Македонска берза

myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Па токму тие странски банки што се занимаваат најмногу со кредити, а не со инвестициско банкарство, имаат најголеми падови на акциите, што значи дека се очекува огромна количина нефункционални кредити. Еве баш анализирај како работат петти-шести-седми најголеми банки на соодветните пазари, панданите на УНИ. Инаку, и јас одвај чекам да видам што ќе одлучат Бугарите кого да заебат: дали сопствениците на обичната акција со понизок профит или сопствениците на приоритетната со неисплата на камата?

Ме заинтересира ова. Ај те молам пиши (пример) на кои банки мислиш да побарам да видам (чисто дека ако еве гледам Америка Goldman Sachs e 12 по ранг, Morgan Stanley 17...да не лутам дека и незнам кои имаат само комерцијално работење...)
фала.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
Therealgrim mnogu go pocituvam tvoeto mislwnje na forumot no sakam da prikazam edna licna konstatacija.
Vo 2018 imav nekoj kes na smetka i se dvoumev dalu da kupam KMB ili PKB.Kupiv KMB na 4300den ,a PKB vo toj period bese okolu 11500den.
Sto se sluci?
Od togas navamu na KMB zarabotiv okolu 1250 den .dividenda i okolu 2500 den.kapitalna dobivka po akcija.
Znaci zarabotov vkupno 3750 den po akcija.
Sto ke se slucese ako kupev PKB ?
Ke zarabotev max.700 den po akcija i maka ke macev da izlezam.
E aj sega ti kako pocituvan clen na forumot mi kazi zasto PKB e podobra od KMB?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.868
Поени од реакции
7.255
Па токму тие странски банки што се занимаваат најмногу со кредити, а не со инвестициско банкарство, имаат најголеми падови на акциите, што значи дека се очекува огромна количина нефункционални кредити. Еве баш анализирај како работат петти-шести-седми најголеми банки на соодветните пазари, панданите на УНИ. Инаку, и јас одвај чекам да видам што ќе одлучат Бугарите кого да заебат: дали сопствениците на обичната акција со понизок профит или сопствениците на приоритетната со неисплата на камата?
Баш банките кои се занимаваат со инвестициско банкарство се ракот за денешната светска економија.
Во САД, да не беше нивната поврзаност со државата, сите требаше да банкротираат во 2009, а не Голдман ем манипулации, ем му дадоа неброени милијарди од даночните обврзници.

Ако тие конзервативните банки што работат претежно со кредити, страдаат, овие треба кључ на врата да стават.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Пекабеско е апсолутен лидер у пазарен сегмент којшто у следните две години додека да стигне вакцината ќе има исклучително поволен ветер у грб со раст од 20+%. Исто така, со растот на стандардот, популацијата ќе јаде повеќе поквалитетни протеини за сметка на јаглехидрати. И конечно, главната причина што купив ПКБ е што во западните држави овие производи се 5-10 пати поскапи, а освен што ќе конвергираме со цени, постои огромна веројатност со најмодерна опрема и објект проектиран од Швајцарци и европски извозен број, Пекабеско лесно да договори производство за некоја западна стокова марка на сувомеснати производи. За такво нешто дури и лично би се ангажирал со време и труд. Во таква ситуација може многу лесно и со само една зделка да се дуплира добивката на компанијата. Ти земи сега па пресметувај колку вреди ПКБ!
Пекабеско е дно од квалитет. Производите се 5-10 пати поскапи во странство затоа што во својот состав има 20 пати повеке месо него соја.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Не велам јас дека било кој треба да ме слуша и да постапува според моите постови, токму напротив. Секој треба да си инвестира во согласност со сопствените анализи, а најискрено ви посакувам што поголем успех.

Всушност, темата за којашто најмногу сум заинтересиран, а од којашто сите ќе имаме корист, е да се обезбеди владеење на правото и функционирањето на институциите.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Според коментарот игледа не си ја завршил домашната работа.
Сосема е различен степенот на развиентост и со што се занимаваат европските и американските банки во однос на што се занимаваат банките кај нас.
УНИ банка пред 12 години и УНИ Банка денес се сосема различни приказни.
Исто како и ПКБ.
Има една клаузула во обврзницата баш за вакви времиња, каде може Банката да одлучи да не ја исплати тековната рата, баш за тоа е и таа толку висока каматна стапка и износот од 450.000 евра годишно. Но мислам дека до тоа нема да дојде, и баш напротив од позајмените средства ќе успеат да направат дополнителни 450.000 евра ако не и повеќе - профит кој би го немале ако не ја издадеа обврзницата.
Уни е различна од пред 12 години точно, ама на многу полошо, не се ни споредува сегашната уни со тогашната, сега моментално по некои стандарди од законот за банки неможе ниту да се смета за целосна банка.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Уни е различна од пред 12 години точно, ама на многу полошо, не се ни споредува сегашната уни со тогашната, сега моментално по некои стандарди од законот за банки неможе ниту да се смета за целосна банка.
УНИ Банка од пред година дена е во системски важни банки.
Баш поради тоа имаа потреба од дополнителен капитал (адекватност на капитал) и ја издадоа обврзница.
Што да ви кажам, ако тоа не ви кажува нешто, што е показател на објектиен квалитет признаен од НБРМ, а вие пак продолжете да не ја сметате пак за банка.
УНИ и Халк 3-4 години по ред секоја година го зголемуваат пазарното учество за 1% на сметка на големите и на малите банки.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Инаку, што се однесува до (не)функционирањето на институциите, препорачувам да ја изгледате следната емисија. Иако делува дека малите акционери се легално предриблани преку комплексни договори составени од странските инвестициски банкари со клаузули во корист на Русите, од описот на реакцијата на институциите може да се види нивниот криминален и игнорантски однос, како и корупцијата и интересите на највисоките државни структури во енергетскиот бизнис.

Посебно ми беше интересно што поддршка на малите акционери им пружила Финансиската полиција на чело со тој Мухарем Арафати, коишто Азманов во друга емисија ги посочи покрај СЈО како главни помошници во рекетирањето што го вршел Боки 13. И токму претставникот на акционерите во неколку наврати потенцираше дека наводниот рекет на Боки и Катица е ситница за криминалот во Те-То.

Автоматски споено мислење:

Ајдееее еве и Факторци ги обработиле резултатите на пензиските друштва со лаг од две недели у однос на мене, само со повеќе непотребни и лошо пресметани бројки :pos:

Последно уредено:

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
335
Поени од реакции
323
Пекабеско е дно од квалитет. Производите се 5-10 пати поскапи во странство затоа што во својот состав има 20 пати повеке месо него соја.
Дно се сите наши прехрамбени предузеќа. На прсти се бројат оние кои имаат квалитетни производи, но и тие имаат многу мала понуда. Да не се Аргета, Перутнина Птуј и локалните одгледувачи на јунци и прасиња, дефинитивно би бил вегетаријанец во државава.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Дно се сите наши прехрамбени предузеќа. На прсти се бројат оние кои имаат квалитетни производи, но и тие имаат многу мала понуда. Да не се Аргета, Перутнина Птуј и локалните одгледувачи на јунци и прасиња, дефинитивно би бил вегетаријанец во државава.
Не знам дали читате состави на прехрамбени производи, ама Аргета содржи отприлика една третина пилешко месо и две третини компиров скроб. Почесно би било да се рекламира како компирова паштета, а не како пилешка. А ич да не почнувам за индустриските фарми кадешто живината се кљука со антибиотици и цел живот од испилување до смрт се држи во темница и на куп со други кокошки за да не се движи и побргу да се натови за колење...
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Кој уште јаде паштета? Искрено Пекабеско сувомеснато немам купено којзнае од кога. До душа и го нема во голем дел во маркетите, барем кај мене. Слушам во последно време се рекламираат по Канал 77, пред некој ден и Пендаровски се сликаше нешто храна ова она....може сакаат да поработат на имиџот.
Иако, би требало пред се на достапноста и квалитетот на производите да поработат
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539

Е ајде де, како може да им летаат акциите до небо со толку слаба достапност на нивните производи и не толку голема побарувачка ?

На Солета домашниот кулен - ама мораш да им потенцираш домашен кога купуваш, за да не ти дадат од обичниот - е невидена уживанција, мој роднина кој порано работел кај нив вели дека ако има производ од Солета кој е 100% месо без никакви адитиви, тоа им е домашниот кулен.

Ама од Пекабеско не ми текнува да имам купувано било што.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Пекабеско ете успеал некако да стане трипати поголем производител на сувомесни производи од вториот следен конкурент, а одлично е да се знае дека сѐ уште постои простор за раст на продажбата доколку се зголеми достапноста за да се освојат и членовите на форумот коишто не ги конзумираат неговите производи. Исто така, можеби во асортиманот ќе пронајдете некој интересен производ којшто ќе ги задоволи вашите префинети непца:

Член од
18 септември 2010
Мислења
61
Поени од реакции
40
Е ајде де, како може да им летаат акциите до небо со толку слаба достапност на нивните производи и не толку голема побарувачка ?
Вие изгледа заборавате дека ПКБ работи и растура со цигари!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom