Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Како што гледате секаде се намали бројот на заболени и тоа нагло и драстично, нормално дека и во Македонија ќе намали.... Германија на пример падна на само 600 новозаболени, на 80 000 000 народ. Или стварно вирусот се повлекува од хх причини или намерно ги намалија тестовите насекаде, поради рестарт на економијата.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.736
Како што гледате секаде се намали бројот на заболени и тоа нагло и драстично, нормално дека и во Македонија ќе намали.... Германија на пример падна на само 600 новозаболени, на 80 000 000 народ. Или стварно вирусот се повлекува од хх причини или намерно ги намалија тестовите насекаде, поради рестарт на економијата.
И они ко Шведска, без никакви мерки стигнаа до 600 новозаболени.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.506
Како што гледате секаде се намали бројот на заболени и тоа нагло и драстично, нормално дека и во Македонија ќе намали.... Германија на пример падна на само 600 новозаболени, на 80 000 000 народ. Или стварно вирусот се повлекува од хх причини или намерно ги намалија тестовите насекаде, поради рестарт на економијата.
За Германија не тестираат помалку, туку баш напротив се тестира масовно, од 120 до 350 илјади тестови дневно се прават. Бројот на заболени опаѓа бидејќи контактот меѓу луѓето е сведен на минимум

Со масовното тестирање ги изолираш сите кои се позитивни и ги спречуваш / одолговлекуваш да го шират вирусот. Контролирано ширење, како што се оди сега откако болничките капацитети не се исполнети, односно помина првиот пик

Ако имаш пристап како Шведска тогаш не ти треба масовно тестирање бидејќи очекуваш огромен дел од популацијата да се зарази во најкратко време за да се постигне имунитет. Ич не ти е битно кој е позитивен кој е негативен

После го имаш Македонскиот пристап... ограничуваш движење, затвараш економија и правиш 100 теста во денот. Без никаква идеја за како понатака

Бутан, еј Бутан, со 900к народ и 7 заразени има направено скоро дупло повеќе тестови по глава на жител од Македонија
 
Последно уредено:
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Во Германија последните две недели е топ луѓе, раздвиженост насекаде, во маркетите топ луѓе, контактот не е баш сведен на минимум, таму сум сам гледам...маски носат во затворен простор, на отворено не. Затоа мислам дека или вирусот се повлекува или се лажни бројките т.е не е толку смртоносен вирусот колку што се паничеше претходно. Според нивна студија Германија има 1 800 000 заразени.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
За Германија не тестираат помалку, туку баш напротив се тестира масовно, од 120 до 350 илјади тестови дневно се прават. Бројот на заболени опаѓа бидејќи контактот меѓу луѓето е сведен на минимум

После го имаш Македонскиот пристап... ограничуваш движење, затвараш економија и правиш 100 теста во денот. Без никаква идеја за како понатака

Бутан, еј Бутан, со 900к народ и 7 заразени има направено скоро дупло повеќе тестови по глава на жител од Македонија
Оти бе сите стручњаци се правите, па еве Грција е успешен Балкански модел за справување со кризава, на милон жители имаат помалце тестирања од нас, при тоа со помалце болни и помалце починати на милион.

Секоја земја треба да се адаптира на условите.
 
Член од
28 април 2020
Мислења
75
Поени од реакции
106
Ја следам темава веќе со месеци и не можам да се изначудам како се занемаруваат некои суштински работи.

Најпрво дали оние од вас кои инсистираат на продолжување на овој локдаун за 12, 18, 128 месеци или не знам колку повеќе, а и оние од институциите кои очигледно играат на таа карта се свесни колку состојбава убиствено делува на најмладите, почнувајќи од децата во градинките па се до младите од околу 20 години кои го живеат животот во полн ек, меѓу кои сум и јас ?!?
Па дури пронаоѓам написи дека и да се пронашла вакцина ќе сме продолжеле да живееме како папагали во кафез оти вирусов ќе опстоел.
Кој нонсенс луѓе, зарем е вашата интелигенција ставена во хибернација ?

Децата сега скроз на скроз ќе заборават на социјализација, можеби овој и другиот месец сеуште ќе имаат желба за такви контакти, но на крај ќе се помират со ситуацијата и ќе се адаптираат, што е најлошо и ќе станат технократски робови, веројатно останувајќи такви до крајот на животот.

Сакате нова изгубена генерација како оние после големите војни?
Војната иако е најдеструктивна и веројатно најбесмислена општествена појава сепак доведува до промени во човечката свест и состојба, подготвеност да се делува, полна е со настани и пресврти и го зголемува адреналинот и на оние во првите редови и на оние зад нив, а што сега им го зголемува адреналинот на тинејџерите? Веројатно кривата на коронавирусот. Јас влагам во еуфорија ако завчера имало 19 случаи а денес 14 и си ја замислувам кривата како опаѓа и влагам во своевиден трип...

Јас сум потполно свесен дека постои некоја состојба која бара внимание, па и сезонски грип бара внимание.
Луѓето мора да продолжат да живеат, затоа што сега не живеат, верувајте ми, иако некои мислат дека го прават тоа.
Ве замолувам да не ми лепите етикети и епитети поради фактот што имам околу 20 години и не ми е гајле за постарите. На сите нас ни е грижа за нив, но ако состојбава е за нив тешка (неможат да си ги соберат семејствата, особено оние најстарите и да уживаат затоа што по дифолт немаат уште многу денови на земјава), за нас е неподнослива.
Ги разбирам можеби оние средовечните од вас што се дел од кајгана и заговараат тотален локдаун затоа што грото од нив се луѓе со фамилии и мали деца кои веројатно сега не се на работа и можат полесно да се справат со своите мали потомци дома влевајќи им страв и држејќи ги под контрола, истовремено не грижејќи се за нивните понекогаш сулуди идеи и барања.

Со продолжување на овие мерки ние ќе го загубиме моторот на нашето општество, зборувам во светски рамки, македонската опшстествена свест и онака не постои во последниве години и тоа го докажавме повеќе пати, но да ме навлегувам во политички прашања.

За крај, сте се запрашале ли зошто целиот светски врв ја турка оваа агенда ?
Не навлегувам во теории на заговор но за оние што ќе го дочитаат целиов текст, нека само си постават прашања, зошто не се прават споредби со САРС и МЕРС кои исчезнаа сами од себе и беа коронавируси, но се прават споредби со грипот, а од друга страна се вели дека ова нема никаква врска со грипот.
Дали исто така сте се запрашале зошто грипот не се пренесува асимптоматски, но овој вирус се пренесува а впрочем е 10, 100 или не знам колку пати поопасен?!? Да не постои тука некаква контрадикција ?
Зошто упорно се турка констатацијата дека Шведска без карантин има двојно повеќе случаи од соседите (тоа го твитна и самиот Трамп) кога Шведска има двојно повеќе население од своите соседи ?
Па зарем не знаете дека бројките се релативна работа, па ако правиме вакби споредби зошто да не се каже дека соседна Бугарија со 3-4 пати повеќе население од нас и речиси исти карантински мерки има помалку случаи ? Едноставно, некогаш, што е и научно потврдено, болестите се шират случајно и со лоша среќа, сакале ние да признаеме или не, што не значи дека нема потреба тие да се менаџираат.
Зошто се забрануваат секакви спротивни мислења за вирусов, како бришењето на 3 интевјуа по ред на Јутјуб каналот Лондон Реал (со речиси 2 милиони претплатници) со Дејвид Ајк? Не велам дека тој е во право, но до крај ќе се борам секој да го искаже своето мислење. Нели барем декларираните либерали од вас треба да се водат од оваа Волтерова мисла? Вчерашниот стрим Јутјуб го избриша за околу 5 минути, зарем толку брзо сфатија дека се прекршени некои нивни правила, или се повеќе живееме во светски неототалитаризам, во кој главни експерти за медицина не се докторите, туку неминовната фигура, која ги знае и бројот на потребните вакцини и начинот и времето кога таа ќе се создаде, а секако и колку ќе чини, Бил Гејтс?
Не заговарам ништо од ова, но барем сите да се запрашаме дали ни е ова барем малку чудно. Ако не ни е, е токму тогаш сме во голем проблем, збоурувам колективно како планета Земја.

Да се вратам на Македонија.
Досега можеме да забележиме смртност на респиратор кај нас од 100%, па така доаѓаме до реален и научно потврден заклучок , на што нели се повикуваат заговорниците на овие мерки, дека ако пациентот стигне до толку лоша состојба да биде поврзан со респиратор, тој реално и за жал, нема речиси никакви шанси да преживее, а оздравуваат само оние полесни случаи на домашно лекување. Зошто ни е тогаш толку важно дали ќе набавиме уште 18 респиратори од Бразил, Индија или не знам, Узбекистан. Зарем организам на 80 годишен човек може да издржи враќање на самостојно дишење после приклучување на респиратор ?!?

Единствено што можеби и треба да се применува во случајов, а што сигурен сум и дека ќе се применува после ова сеење на страв од медиумите е самодистанцирањето после појава на симптоми на настинка, што се вели за секој случај и тоа е се. После заразувањето до почетокот на симптомите најпрвин се известуваше за период од 2-3 дена, та 1 недела и до каде би одело, 3 месеци или дури и повеќе ако е асимптоматски случај ?!?
Небулоза до небулоза.

За крај, ова е навистина време да инвестираме во себеси, и нашиот физички, психолошки, духовен и секаков друг развој, и да живееме затоа што не е важно само да преживееме туку и начинот на кој ќе го направиме тоа, затоа што инаку ќе тргнеме во своевидна Прустовска потрага по загубеното време, ако не сега сигурно во многу блиска иднина.
Bravo momce ,fina analiza i konstatacii.Super kaza sve i fino sto si odvoil vtreme da napises ,posto golem broj od nas mislime isto no nemame vreme da go napiseme,bravo uste ednas.A za ovie sto izolacijava im godi ne se sekiraj tie i taka veruvaj i pred.toa bile izolirani i posle.ke ostanat betar.Edvaaj cekaa maski da nadenat taka pofino se izrazuvaat drustveno.Mislis se zagrizi nekoj deka ke spasi drug zivot ,abe egoizam i stado ovci.A na Vucic neka mu e l
esna zemjata socustvo do semejstvoto
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Откако прво сите беа испосрани в'гаќи, после тоа под влијание на српските глупави сајтови, постариве почнаа да ми верглаат абе вирусов не постои, му плаќаат 2000 еур дрн, дрн.

За денеска кога умре Драган Вучиќ, повторно ги гледам сите постариве абе од ова се умирало.

Муабетот ми е вие сте млади и гледате дека нема да ве фати вирусов и сега раздавате бардина овде слобода, права ...

Да умираа од 18 - 30 како шпанскиот грип ќе ве видев дали толку ќе се силите овде.

Ама најјако ми е кога за сите оние кои имаат поинакво од мејнстрим мислењето се етикетира дека се под влијание на "глупави српски сајтови".

Па другар овде ти покажуваш следење исклучиво на такви, за кои ќе се сложам дека во многу голем дел пласираат небулози поради кои вистинските, ете да ги наречам, "алтернативни медиуми и теории" поткрепени со тези од грото Нобеловци, истражувачки и признати новинари, канали од типот на Лондон Реал кои ја обработуваат оваа тематика, не можат да излезат на виделина. Па само како пример по бришењето на интервјуто на Јутјуб каналот Лондон Реал со Ајк, се собраа донации од над милион долари од над 25.000 луѓе за вчера стримингот да оди на сопствена платформа надвор од Јутјуб. Не се баш српски порталчиња или Велешки сајтчиња за Трамп способни за такво нешто.

Сигурно во светот има и други кои размислуваат поинаку, тоа не значи дека вирус не постои, но не значи дека слепо треба да се верува на мејнстрим "сееме страв и паника" медиумите.

Навистина не можам да ја разберам потребата веднаш да се спинува со нешто што е споредно (сајтовите биле српски, тролови, сака да фати женска и сл.), а да не се отвори дискусија за голем дел небулозите од кои набројав неколку претходно, не на форумов, туку во светски рамки.

Можам да приметам и еден интересен факт дека најголем дел оние кои се сметаат себеси за паметни, учени, самопрогласени интелектуалци на повисоко ниво од медиокритетот, воопшто не размислуваат рационално или се обидуваат барем да ги проверат информациите, туку веднаш поаѓаат во напад на оние "другите", без разлика што токму во тие "други" има Нобелови награди, тие според нив се обични шарлатани...
 
Чим така викаш и се си знаеш, тогаш терај слободно живеј го животот.

Јас и ги поддржувам таквите како тебе, во нивните намери да се ослободат од ропството. Мене ми одговара тоа, треба 1.200.000 луѓе во Македонија да се заразат :D

Ете си знаеш колку ќе бидат болни од нив, и колку ќе починат.
 
И повторно спинуваш.
Мислам дека тој феномен е баш онака глобална пандемија.

Поставив прашања кои рационално се наметнуваат, никаде не реков дека знам се за коронавирусот, а не пак дека знам баш сè.

За вториот дел дека ти одговара 1.2 милиони да се заразат во Македонија ама ти како слеп поддржувач на меркиве нема да си дел од таа бројка, навистина не сакам да коментирам.
 
Види форумов не е facebook па да паѓаат луѓе на г'з од секакви глупостите што ги слушаат, просекот на интелегенција на Кајгана е многу поголем од просекот на социјалниве мрежи.

Не е дека нема забегани тука, ама далеку е тоа од просечна Елена Надградба на нокти (полн профил).
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.506
Ај зачистете ги подрумите и спремете зимници, соработник на СЗО вели дека нема гаранции дека некогаш и ќе добиеме вакцина за корона, како што немаме вакцини за многу други болести

Ваљда вака ќе изгледа првиот школски час во Македонија после корона

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
И пак ќе прашам, како никој не забележал и не се запрашал зошто е зголемен бројот на смртни случаи ако го имало вирусот уште во декември и во Франција ?
Во САД кај почината жена од декември па наваму никој не се запрашал за зголемениот број на смртни случаи (ако бил зголемен)
Кај нас никој не се запраша зошто има 17 000 случаи на грип поќе од претходната година.
 
Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Во Америка предвидуваат во Јуни да имаат по 3000 умрени дневно..
Во Русија рекордни бројки бележат
Aма ние скоро го средивме :aplauz:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.303
Поени од реакции
16.456
Верувам дека со затоплување на времево и намалувањето на бројката на нови случаи, се намали и бројот на оние кои се сомневаат дека се болни и се решаваат за тестирање. Можеби тоа е причината за помалиот број на тестови. Плус, ги имаат кренато условите за да те тестира ИЈЗ, а приватниве ги зголемија цените скоро трикратно, така што некој со мали симптоми, не би се тестирал приватно.
пак ќе прашам, дали навистина има повеќе видови Ковид 19 или имало и порано, 2016,2017 ,2018 послаби корона вируси ама со слични симптоми а кој уште циркулираат ??
А оној францускиот доктор со бела брада, што извади документи дела во неговата болница имало многу повеќе пнеумонии пред 2019, особено 2017 му се заканија со големи казни и санкции...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Тоа е тоа дечки, до тука му било пишано :
Искрено со оглед какви фејкери има кај ова Евреиве не ми се верува дека е вистина ова, последниве 2-3 години колку само вести имаше од Израел дека пронашле нов тип на батерии со кој што ќе се решат сите проблеми и се е утка.

Единствен нов револуционерен тип на батерии прави истиот човек што ја пронајде литиум јонската батерија.

Не му верувај многу многу сигурно е некое ПР за собирање на пари за инвестиции :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom