Ја следам темава веќе со месеци и не можам да се изначудам како се занемаруваат некои суштински работи.
Најпрво дали оние од вас кои инсистираат на продолжување на овој локдаун за 12, 18, 128 месеци или не знам колку повеќе, а и оние од институциите кои очигледно играат на таа карта се свесни колку состојбава убиствено делува на најмладите, почнувајќи од децата во градинките па се до младите од околу 20 години кои го живеат животот во полн ек, меѓу кои сум и јас ?!?
Па дури пронаоѓам написи дека и да се пронашла вакцина ќе сме продолжеле да живееме како папагали во кафез оти вирусов ќе опстоел.
Кој нонсенс луѓе, зарем е вашата интелигенција ставена во хибернација ?
Децата сега скроз на скроз ќе заборават на социјализација, можеби овој и другиот месец сеуште ќе имаат желба за такви контакти, но на крај ќе се помират со ситуацијата и ќе се адаптираат, што е најлошо и ќе станат технократски робови, веројатно останувајќи такви до крајот на животот.
Сакате нова изгубена генерација како оние после големите војни?
Војната иако е најдеструктивна и веројатно најбесмислена општествена појава сепак доведува до промени во човечката свест и состојба, подготвеност да се делува, полна е со настани и пресврти и го зголемува адреналинот и на оние во првите редови и на оние зад нив, а што сега им го зголемува адреналинот на тинејџерите? Веројатно кривата на коронавирусот. Јас влагам во еуфорија ако завчера имало 19 случаи а денес 14 и си ја замислувам кривата како опаѓа и влагам во своевиден трип...
Јас сум потполно свесен дека постои некоја состојба која бара внимание, па и сезонски грип бара внимание.
Луѓето мора да продолжат да живеат, затоа што сега не живеат, верувајте ми, иако некои мислат дека го прават тоа.
Ве замолувам да не ми лепите етикети и епитети поради фактот што имам околу 20 години и не ми е гајле за постарите. На сите нас ни е грижа за нив, но ако состојбава е за нив тешка (неможат да си ги соберат семејствата, особено оние најстарите и да уживаат затоа што по дифолт немаат уште многу денови на земјава), за нас е неподнослива.
Ги разбирам можеби оние средовечните од вас што се дел од кајгана и заговараат тотален локдаун затоа што грото од нив се луѓе со фамилии и мали деца кои веројатно сега не се на работа и можат полесно да се справат со своите мали потомци дома влевајќи им страв и држејќи ги под контрола, истовремено не грижејќи се за нивните понекогаш сулуди идеи и барања.
Со продолжување на овие мерки ние ќе го загубиме моторот на нашето општество, зборувам во светски рамки, македонската опшстествена свест и онака не постои во последниве години и тоа го докажавме повеќе пати, но да ме навлегувам во политички прашања.
За крај, сте се запрашале ли зошто целиот светски врв ја турка оваа агенда ?
Не навлегувам во теории на заговор но за оние што ќе го дочитаат целиов текст, нека само си постават прашања, зошто не се прават споредби со САРС и МЕРС кои исчезнаа сами од себе и беа коронавируси, но се прават споредби со грипот, а од друга страна се вели дека ова нема никаква врска со грипот.
Дали исто така сте се запрашале зошто грипот не се пренесува асимптоматски, но овој вирус се пренесува а впрочем е 10, 100 или не знам колку пати поопасен?!? Да не постои тука некаква контрадикција ?
Зошто упорно се турка констатацијата дека Шведска без карантин има двојно повеќе случаи од соседите (тоа го твитна и самиот Трамп) кога Шведска има двојно повеќе население од своите соседи ?
Па зарем не знаете дека бројките се релативна работа, па ако правиме вакби споредби зошто да не се каже дека соседна Бугарија со 3-4 пати повеќе население од нас и речиси исти карантински мерки има помалку случаи ? Едноставно, некогаш, што е и научно потврдено, болестите се шират случајно и со лоша среќа, сакале ние да признаеме или не, што не значи дека нема потреба тие да се менаџираат.
Зошто се забрануваат секакви спротивни мислења за вирусов, како бришењето на 3 интевјуа по ред на Јутјуб каналот Лондон Реал (со речиси 2 милиони претплатници) со Дејвид Ајк? Не велам дека тој е во право, но до крај ќе се борам секој да го искаже своето мислење. Нели барем декларираните либерали од вас треба да се водат од оваа Волтерова мисла? Вчерашниот стрим Јутјуб го избриша за околу 5 минути, зарем толку брзо сфатија дека се прекршени некои нивни правила, или се повеќе живееме во светски неототалитаризам, во кој главни експерти за медицина не се докторите, туку неминовната фигура, која ги знае и бројот на потребните вакцини и начинот и времето кога таа ќе се создаде, а секако и колку ќе чини, Бил Гејтс?
Не заговарам ништо од ова, но барем сите да се запрашаме дали ни е ова барем малку чудно. Ако не ни е, е токму тогаш сме во голем проблем, збоурувам колективно како планета Земја.
Да се вратам на Македонија.
Досега можеме да забележиме смртност на респиратор кај нас од 100%, па така доаѓаме до реален и научно потврден заклучок , на што нели се повикуваат заговорниците на овие мерки, дека ако пациентот стигне до толку лоша состојба да биде поврзан со респиратор, тој реално и за жал, нема речиси никакви шанси да преживее, а оздравуваат само оние полесни случаи на домашно лекување. Зошто ни е тогаш толку важно дали ќе набавиме уште 18 респиратори од Бразил, Индија или не знам, Узбекистан. Зарем организам на 80 годишен човек може да издржи враќање на самостојно дишење после приклучување на респиратор ?!?
Единствено што можеби и треба да се применува во случајов, а што сигурен сум и дека ќе се применува после ова сеење на страв од медиумите е самодистанцирањето после појава на симптоми на настинка, што се вели за секој случај и тоа е се. После заразувањето до почетокот на симптомите најпрвин се известуваше за период од 2-3 дена, та 1 недела и до каде би одело, 3 месеци или дури и повеќе ако е асимптоматски случај ?!?
Небулоза до небулоза.
За крај, ова е навистина време да инвестираме во себеси, и нашиот физички, психолошки, духовен и секаков друг развој, и да живееме затоа што не е важно само да преживееме туку и начинот на кој ќе го направиме тоа, затоа што инаку ќе тргнеме во своевидна Прустовска потрага по загубеното време, ако не сега сигурно во многу блиска иднина.