Коронавирус (COVID-19)

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.288
Поени од реакции
15.433
Тоа е тоа дечки, до тука му било пишано :
Neznam dali e istoto za koe pišuvaa nekoi portali kaj nas
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.132
Поени од реакции
34.635
Ја следам темава веќе со месеци...
Ја следиш темава ама за жал малку ја разбираш и тоа го покажуваш преку неколку моменти што ги спомна ама овој подолу ќе го издвојам:
зошто не се прават споредби со САРС и МЕРС кои исчезнаа сами од себе и беа коронавируси, но се прават споредби со грипот, а од друга страна се вели дека ова нема никаква врска со грипот.
SARS и MERS не исчезнаа сами од себе и ќе предизвикаа многу повеќе жртви да не беа спречени со многу ригорозни мерки од здравствените системи во засегнатите држави. MERS и ден денес повремено се појавува, но за среќа не се пренесува лесно од човек на човек. Сето ова ќе го знаеше ако одвоеше неколку минути да ја побараш информации на нет кои се лесно достапни.

Дел од тоа што помогнало во спречувањето на ширењето на SARS и MERS е тоа што заразените не поминуваат асимптоматично и за време на инкубацијата (кога нема симптоми) заразените не може да заразуваат други луѓе. Ова е спротивно со SARS-Cov-2, заразените заразуваат други луѓе и за време на инкубацијата. Дури и после инкубацијата голем дел од заразените немаат симптоми (и сеуште заразуваат други луѓе). Заради тоа SARS-Cov-2 успешно се прошири на целата планета, а SARS и MERS беа локализирани и спречени.

Дали исто така сте се запрашале зошто грипот не се пренесува асимптоматски, но овој вирус се пренесува а впрочем е 10, 100 или не знам колку пати поопасен?!? Да не постои тука некаква контрадикција
Ова ваљда е најмалку разбраната работа на темава, иако илјадници пати е објаснета.
Ај пак. Баш заради тоа што голем дел од заразените немаат симптоми (ама заразуваат други луѓе), баш заради тоа овој вирус е 10х пати посмртонесен од обичен грип. И тоа 10х е само заради мерките за изолација, смртноста неминовно ќе се покачува како што мерките ќе се релаксираат.

Во секој случај напиша долг пост и сметав дека заслужуваш насоки. За жал веројатно џабе се трудам, не само ти туку сите кои после оволку време не разбираат вакви основни работи - тоа не затоа што фактите не биле презентирани, туку заради тоа што фактите се игнорираат. Истиве работи се повторуваат безброј пати.
Автоматски споено мислење:

Да умираа од 18 - 30 како шпанскиот грип ќе ве видев дали толку ќе се силите овде.
Не од првиот бран, ама вториот бран баш млади убивал повеќе.
Пошто веројатно нема да се потрудат да побараат:
едит: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3734171/
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Д-р Несторовиќ повторно, овај е Вело Марковски на стероиди. Откако се заебаваше со вирусов на почетокот на Март, сега објаснува колку бил заебан :D

Измеѓу ќе ви објасни за клонирање, кулите близначки, ама не смеј да продолжи да зборува :pos:, права дијабола што би рекол @pixa, изгледа ова е некој масовен српски пострауматски симптом. Типично балкански стаса да се пофали и колкава му е годишната плата, ко правеше споредба со Бил Гејтс.

Штета што треси зелени и многумина ќе го изгледаат ова и ништо нема да разберат, ама човеков има поента.

 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2018
Мислења
326
Поени од реакции
622
Д-р Несторовиќ повторно, овај е Вело Марковски на стероиди. Откако се заебаваше со вирусов на почетокот на Март, сега објаснува колку бил заебан :D

Измеѓу ќе ви објасни за клонирање, кулите близначки, ама не смеј да продолжи да зборува :pos:, права дијабола што би рекол @pixa, изгледа ова е некој масовен српски пострауматски симптом. Типично балкански стаса да се пофали и колкава му е годишната плата, ко правеше споредба со Бил Гејтс.

Штета што треси зелени и многумина ќе го изгледаат ова и ништо нема да разберат, ама човеков има поента.

Уште еден доказ дека коронава ќе смени многу работи, многу животи и многу размислувања, пример е самиот доктор.
Иначе докторот е страшно добар доктор и многу почитуван од докторската фела. Меѓудругото не е само доктор туку и професор и тие што имале можност да го слушаат ќе ме потврдат дека е екстра добар оратор кој може да го слушаш долго време а да не ти здосади.
Е сега што почнал да се занимава со теории на заговор можеби е работа на големи умови ама па мое мислење е дека не треба толку гласно да размислува.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Уште еден доказ дека коронава ќе смени многу работи, многу животи и многу размислувања, пример е самиот доктор.
Иначе докторот е страшно добар доктор и многу почитуван од докторската фела. Меѓудругото не е само доктор туку и професор и тие што имале можност да го слушаат ќе ме потврдат дека е екстра добар оратор кој може да го слушаш долго време а да не ти здосади.
Е сега што почнал да се занимава со теории на заговор можеби е работа на големи умови ама па мое мислење е дека не треба толку гласно да размислува.
Абе не е само тоа, вчера ја слушав професор Д-р Нада Костиќ, таа е 10 пати поблесава од Несторовиќ. Несторовиќ барем во врска со вирусов беше информативен и интересен.

Така да искрено се сомневам дека српското здравство е во добри раце. Мислам да застанам рандом џабелебојадци на плоштад без маски истиве глупости ќе ми ги кажат.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Штом и овие го објавија може да му го фатиле крајот на вирусов
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
пак ќе прашам, дали навистина има повеќе видови Ковид 19 или имало и порано, 2016,2017 ,2018 послаби корона вируси ама со слични симптоми а кој уште циркулираат ??
А оној францускиот доктор со бела брада, што извади документи дела во неговата болница имало многу повеќе пнеумонии пред 2019, особено 2017 му се заканија со големи казни и санкции...
Една од тие коронавируси хараа низ блискоисточните земји пред години (можеби и уште). Камислки грип нагалено:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.341
Поени од реакции
16.501
Една од тие коронавируси хараа низ блискоисточните земји пред години (можеби и уште). Камислки грип нагалено:
не... на друго мислев... иако тврдат дека ако се има симптоми на банална настинка, течење од носот, е исклучен Ковид 19, од друга страна убаво си пишува дека 10-15% настинки се предизвикани од корона вирус, а можно е и повеќе вируси истовремено ? да ја предизвикаат настинката... (Често, присутен е повеќе од еден вирус што ја предизвикува инфекцијата.[13] Севкупно гледано, над двесте различни вируси се поврзани со настинката.[3] )
Т.Е., некој може да има симптоми и вирус на банална настинка а истовремено и корона вирус, а кој покасно одеднаш ќе збувне...
Значи само квалитетни, брзи и прецизни тестови е решение ако мислат да ги отвараат границите ,сообраќајот и туризмот..
се друго е кому иде и темпирана бомба која ќе се ективира штом ќе заврши летото...
патем да се потсетиме:
За настинката нема лек, но може да се лекуваат симптомите. Таа е најчестата заразна болест кај луѓето. Просечен возрасен човек годишно заболува два до три пати од настинка. Просечно дете од настинка заболува помеѓу шест и дванаесет пати во годината. Овие инфекции го следат човештвото уште од дамнешни времиња.
ХиВ болните умираат од обична настинка, затоа на инфективно има боксови за ХиВ болни... но не најдов некој анализи колку била смртноста кај луѓе со намален имунитет сега во време на Ковид 19??
Се наведуват ризични групи за ковид 19, хронични болести, гојазност, белодробни болести,пушење, кардиални проблеми, но не сретнав анализи за луѓе со намален имунитет, било од ХиВ или друго, а кој често умираа и од баналната настинка, посебно при лежење развиваа пневмонија..
Патем не ми е јасно како класифицираат смртен случај дека е од ХиВ, дали всушност се работи за пневмонии како последица на намален имунитет од ХиВ??
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.132
Поени од реакции
34.635
И игнорирање на вистинската поента во мојот пост и воопшто на мојот пост од одредени членови (не само од тебе, извини што само тебе те цитирам) и потсмевање и на крајот напаѓање...
Не бе другар, ти навистина не разбираш.
Не ти ја игнорирам поентата. Се обидувам да ти покажам дека заради тоа што не разбираш, заради тоа што не ја познаваш фактичката состојба, заради тоа неразбирање се обидуваш да ја направиш таа „поента“ што сакаш да ја наметнеш како примарно важна... Не ти се потсмевам, ниту те напаѓам, и жал ми е што така ме доживуваш. Серизно, ете обиди се да најдеш неточност во тоа што ти го пишувам. Ако објективно погледнеш, ќе го видиш само сопственото незнаење и ќе видиш дека ставовите ти се погрешни.

Ајде уште еднаш, дел по дел од твојов пост. Ако си фер и објективен дискутант, или ќе ги демантираш посочените факти - или ќе се согласиш дека грешиш.
Инаку, како што реков сето ова со вирусов е апсолутно контрадикторно, ем 90% од случаите се асимптоматски, ем тие со симптоми се тешко погодени. Не ти е тоа чудно и дали се запрашуваш како тоа е воопшто може рационално да се објасни ?
Науката. Медицината апсолутно рационално ја објаснува твојава дилема.
Oвде пишував за тоа. Се работи комплексен сплет од фактори, генетски предиспозиции, состојбата на вродениот имун систем (оној дел од имуниот систем кој се справува со нови и непознати вируси и бактерии), фенотипот на одредени заразени луѓе, нивото на оксидативниот стрес во ендотелните клетки/ткива (endothelial cells), итн... Работите се рационални и логични но само ако одвоиш време да се научиш повеќе. Тоа што не ги разбираш работите, ти прави претстава дека се „чудни и нерационални“. Не се ниту чудни, ниту нерационални. Напротив работите баш се рационални и многу интересни. Ти препорачувам да се едуцираш повеќе штом веќе те интересира темава, верувај дека нема да зажалиш.

Еве неколку ресурси за читање.
Постојат и куп други интересни написи, истражувања и студии, само побарај и ќе ги посочам/линкам.

1588665170137.png


1588664546992.png


Па ако фатам јас грип ќе ги имам истите симптоми како и некој од 60 години и веројатно ќе го победам побрзо и полесно поради возраста, но симптомите, помалку или повеќе изразени се тие, макар се работело и за Арнолд Шварценегер во најдобрите денови.
Ова е често повторувана заблуда. Наметнуваш вештачка дихтомија заради тоа што не разбираш и ги игнорираш фактите (без да навлегувам во статистики и детали).

Останувам на твдењето дека е бескрајно, во најмала така, несериозно да се прави споредба со грипот, кога се работи за вирус од една друга фамилија што ни е веќе позната и што не не напаѓа во бранови. Ако подобро се информираш ќе увидиш дека сарсот исчезнува одненадеж токму како што се појавил, делумно поради мерките, но најмногу поради неговата природа.
Точно, несериозно е да се прави споредба со грипот но ете погледни се самиот себе во претходниот цитат - токму тоа го правиш, споредуваш SARS-Cov-2 со обичен грип. Инаку точно е и тоа за SARS, дека е победен баш заради „неговата природа“. Неговата природа е заразените да не се инфективни за времето на инкубација, кај SARS има_симптоми=има_инфективност и лесно е да ги изолираш заразените баш заради тоа што имаш време и можност да ги изолираш веднаш после појавување на симптомите.

Со SARS-Cov-2 го немаш тој луксуз, заради тоа што голем дел од заразените се без симптоми, и заради тоа што SARS-Cov-2 може да се пренесува и во период на инкубација.

Гледаш како и двете работи што си ги напишал ти се точни, но сепак се обидуваш да ги ставиш во погрешен контекст. Извини но морам да ти предочам дека ова што го правиш е бирање на фактите, го посочуваш само делот што ти одговара на тезата но тоа e на сметка на целата слика и на реалноста, кои ги игнорираш.

Еве уште факти, иако не сакав да навлегувам (пак) во ваквите споредби: http://apjai-journal.org/wp-content/uploads/2020/02/Covid_AP-200220-0772.pdf
Ова е врз основа на податоци од Фебруари!!!
Денес бројките се стотина пати поголеми, но дури и во Фебруари лесно се гледал трендот и споредбите на SARS-Cov-2 со SARS и MERS.
1588663357370.png

И повторно сеење страв дека умирале млади и тоа од што, од грип! Но не се застанува тука, одиме понатаму, не умирале во првиот бран, во вториот !
За жал тоа се само факти, а моментот што го нарекуваш „сеење страв“ е само твојот необјективен заклучок. Неспорни факти се дека во вториот бран од Шпанскиот грип умирале повеќе млади и здрави луѓе. И тоа воопшто не е ниту нелогично ниту тешко за разбирање. Ако одделиш време да се едуцираш за фактите, ќе видиш дека кај Шпанскиот грип самите луѓе направиле вештачка селекција и придонеле да се шири посмртоносен подтип од тој вирус.
Прочитај. Зошто ги игнорираш фактите?

И ете пак да повторам, да појаснам, зошто нели некогаш некому мора да му се нацрта, постот ми беше да се запрашаме околу работите дали не ни делуваат чудни, не реков како е или како не е и апсолутно не барав линкови од википедија...
Па линковите се баш „за да се нацрта“ како реално стојат работите. Не се само википедија линкови, има линкови и од научни студии и истражувања но и нив ги игнорираш.
Се извинувам ако звучам грубо и ако делува како да те напаѓам лично тебе, но тоа е реалноста. Ги игнорираш фактите и нема фин начин да се каже тоа.

И на крај прашањето до тебе ми е (што воедно и беше и поентата на мојот пост, но ти сакаше да бидеш портпарол на СЗО), како ако ситуацијава е толку опасна и безнадежна да ги надминеме социолошките феномени и состојби кои неминовно ќе следат и, во најмала рака, уништат вистинскиот живот на сите, а особено на помладите ?
Еднакво нерелевантно (како твојот првичен пост) можеше и да ме прашаш која е смислата на животот. Eдинствен одговор што јас можам да го понудам би бил: 42. :)
Социолошките феномени и состојбите кои следат се неизбежни. Но може да се избегне голем број на жртви (што ќе доведе до потешки состојби и „социолошките феномени“) и за мене тоа е примарната цел кон која треба да се фокусираат здравствени системо во државите.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.551
Поени од реакции
87.772
Еве прочитајте го целиов текст на Гоце новинарот од Канал 5, кој патем деновиве починал татко му од Корона. Според ова што го пишува вирусов не е obicen grip koj pominuva so nastinka hehehe, туку сериозно го напаѓа човечкиот организам.

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Според ова што го пишува вирусов не е obicen grip koj pominuva so nastinka hehehe, туку сериозно го напаѓа човечкиот организам.
Факт #1: огромен процент ќе го поминат вирусот асимптоматски, со настинка, како грип.
Факт #2: мал процент ќе го поминат со средно-тешка клиничка слика која бара хоспитализација/респиратор.
Факт #3: уште помал процент ќе умрат.
Факт #4: за се во животот, сите статистики се џабе ако те погодат тебе или твоите блиски.

Може ли да престанеме да туркаме на едната или на другата страна?
Колку што немаат право луѓето да го омаловажуваат вирусот, уште помалку право имаат луѓето да го сметаат за најтешкото зло.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Факт #1: огромен процент ќе го поминат вирусот асимптоматски, со настинка, како грип.
Факт #2: мал процент ќе го поминат со средно-тешка клиничка слика која бара хоспитализација/респиратор.
Факт #3: уште помал процент ќе умрат.
Факт #4: за се во животот, сите статистики се џабе ако те погодат тебе или твоите блиски.

Може ли да престанеме да туркаме на едната или на другата страна?
Колку што немаат право луѓето да го омаловажуваат вирусот, уште помалку право имаат луѓето да го сметаат за најтешкото зло.
Логични и разумни ти се фактите ама „злото“ не го врзуваат ниту со стапка на смртност ниту со стапка на заболени со сериозни симптоми..„Злото“ е променетиот начин на живот и неизвесноста што ја носи со себеси во иднината. Имавме и ХИВ, и ред други болести, ама сега е засегната секоја пора од општеството. Нема лек (за сега), нема најава за искоренување и неизвесноста и стравот е тоа што им влијае на луѓето.
Џабе е бројката еве и во црно сценарио 1000 да починат што е многу помало од ред други болести кога функционирањето е нефункционално.
Допрва ќе почнат да искачаат психички пореметувања, фобии...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom