечие. Првото тромесечие секогаш се штима и затоа што многу се зафатени и со завршни сметки и со собранијата што се организираат во ова прво тромесечие, плус многу фирми не треба да се заборави дека многу од нив платија ддв аконтативно до кракот на годината.
Пред два месеца исто така прашав и пак ќе прашам дали е можно дуплата во буџетот да се затвори со една убава девалвација еден убав понеделник рано сабајле пред воопшто да сме разбудени. Сакам да кажам ќе имаме денари, ама ќе можеме да купиме помалку.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Ти изгледа намерно забушаваш не дека не сваќаш, еве јас ке отворам 5 консалтинзи не од дома туку и канцеларии ќе изнајмам а ти најди барем 1 милион евриќи на кои што јас ќе имам маржа 99% ( Кој ќе ми ги даде АЛОООО) а не па 67М :vozbud: :vozbud::vozbud:
E добро де некој не пријавуваш трошоци...незнам што ти е поентата.
Автоматски споено мислење:

Искрено, на МСЕ неможеш да бараш логика и да очекуваш бранови базирани на реални бројки, особено ако тоа не им годи на големите... падот беше логичен а баунс бекот им беше најбољи потег!! Си завршија работа...
реалната ситуација како никој (да)несака да ја види, се навива дека старите цени се вратија, ама профитот дали ќе надмине 60% од 2019:
Нашите топ увозници UK, GE, US веќе влегоа во рецесија, умешно сите медиуми кај нас како да и ставија маска на таа вест и никој не ја коментира...
Прегледај го приврзокот 251990

Околните земји брзаат да ја фатат сезоната, но се погласни се експертите дека вториот бран е неизбежен во Август Септември, но јас гледам дека големиот брат сеуште не е ни на 50% од пикот на првиот бран, а веќе се надминаа бројките и загубиѕе од 2009. На чив грб ќе го билдаме профитот на нашите гиганти?

Прегледај го приврзокот 251991

Иначе ппстепениот пад на МСЕ мислам е тивко повлекување на позиции чистење на веќе остварениот 30% профит, пред следните случувања...

Гледајки бројкиве уназад секој ден има по 17к-20к нови во УС, а у УК и ГЕ не се ништо посјајни далеку се они од првиот бран, а кај ќе е вториот...

Прегледај го приврзокот 251992

П.С. не е спремни нашите да спроведат девалвација на дело, ќе се сопнат при самата помисла, ќе скршат рука и нога...

П.П.С. незнам кај сте сега, но светот е застанат, јас со сопствњни очи гледам како се е на стенд бај фирмите, рафинериите, пристаништата незнаат какви правила и процедури да воведат за да се заштитат веќе 2м, пред 3 дена другар движеше Мајами за УК, Франкфурт за софија и СК...само полиција низ градови и аеродроми се е паркирано ...

Ако мислиш дека беар маркет трае исто колку и рецесија гадно се лажеш. Тоа никогаш не е случај. Беар маркетите се почнуваат порано и завршуваат порано од рецесиите. Е сега единствена добра поента ти е втор бран на инфекции...ама тоа останува да се види тоа може да е вајлд карт.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Во претходните постови разјаснивме како треба да се пријавува нереализираната капитална загуба од поседуваните хартии од вредност. Меѓутоа, еве МТУР воопшто не ја пријавил во својот тримесечен извештај:

Screen Shot 2020-05-20 at 09.33.36.png

Еве баш ме интересира дали Берзата или КХВ ќе поведат некаква постапка против сметководителите или компанијата за лажно прикажување на резултати и измама на потенцијалните инвеститори!

Инаку, еве што поседуваат, па пресметајте колкава загуба требало да пријават на крајот на првиот квартал. А и ако малите акционери можеби не се разбираат и не сакаат да се замараат да бркаат вакви работи, тогаш пензискиот фонд Сава што поседува 8-9% у МТУР треба да го направи тоа поради средствата што ги „управува“. Да си ги оправдаат вработените платите од 100.000 денари што ги земаат од наплатените провизии од идните пензионери.

Screen Shot 2020-05-20 at 09.43.48.png
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Moze i 60% da vi padne akcijata i kako shupci da kutite ama partija da ne vi spomne slucajno covek odma instiktivno reagirate :)
Da vi se izmocam vo toa sdsssssm ovskoto :)
Стварно не ја разбирам потребата на поединци тука на сите што не се согласуваат со нивните ставови да се квалификуваат како СДСМ-овци или ВМРО-вци.
Добро бе па можда сум хомосексуалец кој не се согласува со вашите ставови или пак сум анархиста кој не се согласува со вашите ставови.

Оваа држава пати од ликови кој политичката партија ја сфаќаат како фудбалски клуб/религија.
Демек дедо ми навивал за Милан, татко ми навивал за Милан и јас и син ми до крај на животот ќе сме за Милан или во превод дедо ми за ВМРО/СДСМ, јас за ВМРО/СДСМ и сите поколенија до 2100 за ВМРО/СДСМ. Се додека матрицата на грото население во државата е вакво нема да мрднеме од оваа точка на очај.
Мене ако ме прашувате не на 4 години јас би ги менувал партиите на 2 години да не видат раат на власт повеќе од 2 години и сметам дека секој интелектуалец треба да размислува на сличен начин.

@Mandrac, јас на овој форум не протежирам политички ставови и дневна политика, ама ми смета и нема да дозволам друг да врши политичка пропаганда на форумот и секогаш ќе реагирам на истото, а ти проба да вршиш политича пропаганда за ВМРО со вест која нема врска со реалноста и која ти е демантирана од институциите. Дали намерно или ненамерно и со која цел ја вршиш пропагандата само ти си знаеш.

И за крај, има ли правила на форумов?
Има ли администратор на форумов?
Ако ова не е говор на омраза јас незнам што е, ама се ќути. А кога имаше постови за странски акции или за нафта и крипто веднаш се реагираше па дури и со закани за банирање на поединци тука. Тоа се тие двојни стандарди од кои ќе мора да се откажеме ако сакаме да станеме модерна европска држава.

п.с. Не ти го разбирам ставот за 60% пад и ќутењете, те молам просветли ме. Што демек ако падне 60% акцијата треба да излеземе и да протестираме? Каде во светски рамки протестираат кога ќе падне одредена акција за 60% или работава да се пише нешто колку да се пише дали има поента или не и не е многу важно.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
И за крај, има ли правила на форумов?
Има ли администратор на форумов?
Има и правила, има и админ којшто сабајлево веќе му избриша еден пост на дотичниот. Како што и ти самиот кажа во твојот пост, дневна политика нема да се толерира на темава, си има други теми за тоа.
И едно укажување до тебе, ако видиш таков пост пожелно е да го пријавиш, а не да му реплицираш и да се разводнува дискусијата, тоа исто така е казниво.

Благодарам на вниманието.
 
Член од
30 април 2018
Мислења
256
Поени од реакции
504
Ова го зборев и ја пред година-две кога имаа голема останата сеопфатна добивка, а ја немаа обелоденето во меѓупериодискиот.
Не верувам дека е намерно, ама у секој случај е непрофесионално.

Инаку ефектот на вклучување на промената на цената на акциите што ги имаат не би бил на “Нето добивката што им припаѓа на акционерите на друштвото“ туку преку “Останата сеопфатна добивка/загуба“ на “Вкупна сеопфатна добивка/загуба“.

Ова е битно затоа што јас како што знам, голем број инвеститори и аналитичари како бројка што ја користат за пресметување на показатели (П/Е пример) не ја земаат Вкупната сеопфатна добивка, туку Нето добивката по оданочување.

Јас тука гледам дополнителна вредност на МТУР. Кога тие ќе ги продадат акциите ќе остварат добивка која ќе помине преку Биланс на успех и ќе се вклучи во Нето добивката по оданочување. Тогаш некој што не знае да чита извештаи и што се раководи слепо по показатели, акцијата на МТУР ќе му се види ефтина. Инаку нереализираната добивка по овој основ стои во капиталот на “Резерви за фин. средства расположиви за продажба“ и на 31.12.2019 изнесува 176 милиони денари.

Во претходните постови разјаснивме како треба да се пријавува нереализираната капитална загуба од поседуваните хартии од вредност. Меѓутоа, еве МТУР воопшто не ја пријавил во својот тримесечен извештај:

Прегледај го приврзокот 252000

Еве баш ме интересира дали Берзата или КХВ ќе поведат некаква постапка против сметководителите или компанијата за лажно прикажување на резултати и измама на потенцијалните инвеститори!

Инаку, еве што поседуваат, па пресметајте колкава загуба требало да пријават на крајот на првиот квартал. А и ако малите акционери можеби не се разбираат и не сакаат да се замараат да бркаат вакви работи, тогаш пензискиот фонд Сава што поседува 8-9% у МТУР треба да го направи тоа поради средствата што ги „управува“. Да си ги оправдаат вработените платите од 100.000 денари што ги земаат од наплатените провизии од идните пензионери.

Прегледај го приврзокот 252001

Porastot na akciite trebalo da go stavat vo ostanata seopfatna dobivka, kako sto go ima vo lanskiot revidiran isvestaj.
Прегледај го приврзокот 199272
Ama namerno ili nenamerno vo ova pole vo Q3 izvestajot nema podatok.
Прегледај го приврзокот 199273
 
Kajgana Shop

На врв Bottom