Јас најдобро сирење сум јадел од Берово, пријател го зема од таму и тоа прилично скапичко (околу 400 денари килограм за бело овчо сирење) и налет цената се чекало многу време за едвај една канта од 12-13 кг, го скапав молење да ми порачува и за мене и никако да успеам да го убедам.
Исто имам пробано одлично сирење во хотел Манастир во Берово, им барав да купам и не ми дадоа инфо од каде го набавуваат (таму ако одите барајте и ајвар и џемови, ненормално им се вкусни ама и скапички
)
Друго домашно сирење што ми има останато во памет беше кравјо сирење што го земав од с. Вранче, за жал жената што го произведуваше ги продадоа кравите оти не биле веќе во можност да ги одгледуваат и ја сретнав пред некое време во Скопје живеела кај ќерката, инаку превриено и старо сирење беше како зденка мрсно, соленко за мерак. Со топол леб, ајвар и тоа сирење би функционирал до крај на животот
Еден пријател зема од Галичник и ми го скапа фалење, ама искрен да бидам не беше нешто wow, во споредба со Беровското и ова и тоа што го имам земано од Мариово се 2 класи полошо, а му напукале цена како да шиткаат кашквал.
Во моментов имам уште малку домашно (немам појма од кое Мариовско село го зеле моите цела канта, се изгребав 1 парче
) али е пресно овчо и е доста меко (кога бев дете ова го сакав најмногу, ама ме караа старите да не го јадам додека не преврие поради бурцелозата), за пржено со лукче ова е топ.
Од овие комерцијалните во продавница последно време си го земам Осоговско овчо од Кам, цена-квалитет е ок, соленко баш по мој мерак и не се случило да има голема разлика од една до друга пратка. Имаше таму и едно од Трло (ова беше и ефтино), ама не го носат повеќе, инаку и тоа ми беше убаво. Го имам пробано и тоа Салакис ама некако ми е посилен мирисот на овца кај него и се вратив пак на Осоговското.