Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако го прават ова само поради изборите тогаш и ова што е моментално медицински кадар и работи 3 месеци без слободен ден, треба да им замине во Германија па после да си седат со полициски часови од по 2 недели врзани.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Ја следам темава веќе со месеци и не можам да се изначудам како се занемаруваат некои суштински работи.

Најпрво дали оние од вас кои инсистираат на продолжување на овој локдаун за 12, 18, 128 месеци или не знам колку повеќе, а и оние од институциите кои очигледно играат на таа карта се свесни колку состојбава убиствено делува на најмладите, почнувајќи од децата во градинките па се до младите од околу 20 години кои го живеат животот во полн ек, меѓу кои сум и јас ?!?
Па дури пронаоѓам написи дека и да се пронашла вакцина ќе сме продолжеле да живееме како папагали во кафез оти вирусов ќе опстоел.
Кој нонсенс луѓе, зарем е вашата интелигенција ставена во хибернација ?

Децата сега скроз на скроз ќе заборават на социјализација, можеби овој и другиот месец сеуште ќе имаат желба за такви контакти, но на крај ќе се помират со ситуацијата и ќе се адаптираат, што е најлошо и ќе станат технократски робови, веројатно останувајќи такви до крајот на животот.

Сакате нова изгубена генерација како оние после големите војни?
Војната иако е најдеструктивна и веројатно најбесмислена општествена појава сепак доведува до промени во човечката свест и состојба, подготвеност да се делува, полна е со настани и пресврти и го зголемува адреналинот и на оние во првите редови и на оние зад нив, а што сега им го зголемува адреналинот на тинејџерите? Веројатно кривата на коронавирусот. Јас влагам во еуфорија ако завчера имало 19 случаи а денес 14 и си ја замислувам кривата како опаѓа и влагам во своевиден трип...

Јас сум потполно свесен дека постои некоја состојба која бара внимание, па и сезонски грип бара внимание.
Луѓето мора да продолжат да живеат, затоа што сега не живеат, верувајте ми, иако некои мислат дека го прават тоа.
Ве замолувам да не ми лепите етикети и епитети поради фактот што имам околу 20 години и не ми е гајле за постарите. На сите нас ни е грижа за нив, но ако состојбава е за нив тешка (неможат да си ги соберат семејствата, особено оние најстарите и да уживаат затоа што по дифолт немаат уште многу денови на земјава), за нас е неподнослива.
Ги разбирам можеби оние средовечните од вас што се дел од кајгана и заговараат тотален локдаун затоа што грото од нив се луѓе со фамилии и мали деца кои веројатно сега не се на работа и можат полесно да се справат со своите мали потомци дома влевајќи им страв и држејќи ги под контрола, истовремено не грижејќи се за нивните понекогаш сулуди идеи и барања.

Со продолжување на овие мерки ние ќе го загубиме моторот на нашето општество, зборувам во светски рамки, македонската опшстествена свест и онака не постои во последниве години и тоа го докажавме повеќе пати, но да ме навлегувам во политички прашања.

За крај, сте се запрашале ли зошто целиот светски врв ја турка оваа агенда ?
Не навлегувам во теории на заговор но за оние што ќе го дочитаат целиов текст, нека само си постават прашања, зошто не се прават споредби со САРС и МЕРС кои исчезнаа сами од себе и беа коронавируси, но се прават споредби со грипот, а од друга страна се вели дека ова нема никаква врска со грипот.
Дали исто така сте се запрашале зошто грипот не се пренесува асимптоматски, но овој вирус се пренесува а впрочем е 10, 100 или не знам колку пати поопасен?!? Да не постои тука некаква контрадикција ?
Зошто упорно се турка констатацијата дека Шведска без карантин има двојно повеќе случаи од соседите (тоа го твитна и самиот Трамп) кога Шведска има двојно повеќе население од своите соседи ?
Па зарем не знаете дека бројките се релативна работа, па ако правиме вакби споредби зошто да не се каже дека соседна Бугарија со 3-4 пати повеќе население од нас и речиси исти карантински мерки има помалку случаи ? Едноставно, некогаш, што е и научно потврдено, болестите се шират случајно и со лоша среќа, сакале ние да признаеме или не, што не значи дека нема потреба тие да се менаџираат.
Зошто се забрануваат секакви спротивни мислења за вирусов, како бришењето на 3 интевјуа по ред на Јутјуб каналот Лондон Реал (со речиси 2 милиони претплатници) со Дејвид Ајк? Не велам дека тој е во право, но до крај ќе се борам секој да го искаже своето мислење. Нели барем декларираните либерали од вас треба да се водат од оваа Волтерова мисла? Вчерашниот стрим Јутјуб го избриша за околу 5 минути, зарем толку брзо сфатија дека се прекршени некои нивни правила, или се повеќе живееме во светски неототалитаризам, во кој главни експерти за медицина не се докторите, туку неминовната фигура, која ги знае и бројот на потребните вакцини и начинот и времето кога таа ќе се создаде, а секако и колку ќе чини, Бил Гејтс?
Не заговарам ништо од ова, но барем сите да се запрашаме дали ни е ова барем малку чудно. Ако не ни е, е токму тогаш сме во голем проблем, збоурувам колективно како планета Земја.

Да се вратам на Македонија.
Досега можеме да забележиме смртност на респиратор кај нас од 100%, па така доаѓаме до реален и научно потврден заклучок , на што нели се повикуваат заговорниците на овие мерки, дека ако пациентот стигне до толку лоша состојба да биде поврзан со респиратор, тој реално и за жал, нема речиси никакви шанси да преживее, а оздравуваат само оние полесни случаи на домашно лекување. Зошто ни е тогаш толку важно дали ќе набавиме уште 18 респиратори од Бразил, Индија или не знам, Узбекистан. Зарем организам на 80 годишен човек може да издржи враќање на самостојно дишење после приклучување на респиратор ?!?

Единствено што можеби и треба да се применува во случајов, а што сигурен сум и дека ќе се применува после ова сеење на страв од медиумите е самодистанцирањето после појава на симптоми на настинка, што се вели за секој случај и тоа е се. После заразувањето до почетокот на симптомите најпрвин се известуваше за период од 2-3 дена, та 1 недела и до каде би одело, 3 месеци или дури и повеќе ако е асимптоматски случај ?!?
Небулоза до небулоза.

За крај, ова е навистина време да инвестираме во себеси, и нашиот физички, психолошки, духовен и секаков друг развој, и да живееме затоа што не е важно само да преживееме туку и начинот на кој ќе го направиме тоа, затоа што инаку ќе тргнеме во своевидна Прустовска потрага по загубеното време, ако не сега сигурно во многу блиска иднина.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ако го прават ова само поради изборите тогаш и ова што е моментално медицински кадар и работи 3 месеци без слободен ден, треба да им замине во Германија па после да си седат со полициски часови од по 2 недели врзани.
Кој? Шеќерка и кликата? Јок море, ќе остават бедници да скапуваат они ќе ја збришат! Ние допрва се бананисуваме! А медицинскиот кадар ионака е на крај и со сили и со живци, не се они должни да испоцркаат заради негрижата на избраните од господ! Кој нормален од медицинскиот персонал ќе си го ризикува својот и животот на најблиските, притоа кога ќе се разболи да седи дома на смалена плата и да си плаќа сам лекување, додека скапаниците од судии, пратеници и општо државни гниди, не сакаат со прст да мрднат или недај боже жртва некоја да поднесат!
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Во овој момент ја сфаќам реченицата што секојдневно ми ја кажуваше татко ми и јас кога бев 20 години, "Со деца на бања не се оди, ќе ти го изедат сапунот".
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
додека скапаниците од судии, пратеници и општо државни гниди, не сакаат со прст да мрднат или недај боже жртва некоја да поднесат!
Со @Peja989 имаме ваква познаничка, партиски плакатолепач од тие двојкашите низ животот, кога испадна глупоста со апетисаните фати да постира по фејсбуци секаде дека било тоа старо, одамна, не знам што, сега ќе земале помалце, рак на очи да фатиш накратко, да те спасам и тебе од бедата. Другиот ден, ни 24 часа немаше значи - излезе веста дека нема да си ја намалат платата гнидиве што ги збориш, зела си го избришала коментарот :lolzz: Мислам, ќе фати да ти објаснува за тендери и проценти некој што си знаел дека на школа не знаел две реченици да врзе на писмена, тука завршува се. Џабе е, додека не се решиме од ваквите метастази ќе сонуваме за пристапи како тој на Германија, меѓудругото нели.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Сакате нова изгубена генерација како оние после големите војни?
Војната иако е најдеструктивна и веројатно најбесмислена општествена појава сепак доведува до промени во човечката свест и состојба, подготвеност да се делува, полна е со настани и пресврти и го зголемува адреналинот и на оние во првите редови и на оние зад нив, а што сега им го зголемува адреналинот на тинејџерите? Веројатно кривата на коронавирусот. Јас влагам во еуфорија ако завчера имало 19 случаи а денес 14 и си ја замислувам кривата како опаѓа и влагам во своевиден трип...
Koј изгубени генерации? Па после секоја војна светот доживувал социо-економски бум. Затоа 50тите и 60тите години се златни години на човековиот просперитет и егзистенционализам.
Како што изминуваат декадите така се повеќе имаме декадентно општество со изгубени вредности. 00тите и оваа последнава декада се врв на човековата деградација.
Фала богу ако оваа глобална криза смени нешто на тоа поле. Либерализмот зема таков замав што почнаа да се рушат бариери ставајќи се изнад законите и правата кој треба да владеат.
Камо среќа ова да беше некоја вештачка творевина за да се стегне човештвото да функционира под одредени правила.
 
Да не одиме офтопик ама накратко ќе ти одговорам.

Па после првата светска војна ја имаме најголемата економска криза во историјата.
Во изгубените генерации после војните се вклучени изгубените милиони животи на млади луѓе, семејства кои не можат да се вратат во нормала поради тоа, деца кои раснат во страв и со војна како единствена тема, занемарувајќи се останато. Со создавање и дополнително богатење на елитите после години и години доаѓа до општо подобрување во одредена мера (по 2С.В.) што е сосема нормално да биде подобар поствоениот период отколку воениот, колку и да е лош.
Промените доаѓаат од оние родени по војната а не од оние кои наубавите години ги поминале на фронтот, нивните години се неповратно загубени, впрочем како и нашите ако ова потрае со месеци па и години.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.373
Поени од реакции
1.929

Ама не ние денешната младина сме најретардираните ние сме со изгубени вредности тие што гледале како глави им се кинат пред нив и што никогаш не се вратиле во нормала поради тој период тие тогаш имале најголем бум и најголем раст.Што се не ќе прочитам господи, денешната младина можеби е многу полоша во однос на вредности ама денешната младина е многу попаметна и поснаодлива од сите досега кроз историјата, да неодам офтопик ми ја сваќа војникот поентата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Да не одиме офтопик ама накратко ќе ти одговорам.

Па после првата светска војна ја имаме најголемата економска криза во историјата.
Во изгубените генерации после војните се вклучени изгубените милиони животи на млади луѓе, семејства кои не можат да се вратат во нормала поради тоа, деца кои раснат во страв и со војна како единствена тема, занемарувајќи се останато. Со создавање и дополнително богатење на елитите после години и години доаѓа до општо подобрување во одредена мера (по 2С.В.) што е сосема нормално да биде подобар поствоениот период отколку воениот, колку и да е лош.
Промените доаѓаат од оние родени по војната а не од оние кои наубавите години ги поминале на фронтот, нивните години се неповратно загубени, впрочем како и нашите ако ова потрае со месеци па и години.
Ако викаш дека си ја читал цела тема досега и само тоа си го разбрал досега, можам да ти кажам дека ништо не си разбрал.

Мислам те разбирам 20 години имаш треба женски да бркаш, ама немораш да измислуваш глупости како на чколија да се правдаш, зошто не ни треба карантин :D
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Многу е сомнителен падот на бројот на тестирања, воедно и на заболените, ако се има предвид големата желба за одржување избори. Некако презгодно се склопени околностите. Некако ми се чини дека некому му е поважна власта и се' што оди во пакет со неа. Што знам, може само така ми се чини.

Можеби навистина ја победуваме пандемијата и се' ќе биде во ред, а? А можеби и не. Ќе видиме.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.107
Поени од реакции
11.573

Ја победуваме пандемијата до изборите. Ќе отвориме кафиќи и ресторани. После избори пак ќе стават џандарски саат пошто нели „втор бран„ и мора да се работи некако на проблемот и ќе ги имаш повторно заговарачиве на атомски скривници

Се е тоа добро осмислено, по це-ка рецепт
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Ако викаш дека си ја читал цела тема досега и само тоа си го разбрал досега, можам да ти кажам дека ништо не си разбрал.

Мислам те разбирам 20 години имаш треба женски да бркаш, ама немораш да измислуваш глупости како на чколија да се правдаш, зошто не ни треба карантин :D
Знаев дека ќе ми се оспори она што го напишав токму поради возраста, впрочем и го потенцирав тоа.

Уште поголем проблем од мене имаат помладите од мене, што исто така го потенцирав, но очигледно си го прескокнал и веднаш си стиснал reply оти ги поддржуваш овие мерки, а зошто е тоа случај, па и за тоа зборував.

И за тоа колку се најстарите погодени зборував, и за оние што не им смета толку многу...

И за сите небулози и последици од карантинов, ама ти извлече поента дека сакам женски да бркам, секоја чест, одлична и издржана анализа и контрааргумент.

Btw, секако подобро би ми било тоа отколку да седам во локдаун, ама поентата воопшто не е таа.

Секое добро
 
Бачко за годините и премногу си сфатил, многу луѓе постари од тебе мака мачат да дојдат до логички заклучок (не алудирам на никого од форумов,да не помисли некој) а тоа дека сакаш женски да бркаш ти е одличен аргумент, времето лета искористи го! :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Знаев дека ќе ми се оспори она што го напишав токму поради возраста, впрочем и го потенцирав тоа.

Уште поголем проблем од мене имаат помладите од мене, што исто така го потенцирав, но очигледно си го прескокнал и веднаш си стиснал reply оти ги поддржуваш овие мерки, а зошто е тоа случај, па и за тоа зборував.

И за тоа колку се најстарите погодени зборував, и за оние што не им смета толку многу...

И за сите небулози и последици од карантинов, ама ти извлече поента дека сакам женски да бркам, секоја чест, одлична и издржана анализа и контрааргумент.

Btw, секако подобро би ми било тоа отколку да седам во локдаун, ама поентата воопшто не е таа.

Секое добро
Слушај не му ја мисли многу, гледам си измешал корона со грип, грипот не се ширел асимптоматски итн.

Сега секако ќе завршат меркиве и ќе си шеташ.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Да не одиме офтопик ама накратко ќе ти одговорам.

Па после првата светска војна ја имаме најголемата економска криза во историјата.
Во изгубените генерации после војните се вклучени изгубените милиони животи на млади луѓе, семејства кои не можат да се вратат во нормала поради тоа, деца кои раснат во страв и со војна како единствена тема, занемарувајќи се останато. Со создавање и дополнително богатење на елитите после години и години доаѓа до општо подобрување во одредена мера (по 2С.В.) што е сосема нормално да биде подобар поствоениот период отколку воениот, колку и да е лош.
Промените доаѓаат од оние родени по војната а не од оние кои наубавите години ги поминале на фронтот, нивните години се неповратно загубени, впрочем како и нашите ако ова потрае со месеци па и години.
Општо прифатеното мислење денес вика:
The 50's was an era called the Golden Age of Capitalism, a period of unprecedented economic growth that benefited both the capitalists and workers, as result of higher wages. The United States, Soviet Union, Western European and East Asian countries in particular experienced unusually high and sustained growth, together with full employment. Contrary to early predictions, this high growth also included many countries that had been devastated by the war, such as Japan (Japanese economic miracle), West Germany and Austria (Wirtschaftswunder), South Korea (Miracle on the Han River), France (Trente Glorieuses), Italy (Italian economic miracle) and Greece (Greek economic miracle).
Чисто да стои ќе помисли некој стварно е тоа што го пишуваш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom