Коронавирус (COVID-19)

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Ај пак. Баш заради тоа што голем дел од заразените немаат симптоми (ама заразуваат други луѓе), баш заради тоа овој вирус е 10х пати посмртонесен од обичен грип. И тоа 10х е само заради мерките за изолација, смртноста неминовно ќе се покачува како што мерките ќе се релаксираат.
Не е вирусот посмртоносен од обичниот грип поради тоа што голем дел од заразените немаат никакви симптоми, а го пренесуваат, туку поради начинот на кој делува.
Смртноста процентуално нема да му се покачи ако се прекинат мерките за изолација и се заразат повеќе луѓе. Пак ќе гинат 4-5%. Само ќе гинат повеќе (освен ако не се надмине болничкиот капацитет и/или не влијаат други фактори поврзани со начинот на кој луѓе се справуваат со вирусот, па тогаш рипне смртноста повеќе од х10).
Ако имаш 1000 заразени, ќе умрат 50.
Ако имаш 10000 заразени, ќе умрат 500.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.128
Поени од реакции
75.068
Колку се цените сега за тестирање за ковид кај Жан Митрев и другиве приватни болници?
На веб страната на Жан Митрев клиника пишува 1500 но на некој портал прочитав дека поскапо било.
4000 денари е во Жан Митрев, барем така објавија.

Инаку, 16 ново заболени во Велес за 3 дена. Еден веќе е починат. Како што читам, повеќето се поврзуваат со некоја тамошна конфекција.
Малку треба за да се рашири пак.
Вчера бев на работа, одиме еднаш неделно, а 4 дена од дома се работи. Спратот е отворен и во него има вработени од сите оддели, а дел од нив патуваат од другите околни градови секој ден. Влегува хигиеничарката вчера, кашлаше како да е на смртна постела. Климата го врти истиот воздух, значи никаква маска не не спасува ако не дај боже се најде некој заболен, со кој би поминале цело работно време во затворена просторија. Би требало од наредна недела сите да се вратиме на работа, значи ќе биде весело.

Интересна беше емисијата КОД од неделата, каде што беше направена цела епидемиолошка слика за Дебарските случаи. Интересно е што мажот од првозаболените (жената почина) тврдат дека не биле они нулта пациенти. Во автобусот од Италија нема ниту еден позитивен, ниту пак во селото Баланци во кое скоро недела дена контактирале со соседите. Ама, тие први пројавилр симптоми и затоа ги обележале како нулти. Целиот хаос се случува сп погреб на нивен роднина во Дебар, каде што луѓето се изнагушкале, а се пренесува кај жените при собирите од осми март. Скринингот на рандом население покажува дека само 5% од населението има антитела на вирусот.

ЕДИТ: Бројот на заразени повторно расте. Имаме 33 нови од 332 теста. Чисто за споредба, Словенија има 1 од 1700+ тестови...
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не е вирусот посмртоносен од обичниот грип поради тоа што голем дел од заразените немаат никакви симптоми, а го пренесуваат, туку поради начинот на кој делува.
Смртноста процентуално нема да му се покачи ако се прекинат мерките за изолација и се заразат повеќе луѓе. Пак ќе гинат 4-5%. Само ќе гинат повеќе (освен ако не се надмине болничкиот капацитет и/или не влијаат други фактори поврзани со начинот на кој луѓе се справуваат со вирусот, па тогаш рипне смртноста повеќе од х10).
Ако имаш 1000 заразени, ќе умрат 50.
Ако имаш 10000 заразени, ќе умрат 500.
Мислам дека смртноста е уште пониска ако се зами во предвид дека многу поминале без симтоми.Главниот проблем кај вирусот е неговата висока заразност во време на инкубација која трае голем временски период ,за разлика од грипот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мислам дека смртноста е уште пониска ако се зами во предвид дека многу поминале без симтоми.Главниот проблем кај вирусот е неговата висока заразност во време на инкубација која трае голем временски период ,за разлика од грипот.
И манифестацијата е проблем, кај тие што се заразени. Имаат често тахикардија, те превисока, те прениска температура и знае акутно да се влоши состојбата па затоа е потребна хоспитализација кај одреден дел. Исто и снимката што ја стави на темава @Kadaif такви испади на снимка, со цели флеки кај обичниот грип се многу ретки.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.666
Поени од реакции
22.443
Ne znam dali bese vekje postirano, studijata od Gangelt/Heinsberg koja kazuva, deka tamu imalo 15% imunizacija kaj lugjeto i nekoi drugi interesni naodi: https://www.ukbonn.de/C12582D3002FD21D/vwLookupDownloads/Streeck_et_al_Infection_fatality_rate_of_SARS_CoV_2_infection2.pdf/$FILE/Streeck_et_al_Infection_fatality_rate_of_SARS_CoV_2_infection2.pdf

Isto interesno sto ako eden vo domakjinstvoto go zakaci virusot toa ne znaci deka site ke se zarazat. Toa i vo poranesni studii vo Kina bese konstantirano. Pricinata sepak ne e poznata.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
4000 денари е во Жан Митрев, барем така објавија.

Инаку, 16 ново заболени во Велес за 3 дена. Еден веќе е починат. Како што читам, повеќето се поврзуваат со некоја тамошна конфекција.
Малку треба за да се рашири пак.
Вчера бев на работа, одиме еднаш неделно, а 4 дена од дома се работи. Спратот е отворен и во него има вработени од сите оддели, а дел од нив патуваат од другите околни градови секој ден. Влегува хигиеничарката вчера, кашлаше како да е на смртна постела. Климата го врти истиот воздух, значи никаква маска не не спасува ако не дај боже се најде некој заболен, со кој би поминале цело работно време во затворена просторија. Би требало од наредна недела сите да се вратиме на работа, значи ќе биде весело.

Интересна беше емисијата КОД од неделата, каде што беше направена цела епидемиолошка слика за Дебарските случаи. Интересно е што мажот од првозаболените (жената почина) тврдат дека не биле они нулта пациенти. Во автобусот од Италија нема ниту еден позитивен, ниту пак во селото Баланци во кое скоро недела дена контактирале со соседите. Ама, тие први пројавилр симптоми и затоа ги обележале како нулти. Целиот хаос се случува сп погреб на нивен роднина во Дебар, каде што луѓето се изнагушкале, а се пренесува кај жените при собирите од осми март. Скринингот на рандом население покажува дека само 5% од населението има антитела на вирусот.

ЕДИТ: Бројот на заразени повторно расте. Имаме 33 нови од 332 теста. Чисто за споредба, Словенија има 1 од 1700+ тестови...
Бројот на заразени не се намали кај нас туку бројот на тестови ја даде таа лажна слика.
Направија повеќе тестови и одма скокна бројката.
Во секоја нормална држава кога ќе почнат со намалување на мерките ги зголемуваат тестирањата и врз база на тоа носат нови мерки,кај нас обратно, намалија со тестови и ги олабавија мерките.
Па уште кафаните да ги отвореле другата недела :popce:
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.572
Поени од реакции
2.791
Два три дена ситуацијата брше добра со малце заразени денеска пак покачување и тоа солидно.Од 332 теста 33 заразени,тоа е 10 проценти што не е мала бројка.Скопје добро се држеше добро деновиве вчера немаше ниеден случај а денес најмногу 11.Дај боже да не се оформат кластери од овие случаи денес па деновиве како што луѓето се опуштија чеќајки ги кафичите па после да се сликаме.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.902
Поени од реакции
25.405
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.128
Поени од реакции
75.068
Бројот на заразени не се намали кај нас туку бројот на тестови ја даде таа лажна слика.
Направија повеќе тестови и одма скокна бројката.
Во секоја нормална држава кога ќе почнат со намалување на мерките ги зголемуваат тестирањата и врз база на тоа носат нови мерки,кај нас обратно, намалија со тестови и ги олабавија мерките.
Па уште кафаните да ги отвореле другата недела :popce:
Наводно (барем за Велес каде што е најголема бројката последните денови) вирусот се ширел во кругот на семејствата на веќе заразените. Веќе познати кластери биле и немале потреба за паника.

 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Беа денес на состанок со министерот некои од угостителите,до 24ти ке биде карантинот,да поминел бајрам како што разбрав па или ке го укинеле или ке го намалеле.Кафани до 18ти сигурно нема да отворат а за после не се знае.И тоа ова е ради притисок од јавноста иначе ке ги отвореа понеделников што доаѓа
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Шо ентузијазам кај кафанџииве. Првиве месец дена дур не исчистат тоа шо им го лазеа бубашваби 2 месеци и дур не распродадат тоа стари залихи ич не им влегуем.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Мислам дека смртноста е уште пониска ако се зами во предвид дека многу поминале без симтоми.Главниот проблем кај вирусот е неговата висока заразност во време на инкубација која трае голем временски период ,за разлика од грипот.
Да. Генерално, смртноста е апроксимативно меѓу 3-5%. Со тоа ги зимаат и тие што се асимптоматични, ризични категории што имаат голема смртност и сите други. Ако почне да се дели листата на различни категории, се менува процентот. Млади здрави луѓе имаат многу мал процент, стари луѓе голем процент итн. Сепак, точно е и тоа дека многу асимптоматични случаи не се регистрирани и смртноста е можеби помала. Сликите подолу се некои понови статистики што ги најдов.

Впрочем, според некои претпоставки, смртноста од COVID-19 е поголема од таа на сезонскиот грип поради тоа што е нов и човечкиот организам не е опремен, а ниту здравството. Кога ќе се подобрат методите за третирање, луѓето ќе станат имуни на една или повеќе сезонски варијации и др., смртноста ќе опадне после година-две (или колку и време да е потребно) и можно е да стане апроксимативно слична со таа од сезонскиот грип (имаат доволно сличен патофизиолошки и механистички модел). Сѐ уште нема доволно информации како и да е, али според тоа што го знам од медицината, очекувам трендот на смртни случаи да опадне за една-две години, иако можеби грешам.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
22 март 2019
Мислења
234
Поени од реакции
552
Пак јас, со недостатокот на Д витамин. Ама знам по себе колкав ршум прави во организамот.

Ако не сакате цело видео, после 18 минута гледајте.


Имав “близок” случај, овде во Стокхолм, вчера зборувавме. Маж на 39 години, непушач, здрав ( така мислел за себе ), со спортување скоро цел живот што завршил 3 недели на кислородна поддршка и уште 2 недели дома со терапија. И вика дека вакво нешто не доживеал.
После негативниот тест, минатата недела, дека вирусот веќе не е во организамот, направил комплет испитувања на своја рака. Има пакети да си платиш приватно, еднаш годишно, за да испиташ се. Некои поголеми отстапки во другото немало, освен во железото не толку добро и низок Д витамин. Сега е на терапија.

Така да, муабетот “комплетно здрав” е секогаш дискутабилен. Не знаеш што ти се случува во организамот, ако не знаеш да распознаеш разлики во телото/психата.

Инаку, жена му го поминала како посилен грип, дома. Двете деца без никакви симптоми. Они тројца не се ни тестирани.



Баш денес го гледав ова со врска со недостаток на витамин Д.

Муабетот држи вода и не е на одмет да се практикува суплементација со витамин па и како што вика "лекот" е без пари по пола саат надвор на сонце секој ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom